SFD2007, подготовки
Денес стигнаа маичките од SFD2007. Стигнаа 5 маички заради тоа што од Македонија имало 4 тима. Има 3 тима и плус еден пункт кои прилепчани лакомо си го регистрираа како тим за да зграбаат маички. Ова го повторувам по 100ти пат, и ќе го повторам уште 200 пати, за да знаете дека македончето кога ќе се вмеша и во заедницата на слободен софтвер, прави гужва и штета, граба и прикрадува! Затоа сега ние имаме 3 машки и 2 женски маички. Барем да беа 5 женски…сепак, спизден сум не заради маичките, знаете, до постапката е. Поради истата причина за нас нема балончиња и стикери и што знам што…два збора: фак ју!
Како и да е, покрај простиот балкански менталитет, продолжуваме со програмата. Утре треба да се собери Лугола, групен пост-летен состанок. Имам некои предлози за SFD2007 во Битола, но со оглед на тоа што веројатно ќе патувам за Пула, ако се оди воопшто, ќе има веројатно мало поместување на прославата или нешто слично. Што да правиме, и онака ДСС на Битола е 21 септември :/ (предлози се добредојдени). За 15ти треба да има нови памфлети, нели, „Вистинскиот потег“ кои ми се при крај со дизајнот и содржината, треба да има многу Федора дискови благодарение првенствено на Арангел и Јове кои даваат се од себе да го доработат тоа што го започнаа и координираат, како и на целата заедница која е вклучена во процесот за прослава на SFD2007. Во идеја сум да добиеме мала помош од Космоте (плоштад-Магнолија), ако успееме да повлечеме струја и некоја импровизација на озвучење+би било екстра да најдеме спонзорство-проектор за цел ден вклучително и вечерта (да се емитуваат филмови итн.) Детали за настанот треба да има деновиве на сајтот на Лугола, сите од Битола кои сакаат да бидат во тек со работите, еве нека повелат утре (Четврток) во 20.00ч. во кафуле Дип (строг центар) на координирачки состанок. 3те маички (машките) ќе ги добијат најактивните во подготовките, а 2те женски, нивните девојки
Ако немате девојка, еве повод да фатите.
Работите се враќаат во нормала, мислам дека одморите и официјално се завршени. Повик до сите хакери од Битола да помогнат да прославиме за овој ден.
Објавено на денешен ден:
- Духовите на Натали Портман - 2007
- Фото репортажа, Закинтос 2007 - 2007
- Gaim и SSL поддршка - 2006
- Еве што викаат експертите - 2005
- Summer's almost gone... - 2005







Олади, не си само ти заедницата.
Зашто мислиш дека украле од тебе, маиците се исто толку нивни колку и твои.
Фак, непотребно електризирање.
Александар немаш поим колку ми е жал што твојов пост, а понекогаш и целиот блог е баш пример за пад, како што и кажува првиот дел од самиот негов наслов.
Не би се замарала да ти пишувам коментари, кои дури и не верувам дека некој ќе ги види, но немаш поим колку ми нервираат вакви испади како твојов. Обвинуваш некого за лакомост со таква жестина очигледно предизвикана од истата таа незадоволена лакомост и засилена со јака доза на завист.
Кога веќе зборуваш за ЗАЕДНИЦАТА (штета ова не успеавме слободно да го дефинираме на викито) на слободен софтвер во која е вмешано македончето, не знам како тоа те иззема тебе? Штета и за голема жал што кај многумина од нас во национална карактеристика влегуваат баш ваквите моменти, а треба да е обратно.
Или можеби сакаш да кажеш дека ти не си Македонец, што би ми било мило зашто јас се сметам за Македонка и не би сакала да се ставам во иста категорија со некој што прави вакви испади.
п.с. Кога ќе се сетам дека на листата имаше еден долг муабет да не се спомнувало тоа дека е слободниот софтвер бесплатен. Дури сега сфатив кои биле мотивите на некои. Треба да е бесплатен само за „заедницата“ (онаа која влегува во дефиницијата на Балаловски).
Ова е уствари нешто од онаа Прилеп-Битола релацијата а??
Глиша: не се мои маичките, тие се сечии, само ме нервира лакомоста, и не прави нелогични констатации за кои потоа ќе кажеш „аха ок ко така…“ како што си правел другпат
Дамјан: Да, следно е „Земјотрес за Прилеп…“ или нешто така
Би: Те сожалувам душо што не ти поминала лутината за тоа што во неколку наврати ти го спуштив така добро што сеуште мафташ од долината на сенките..и да, не сум јас Македонец, јас сум Флојдиец и ти ќе бидеш анулирана со твојата македонштина и 16-крако знаме и лавови.