Yahoo ја покажува темната страна на DRM
DRM (+Wikipedia) е технологија или концепт, како сакате, кој корисниците ги принудува да прават нешто контра нивната волја. Еден пример за тоа е некој јаваскрипт кој оневозможува да симнувате слики од даден сајт или да копирате текст од таму објавените содржини (иако тоа лесно се заобиколува). Кога велам „НЕ!“ на DRM .. навистина мислам „не“. Не се за џабе многуте обиди на DefectiveByDesign.org да спречи епидемија која би се проширила низ целата IT сфера. Многумина досега се откажаа од DRM, дури се случи и неговиот погреб (Zuneral, the funeral of DRM).
Досега гледавме како EMI, iTunes Store и редица други компании се откажуваат од DRM и пуштаат редица свои материјали DRM-free. Тоа е светлата страна на борбата против злото во технологијата. Еве една темна страна која не доаѓа од борбата (објавено на Arstechnica), туку од самото зло, директно од него:
Лошиот сон на DRM продолжува. Yahoo им испрати е-пошта на своите корисници од Yahoo! Music Store, во кој им соопштува дека сервисот се затвора засекогаш и дека компанијата ќе ги исклучи своите сервери за DRM лиценци/клучеви на 30ти септември 2008г..[продолжува]…реакцијата на многу музички фанови ќе биде „Yahoo имале онлајн сервис за купување музика?“. (#)
Што би се рекло, чао на материјалите кои ги купиле од Y!MS. Датотеките повеќе нема да може да се пуштаат на компјутерите, затоа што нема DRM сервер кој ќе го одобри тоа. Yahoo за овој проблем препорачува режење на датотеките на CD па потоа рипување на компјутер. Прекрасно
Еве едно потсетување на видеото кое ја објаснува како „долета“ DRM:






Пиратерија - проблем и лек во случајов.
Хмм… од кога во iTMS немало DRM содржина. To be honest, во моментов едниствената содржина која не е со DRM во iTMS се подкастите (и… апликациите за iPhone/iPod Touch?). Можеби збориш за скапите траки кои најверојатно немаат DRM. Но, не само што се скапи, туку не сите можеш да ги најдеш во овој формат. Само господата од EMI го нудат тоа, а не сите артисти се под крилото на EMI. Сепак јас не би дал 1 долар и фазла за една песна. Всушност, воопшто не би дал цел долар за песна, поготово ако е со DRM.
Во друг поглед, зарем само музиката смее да биде слободничка. Што останува за филмовите? Другите видео материјали? Потоа аудио-книгите преку Аudible! DRM2!
А сега како јагода врз шлагот: можеби навистина DBD имал спречено големи DRM епидемии, но не секогаш големите работи те убиваат. Што поголема шкорпија, толку понеопасна, што помала толку поотровна. (Or so does Indiana Jones say…)
Едно единствено нешто што неможе DRM да го спречи, или пробува со SoC (незнам шо значеше, гугл знае), е аналогниот сигнал. За среќа, господ н`е направил да примаме само аналогни сигнали па да не спаси од сатани како DRM.
* http://www.boingboing.net/2007/04/02/itunes-store-will-se.html
* http://www.apple.com/pr/library/2007/04/02itunes.html
Yeah. Како no-drm да е луксуз.
и…
Тоа е веќе друга приказна и тема.