Каде живеам?
Или како што би рекол Војо Стојановски, „…има уште три четири дела за да биде нешто помалку од цела…“ (параф.)
- Живеам во земја која во меѓународните институции е призната под името FYROM. Самите жители ја нарекуваат Македонија. Вклучувајќи се и себе си во нив.
- Живеам во земја без грб (подзаглавје: грб од едно друго време).
- Живеам во земја која го менува знамето кога некој ќе побара
- Живеам во земја која е агресор и учествува во агресорски мисии во Авганистан и Ирак
- Живеам во земја во која единствено се цени кој на повисока функција се наоѓа
- Живеам во земја каде просечната плата е 8000 15.728 денари (130 255 евра)
- Живеам во земја каде луѓето мислат дека ако ги следат револуционерните и анархистички идеи на историјата во 21-от век, се поголеми патриоти
- Живеам во земја полна со необразовани националисти, неонацисти и антипацифисти
- …кои ги тепаат и малтретираат луѓето од сопствената „нација“ и „раса“
- Живеам во земја иста како и другите земји кои прифаќаат постоење на нација и раса
- Живеам во земја која потсвесно ми налага „купување“ на бугарски пасош за да можам да патувам низ светот, затоа што…
- …живеам во земја на чии жители не им е дозволено да патуваат слободно низ светот, кои пак…
- …живеат во земја која им го ограничува движењето во неа самата. Ако сакате да одите кај роднините во под-пелистерието мора да побарате дозвола од авто(талитарците)ритетите.
- Живеам во земја во која директорите, судиите, претседателите, функционерите, тендерите и курташаците се добиваат не според квалитетите туку според роднинската, пријателската или сексуалната поврзаност помеѓу ентитетите.
- Живеам во земја во која луѓето се замараат со егзодуси и имоти случени/одземени пред речиси цел век. Во земја која не ја гледа утрешнината. Туку само историјата.
- Живеам во земја која велича терористи. Која во системот има имплантирано поранешни убици и која убиците и насилниците ги пречекува со слатко и викотници по аеродромите.
- Живеам во земја која живее до земја која живее до земја која живее до земја –сите преполни со национал-шовинистички идеи и омраза.
“Fuck Off Greece”, „Свесте те се македонци, СРБИТЕ ве НиШТАт“, „Мети на границата, за да поминеш преку неа“, „Граница!“. Не сакам да признаам дека живеам во неа.






Чашата е допола полна. Истовремено, живееш во една од најубавите земји, гледано по многу нешта. Не чини за тебе толку да си го црниш погледот на светот. Ако толку веќе не можеш да се помириш со реалноста во Македонија, замини од тука засекогаш и опушти се таму каде што ќе одиш.
Македонија е таква каква што сме ја направиле. Никогаш не била различна од ова што е денес, само што порано не сме биле толку експонирани. Недостатокот на интелектуалци што активно делуваат, остава простор за да фигурираат „најпаметните“. Сè има логичен прогрес, па таков ќе има и Македонија. Она што ние денес го сркаме, старите држави одамна го голтнале, па затоа и се во состојба да ги диктираат правилата.
Јас предлагам свесните луѓе повеќе да се занимаваат со личниот круг на пријатели, истиот да го прошират и да ги пренесат сопствените принципи и верувања на што е можно поголема маса. Сите сме почнале од најдолу и баш затоа не треба никому да му судиме. Ако можеме да помогнеме, тоа и треба да го направиме. А грешки постојано се прават, само важно е од нив нешто да се научи за да не се повторат.
14-15 илјади е републички просек
14-15 илјади… !? Ова сам да не го пресмета!? Ова што го рече Гоце „Јас предлагам свесните луѓе повеќе да се занимаваат со личниот круг на пријатели, истиот да го прошират и да ги пренесат сопствените принципи и верувања на што е можно поголема маса. Сите сме почнале од најдолу и баш затоа не треба никому да му судиме. Ако можеме да помогнеме, тоа и треба да го направиме. А грешки постојано се прават, само важно е од нив нешто да се научи за да не се повторат“ е одлично смислено… ама е реалност во Данска или Шведска… Ти Гемиџија да си јадиш ушите шо од сабајле ме потсети кај живеам… И да…GoodBytes ќе заминам и тоа што побрзо… криво ми е шо останав олку долго овде…
Јас се трудам да ја направам оваа земја поубава, зошто да не? Не фрлам ѓубре на улица, делам и промовирам слободен софтвер, серам и делувам против авторитетите кои ја прават државата полоша. Знам дека Охрид е прекрасен и Пелистер е редок бисер балкански
И дека Бигорски е ова и она, дека во Македонија има прекрасни работи да се видат. Јас не велам дека Македонија е лоша земја! Воопшто. Велам дека поредокот ја прави социјалната состојба катастрофална. Дали ќе си заминам? Веројатно не, затоа што Битола за скоро ќе стане република и ќе цути животот
just kiddin, не знам дали ќе си заминам или не, меѓутоа и таму каде што ќе одам (ако одам) ќе го правам истото 
-> Живееш во држава каде не сакаш/не можеш да ја прифатиш реалноста.
