LSD - Linux Seems Dominion
Додека сите се прашуваме како стоиме со светскиот серверски статус, т.е. кој доминира и што повеќе е користено, еден аспект кој сите го очекувавме како официјален проект на некоја голема коорпорација или фондација се пробива толку брзо што речиси и да нема ден да не се случи нешто. Пример, моите омилени портали доколку во рок од 10 минути не објават нова вест, веќе ми стануваат досадни. Тоа покажува дека секогаш има ново, ново и ново нешто во светот на слободниот софтвер. Споменатиот аспект од гранката на слободниот софтвер е Desktop Linux - GNU/Linux за крајните корисници.
Читајќи го синопсисот на GNU/Linux имав дежаву дека пак го читам истото, можеби го читав минатата година или пред тоа, но во секој случај беше добредојдено потсетување што впрочем во IT светот се случуваше последниве години, а од страната на слободниот софтвер или конкретно Linux. Добив претстава дека сето тоа што се случувало било неверојатно добро искуство за секој кој живеел низ тој период. Јас користам GNU/Linux веќе 6та година, а веќе 4та немам Windows. Тоа кажува дека јас не живеев во времето на ренесансата на слободниот софтвер во светот. Но живеам во времето на ренесансата на слободниот софтвер во Македонија, покажувајќи и докажувајќи по милионити пат дека тоа што јас го користам од секоја гледна точка е подобро него глобализациските решенија, условени со монопол.
GNU/Linux се развива претерано брзо. Ако земеме во предвид дека зад ова движење нема тешка пара како кај другите гигантски компании (MS, Apple), тогаш тоа што се има случено во текот на последните 15 години е навистина нешто. И ако земеме во предвид дека само 60% од целокупната Desktop слика на GNU/Linux се случи само во последниве 4-5 години, тогаш се враќаме пак на констатацијата дека GNU/Linux се развива претерано брзо.
Излезе Kubuntu/Ubuntu Dapper Drake 6.06, за кој сите пишуваат од убаво поубаво, излезе SuSE 10.1 исто така прекрасни прегледи по светските портали. Google го портира својот софтвер и за Linux платформи, Dell гледа интереси во своите индустриски стандарди кон GNU/Linux, се спрема KDE 4.0, па ако го спомнам и XGL ќе морам да завршам. Така е, крај.
2006 - година на GNU/Linux Desktop - линукс за сите!






[...] десктоп решение. Најинтересно е што секоја година велиме дека ќе биде година на GNU/Linux десктопот, но тоа се [...]