www.linux.net.mk блесна
По многуте ветувања од минатите гарнитури, конечно нешто во духот на реализацијата, благодарение на Игор (Дамјан?) имаме прекрасен GNU/Linux портал на македонски јазик, кој изгледа прекрасно, функционира беспрекорно и на кој може да се работи непопречено. Досега бев скептик за Друпал, си викав дека тоа е уште еден CMS како и Joomla. Но денес сакајќи да објавам неколку вести, видов која е моќта на овој софтвер и зошто Стама постојано го форсира и преферира и пропагира
Друпал ќе биде навремено ажуриран со нови верзии. бтњ има и WYSIWYG уредувач, ќе ме спаси од куцање еднолични тагови.
Ми се допаѓа како изгледа порталот и како изгледа и функционира админ делот од порталот. Сега остануваат да се досредат некои ситници, Стојанче да го нацрта логото (ми вети!) и некој да напише некоја темичка. Дотогаш линкајте кај ќе стигнете, затоа што www.linux.net.mk is alive and kicking! ![]()





