ЗДИВ, мојот најнов расказ
Вториот фиктивен расказ или кратка новела (појма немам како се дефинираат овие ствари) која произлезе спонтано како идеја од тоа што сум успеал да го сперципирам во последната нецела година, а поврзано со редица настани и случки кои ме опкружија (сакал-несакал), не знам дали случајно или потсвесно-намерно се римува со „жив“. За да знаеш дека си жив, треба да го осеќаш сопствениот здив. Не знам каква дефиниција да дадам. Не знам ни дали ќе им се допадне на другите. Не сум автор. Да знаев што сум немаше да пишувам вакви нешта. Моето второ доенче повторно излегува под Creative Commons By-ShareAlike (mk) лиценца. Жанр: парапсихологија?
Би рекол дека ова е скромен обид да се елаборира мојата идеја за постоењето на животот во секој човек. Не се зборува за птиците и животните, за инсектите и вирусите, се зборува за луѓето. Човекот може да слуша биење на нечие срце постојано, но звукот на дишењето на луѓето што ни значат можеме да го слушаме се додека не заплачеме од радост што тој диши. Треба да се радуваме кога слушаме како луѓето дишат. Само така знаеме дека се живи. Животот секогаш се открива тогаш кога најмалку очекуваме. Сега, во овој момент очекувам тој да се открие со целата негова светлина. Затоа тоа и нема да се случи.
Засега нудам само две варијанти, PDF и ODT верзија на документот. Сакам да објавам и HTML и txt варијанти, но мислам дека главно е битно што засега го имам во PDF верзија.






Честитки!
Хм… зашто секогаш ставаш ODF кога и онака никој не го отвара бидејќи скоро никој не користи OpenOffice во Македонија, тие што сме, сме малку. А всушност ни многу уредувачи на документи не поддржуваат ODF, иако е стандард.
Нема поотворен формат од обичен, плејн-текст формат.
Стојанче не го дрви. Ако никој не користи OpenOffice не значи дека не треба да го промовирам форматот. Патем, не знам дали знаеш но од поновите верзии на MS Office и таму ќе може да се отвораат ODF документи. И тоа шо никој не користи ODF не значи дека не треба јас да пробам да го испромовирам на ваков начин. Знаеш колку малку во Македонија користат слободен софтвер? И шо треба тоа да значи? Да си инсталирам Виста и да уживам. Оти така другите прават.
Small steps. Small steps.