Мизар во Битола
Битола нема публика за Мизар. Значи да разјасниме. Има 100 души кои може да ги слушаат, од нив 40 ги имаат повеќето албуми, а веќе 10 од нив се тешки фанови на Мизар. Кога ќе се сумира има 50 души кои би биле на концерт и би се изжуркале. Вчера Мизар беа во Битола и мене, како слаб љубител на нивната музика со многу малку преслушан материјал, ме разочараа.
Пееше Горан Таневски, иако јас го очекував Трајковски (Анастасија), што не е дел од разочарувањето, иако според мене Трајковски има каде каде подобри гласовни способности од Таневски. Ај пееше фалш, нема врска, Мизар си е бренд веќе, нема потреба од таква проценка, но дел од песните ги упропасти со глупирање на сцената. Тимот зад него (музиката) беше Ок, ништо посебно, најмногу ми се допадна гитарата. Озвучувањето беше релативно добро. Атмосферата на „концертот“ беше за никаде. За никаде. На крајот, завршија и како што сите очекуваа (барем тие што разбираат нешто повеќе) немаше бис.
Мило ми е што Влатко како љубител на Мизар (ГоЛеМ љубител!) вчера беше во Битола и ги гледаше.
Објавено на денешен ден:
- Коза - 2006






Горан Таневски е оргиналниот вокал на Мизар, Горан Трајковски е само повремен член во историјата на Мизар.
Да, затоа стои Горан Трајковски (Анастасија)
Штета, јас не бев… бев Кавадрци на свадба… и супер си поминавме.. барем наредниот ден кога се собравме со другарите и другарките
Ама понекогаш мислам дека местото на легендите како што е Мизар е во исклучиво во легендите, оти денес ми звучат како воскреснати мртовци.
Ама баш сакав да ги видам пак
Нивната музика е супер за времето кога ја твореле, а денес таа е легенда од музика, барем за мене.
Несакам таа легенда да ми ја руши лош настап на група која се нарекува Мизар, ги пее нивните песни, но не ја носи целата тежина на Мизар