Манифест
Јас сум сега. Не постојам утре, не знам дали бев вчера. Јас сум тука и има многу добра причина за да постојам. Многу добра причина зошто моментално го читаш ова. Не ме интересира од кој прелистувач си го отворил овој сајт, или со кој оперативен систем си го ебаваш умот да го средиш да функционира. Не ме интересира дали користиш слободен или неслободен софтвер. Не сакам да бидам другар со тебе. Не сакам да ти бидам дечко, пријател или психолог. Затоа што јас сум сега. Утре можеби ќе ме нема. Знам дека сум попаметен од тебе. Ти си како другите. Дел од мнозинството што мисли дека малцината не се во право. Но таквите како тебе ги анулирам само со еден поглед. Знам дека можам и знам дека знам. Можам да создадам, знам да направам. Постои само едно нешто што не знам да го направам. Постои само една мала работа која не сакам да ја направам. Да уништувам. Јас создавам. Ти уништува. И кога би правел атомски бомби, ти би ги користел затоа што јас сум ги создал, а ти со нив ќе сакаш да разрушуваш. Јас истражувам. Барам и наоѓам. Потоа ти тоа го користиш и мислиш дека си направил нешто корисно и продуктивно. Но тоа сум јас. Ти го имаш тоа затоа што јас сум бил претходно таму и сум го измислил.
Јас користам компјутер. Мојот компјутер е дел од моето тело. Не одам никаде без него, не правам ништо без него. Тоа е мојата лева рака, а мојата лева рака е мојата трета рака. Со мојот компјутер можам да те уништам. Можам да ти ја избришам меморијата и повторно да ја создадам со само едно замавнување врз тастатурата. Твоите предрасуди мене нема да ме засегнат. Тие ќе направат само уште едно уништување, како што само ти знаеш да направиш. Но овојпат ќе бидеш сведок на твоето распаѓање.
Јас сум паметен, интелигентен и бистар. Знам дека тоа што јас го знам сакам да го споделам со сите кои се спремни да станат свои. Моето знаење е твојата моќ. Ако не го прифатиш, ќе бидеш дел од толпата со превез на очите, ако го прифатиш ќе мораш да го продлабочиш и прошириш на други хоризонти. Знаењето го прави човекот. Секој бит на знаење го прави човекот. Секој слободен бит, го прави светот поголема причина за живеење, секоја цензура го прави светот поголема причина за создавање на негов дупликат, ослободен од предрасудите кои таквите како тебе ги создале. Таквите како тебе. Им судам ним и ги наоѓам за виновни, затоа што тие ми суделе мене и ме осудиле за виновен кога ја кажував вистината во очи, за дури сега да ја прифатат. Но јас ти судам според тоа што има во тебе, а вие судевте според тоа што имаше на мене. Сум љубопитен, мудар, се прашувам за животот. Ја хакирам реалноста. Можам да те направам сиромав, богат, среќен или несреќен. Самиот треба да се доближиш до мене. Нема да ти подадам рака ако прво ти не ме фатиш за рамено.
Јас сум таму каде што се создаваат информациите.
Јас сум таму, каде што вртат електроните, во неговите орбити,
јас сум таму каде што има податоци креирани од бити,
светот ќе постои се додека постојат тие како мене,
ако пробаш да ме спречиш, другите како мене ќе те стигнат,
ако пробаш да дојдеш, ќе бидеш добредојден.






Си знаел дека нешто околу 1.3% или по(малку)веќе од гените ги делиме со цвеќето Нарцис?
Јас ги делам, ти не.
Требало да забранам коментари на оваа содржина