KOffice доделува награда
Впрочем тоа се средства дадени од Анонимен донатор, 1000$ кој очигледно ја сакал функционалноста на KOffice (во последно време се повеќе и јас го користам поради брзината), но не го сакал изгледот. Затоа, како предизвик пред дизајнерите или општо корисниците на KOffice стои можноста за заработка на тие 1000$ за „мажот“ кој ќе даде најдобра идеја за идната верзија (2.0) на KOffice која треба да излезе заедно со KDE 4. Бујрум!





