Python кодче за конверзија на mp3 во ogg
Еве прост код кој ќе помине низ директориумот даден како втор аргумент (pateka, при што # python converter.py pateka) и таму каде што ќе најде mp3 датотека преку надворешен процес (sox) ќе ја претвори во ogg. Ако најде директориум ќе го додаде во листата на директориуми (кои најпрво се pop()-уваат за да се добие целата патека). Кодот може да се замени со една линија bash
ама поинтересно за мене.
Кодот го ставам во датотека пошто неам инсталирано некој ташак за Wordpress за парсирање на код, па се губи вовлекувањето (indentation).
Внимание: Не сум одговорен ако си го изгорите процесорот или ви се деси некое слично срање. Sox функционира супер, не гризи многу перформанси (иако процесорот работи на 100%
), но може да се случи сешто ако го оставите да работи и ако одите да пиете пиво цела вечер. Воедно и мој прв GPLv3 код.
Патем, еве едно мало копче:







Конвертирање од еден загубителен формат (MP3) во друг загубителен формат е огромен пораз на квалитетот на звук.
Штоако Ogg Vorbis дава подобар квалитет од MP3, кога всушност и не го дава ако претвараш од MP3.
За најдобар квалитет од MP3 да се добие во слободен формат е да се претвори MP3то во FLAC.
Гемиџи, мислам дека треба да притискаш луѓето да го користат Ogg при создавањето на нови содржини отколку да го користат за реенкодирање на веќе постоечките содржини.
Каков пораз на квалитетот бе? Ти студио имаш дома? Озвучување од 2000 евра? Или супер слух? Врска нема.
Знам дека се губи на квалитет, ама не е тоа поентата, пошто и вака и така ги слушам датотеките што ги сакам.