Пироман со дозвола
Почнува да станува стварност. Не смеете да излезете од дома и да одите во планина без да кажете на надлежните каде одите, зошто, и како. Покрај тоа што барањето за дозвола за шетање и престој во шума е упад во приватноста на граѓаните, претставува сталинистички метод за заплашување на рајата занемарувајќи ја неспособноста на истите тие (Државата) да го решат проблемот поинаку. Замислете да не читам весници, немам Интернет и не гледам Телевизија. Не знам за законот. Одам во шума и ме крштеваат 2000 евра. Зошто? Затоа што сум сакал да одам да рекреирам на најубавата планина во Македонија, Баба, да имам здраво тело и да придонесувам за општествениот развој на оваа мизерија од држава. Или кога ќе ми дојдат гости од Канада или Таџикистан, ќе мора да им објаснам во каква развиена земја живееме и дека мора да барам дозвола од државата кон која плаќам придонеси, даноци, сметки итн. редовно. Дури користам и патриотски фискални сметки.
Сценариото е ова. Контрола врз луѓето кои се движат во планина, со цел полесно наоѓање на евентуалните пиромани кои би отишле во планина и потпалиле пожар. Ако избие пожар на Баба, надлежните ќе проверат кој сѐ критичниот ден бил на планината (според дозволите) и автоматски ќе знае меѓу кои да го бара виновникот. Затоа што во 80-илјаден град сигурно има 1% луѓе со психички проблеми од кои 20% се пиромани (што би се рекло 0.2% пиромани од вкупниот број жители), многу попаметно е да се направи дозволата за престој во шума да се добива со долгорочна постапка, тестови за психичката стабилност, IQ, способност да расудува итн. Третман за лицата со психички проблеми –НИКАКО! Само казни! Постапката би завршила во рок од 1 месец најкасно, со тоа што пред министерствата за земјоделие и шумарство повторно ќе се редат колони граѓани, што ме потсеќа само на едно нешто. Во свет во кој се бориме за безвизен режим, во таа толку посакувана Европа без граници, дали има нешто подегенско од поставување на ограничувања и потреба од вадење еден вид Виза за патување и престој на територијата на сопствената држава?
Само затоа што во земјата каде што живеам има убијци, силувачи и тепачи, можеби државата ќе најде решение во поставување на „пунктови“ пред домовите на секој граѓанин. Кога ќе излегуваме да потпишуваме каде одиме и што ќе правиме, со кој ќе седиме и зошто. Така многу полесно ќе се стави контрола врз убиствата и државата паразитски ќе знае кој човек со кого бил со што ќе се добие појасна слика за потенцијалните насилници во земјава.
Факт е дека и со и без дозвола ако сакам ќе ја запалам цела планина и уште три други. Целата оваа процедура е да се стави лек на работата. Така прават секогаш, лечат наместо да спречат.
Следен чекор би било и врзување со синџирче. Ав, ав!






Ситуација…. прекрасен ден надвор, ти одлучуваш да се прошеташ на Баба… ја земаш женската со тебе одиш во МВР, уредно се пријавуваш и заминваш… Си се шетате едно 2-3 саати и… одеднаш гледаш нешто чади… брзо си заминувате ама ве начекува Шумска полиција Ве апси ВЕДНАШ. Ве носи во полициска станица и таму испаѓа дека Вие двајцата сте единствени пријавени за „шетање“ по планина… а некој умоболен пироман „НЕПРИЈАВЕН“ ја потпалил планината…
„Замислете да не читам весници, немам Интернет и не гледам Телевизија. Не знам за законот.“
- нема што да замислуваме, ако не знаеш за законот не значи дека си амнестиран.
инаку, за другото се сложувам.

Само минатото лето во пожари изгореа 35 илјади хектари шума и се причини штета од 32 милиони евра. Еден од пожарите кој го зафати Националниот парк „Галичица“, дојде на 2 км од мојата куќа. Во тој момент, да излезеше пред мене пироманот, ќе го задавев без размислување затоа што го загрози моето семејство и мојот имот.
Завчера во Мариово изби нов пожар, кој веќе зафати над 70 хектари шума. Да е опасноста поголема, во тој предел беше линијата на фронтот во Балканските војни, па кога има пожари, често експлодираат мини, гранати и бомби од тоа време. Многу лесно може да се случи да настрада некој пожарикар или шумар.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95125
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95091
Точно дека мерката за контрола кој влегува во шумите на лето е непопуларна и тоталитаристичка, и точно дека треба да се најде подобра. Но, во недостаток на имагинација или иницијатива да се имплементираат готови решенија, подобро е да се воведе оваа контрола, отколку да се остават шумите без никаква грижа, како што беше досега.
Goodbytes: “Any society that would give up a little liberty to gain a little security will deserve neither and lose both.” - Бенџамин Френклин
“Точно дека мерката за контрола кој влегува во шумите на лето е непопуларна и тоталитаристичка, и точно дека треба да се најде подобра.”
Јас се согласувам со текстот дека оваа мерка не е добра. Но го надополнувам со моето мислење дека, ако треба да бирам меѓу индиферентност или обид да се реши проблемот, тогаш сум за второто, без обзир на недостатоците.
Не се откажувам од слобода затоа што не го посакувам и поддржувам таквото решение. Од друга страна, факторот „безбедност“ го почувствував лани, кога едвај дишевме цела ноќ, не заспавме никој и само чекавме ако треба да грабнеме она што е неопходно и да одиме подалеку од пожарите. Тоа ми дава „право“ да не ми е гајле дали на некого привремено ќе му се „одземат“ слободите.
Пази GoodBytes, истото може да се случи и оваа година. Со тоа го оправдуваш сето тоа за кое јас сум против.