Too Facebook, Лугола и OLPC во Битола
(1) Последниот пост на Новица ме потсети да објавам нешто. Работам на еден текст кој треба да ја открие нашата позиција кога станува збор за компјутерска приватност. Фејсбук, Гугл/Г-Мејл, Мајспејс, Ласт.фм итн. Прво почнав да го пишам како блогпост, но отпосле се испостави дека текстот е предолг за да биде објавен како обичен пост. Се разбира, ќе го објавам на блог, но засега ми фалат информации од неколку полиња за што сакам да зборувам со професионалци. Значи потребен ми е Телекомуникациски инжињер или како и да се викаат стручњаците што завршуваат факултет за комуникации. И евентуално некој правник
(2) Следно. „Мали“ измени на сајтот на Лугола. Променет темплејт, сменети врски, ажурирани содржини. На што се должи сето тоа? На реорганизацијата на Лугола која намеравам да ја предложам пред преостанатите активни членови на групата. Лугола 2.0 - или Лугола Онлајн. Збир на ресурси на заедницата, почнувајќи од официјалниот сајт на Лугола, Вики за слободен софтвер, па се до GNU/Linux порталот. Овие три ресурси се основа за знаењето на секој корисник на слободен софтвер од нашата земја. Предлог за првата страна на Лугола засега стои на www.lugola.net/2index.html. Коментари и критики.
(3) OLPC настанот, ако се одржи како што луѓето ни ветија (според одговорот на поканите) би требало да има над 50 гости на настанот. Само од едно основно школо се најавија над 20 ученици. Сето тоа би значело прекрасно завршување на 2007г., иако помалку активни од минатите години, кога нешто ќе ги сецне плановите на животот, останува само едно, да му возвратиме со контра напад и да го победиме! Затоа, се надевам дека после Нова година, ќе започне година во која ќе ме поканите на барем 3 свадби и 2 крштевки. Се гледаме утре, во Техничко!
Објавено на денешен ден:
- Errare Humanum est - 2006
- KOffice доделува награда - 2005
- Инсталација на Слеквер Линукс за почетници - 2005





