Summer’s almost gone…
Летото привршува и некако ме фаќа депресија од сето тоа, ама ќе помини. Што се ме очекува…треба да фатам услов за 3та, треба да се заложам да се одбележи денот на слободен софтвер во Битола (21 Септември) и оваа година, да се средат маичките кои уште ги печатиме, оваа недела сите треба да добијат маички и ништо повеќе, ако овие работи ги средам преминувам кон активирање на еден нов проект (софтверски) за кој нема ништо да кажувам. Деновиве ќе го објавам и упатството за Qt II дел. А да, стигнаа парите во СК, не знаев дека во Македонија од Битола до Скопје парите се носат со Брод, преку Драгор, Црна, Охридско езеро, Црни дрим, Јадранско Море па се до најладните извори на Вардар, сето тоа би значело ако пратиш пари во Скопје во Среда, ќе стигнат следниот понеделник, 180 км. Да беа за спасување на живот, досега и парастос ќе направевме. Фала „Македонски Пошти“ нема како вас, уникатни сте!
Објавено на денешен ден:
- Духовите на Натали Портман - 2007
- Фото репортажа, Закинтос 2007 - 2007
- SFD2007, подготовки - 2007
- Gaim и SSL поддршка - 2006
- Еве што викаат експертите - 2005





