Tritium, pwnz
Tritium е менаџер за прозорци, напишан во Python и прилично возбудлив. Откако Ion3 станал неслободен со дел од лиценците под кои што се дистрибуираат делови од кодот, Mako и Stew, авторите на Tritium се обиделе да напишат wm од нула во Python. Според тоа шо го гледам, Tritium навистина личи на Ion3 се разбира има помалку функционалности затоа што е млад софтвер. Но брка работа за сѐ шо ми треба
Досегашната борба со Xmonad заврши неуспешно. Конфигурирав се како шо треба, единствено ме јадеше некој вид на пропуст, бубачка или што знам што, која ја имаат пријавено само еднаш тука. Нешто ми го крадеше фокусот. Ако, мал контакт со Haskell
KDE 3.5.x функционираше прекрасно. Фала на сите за се што направија/вте во периодот додека ја користев според мене најмоќната работна околина што постои. KDE 4.x ја сметам за инфериорна, пластична и детинеста средина која никогаш, веројатно навистина никогаш, нема да ја користам ![]()
Објавено на денешен ден:
- Lenovo со SUSE - 2007






-> KDE 3.5.x функционираше прекрасно. Фала на сите за се што направија/вте во периодот додека ја користев според мене најмоќната работна околина што постои.
KDE 3.5.X уште функционира прекрасно и ќе има уште едно 3.5.10.
-> KDE 4.x ја сметам за инфериорна, пластична и детинеста средина која никогаш, веројатно навистина никогаш, нема да ја користам
Хахахх не збори предвреме а и треба едноставно да дадеш време на нешто што ќе биде прекрасно. И ако ти е пластична имаш на пример Polyester тема за кде4 па стави си ја и нема да ти е пластично. Ако ти само поради изгледот коментираш тогаш јас нема што повеќе да коментирам.
Пис аут.
Да, уште функционира прекрасно, но повеќе асоцирав на тоа дека не користам веќе KDE
за KDE4: Не коментирам само за изгледот, пластична мислев на кршлива и млада. Можеби ќе користам некогаш KDE 4.x ако има потреба нормално