Балал за повеќето од точките навлегуваш многу филозофски (што е добро до некаде). Но таа точка со историјата ме погоди
„Живеам во земја во која луѓето се замараат со егзодуси и имоти случени/одземени пред речиси цел век. Во земја која не ја гледа утрешнината. Туку само историјата.“
Зошто блогот си го крстил Гемиџи
јас како што знам тое е име е поврзано со историјата и со твојот дедо нели? Прост пример ти нагласувам.
Историјата е најбитниот фактор за иднината. А кога некој ќе рече историјата не е битна/важна тогаш тој не знае што зборува или пак не знае што е тоа историја-иднина. Ти ако не си роден - нема сега да живееш (историја - иднина).
Немаш почит кон некои луѓе кои биле убивани, тепани, протерувани од нивното родно земјиште. Ние не можеме да го знаеме чуството како е на 12 години некој тебе и целата фамилија да те гони и сака да те убие и бегаш у партали. За ова не ми е јасно како можеше да го спомнеш егзодусот и имотите многу ми е чудно. А сигурно викаш браво што Караџич е во Хаг а никој не оди/го бараат во Хаг што убил над 40. 000 македонци а???
И дај малку биди оптимист
или пак мисли дека работите ќе кренат на арно а не се гледаш црно
Пис аут.
Ја давам предлог плоштадот во Скопје да се премести во тунели под земја а горе нека накрцаат цркви и џамии. Така Македонија ќе биде единствена во светот уште по една работа. Ќе нема плоштад, а на негово место крстови и месечини.
15,728 денари
Благодарам Гоце
Е ова веќе ти се вика прецизност…
Па се чудам зошто сите земале да купуваат црвени маици со ликот на Че Гевара…
Живее Гемиџи во земја во која голем број луѓе се пички у душа, а својот пичкарски карактер и неспособноста да се соочат со реалноста околу себе ги кријат со наводно космополитство, алтруизам, човекољупство, вртење образ…
Живее Гемиџи во земја во која одреден број на луѓе поради својата неспособност да кажат „доста е“ и да повлечат линија, постојано го наведнуваат грбот на секој и за сешто… доволно е тој само да има туѓ пасош.
…а во пакет со тоа живее Гемиџи во држава во кои истите тие луѓе, поради својот пичкарски карактер сметаат дека историјата на ништо не не учи и како таква е бесполезна.
…а таа државата во која живее Гемиџи е преполна со квази интелектуалци, кои само затоа што научиле да сврзат две реченици, сметаат дека имаат нешто многу битно да кажат.
…полна е таа држава кај што живее Гемиџи со луѓе кои упорно го критикуваат секој македонски закон и раскажуваат за европската демократија, за човековите права и слободи, за легализација на лесни дроги и проституција, а никогаш не ја напуштиле државата.
…полна е на Гемиџи државата со слепци кои упорно мижат на лицемерието на Европската курва и секојдневните примери на двојни аршини што ги применува.
…полна е државата на Гемиџи со раја која е спремна да прифати и колективно букаке од сите земји членки само за да влезе во една илузија пред распад.
…таа држава на Гемиџи, е таа… таа е преполна со кратковида раја која упорно тврди „мене грците ништо ми немаат згрешено и јас ќе одам на одмор таму се додека со мене не се рчкаат“. Раја која малку цех плати, па решила илјадници денари да троши, да ја одлепи ознаката од автомобилот и кога ќе ги прашаат од каде си - да каже „од Скопје“.
…и на крајот - живее Гемиџи во земја во која луѓето како да не сваќаат дека ДОКОЛКУ САМИТЕ НЕ СЕ ЦЕНАТ - НИКОЈ НЕМА ДА ГИ ЦЕНИ!
Zlochko се извинувам што дури сега го објавувам твојот коментар, не видов дека си коментирал, се надевам се е ок сега
Во врска со коментарот: не можам, а да не ја забележам тенденцијата да ме споредиш со сето тоа што го кажа, што ми кажува само едно нешто. Дека живеам во земја на прости луѓе кои секое серење ја сметаат за достигнување во животот. Можеби за тебе тоа е целта во животот, да тропаш глупости наместо аргументи сакајќи да кажеш колку ја сакаш земјата твоја Божја која дури 32 пати се споменува во Библијата.
Можеби и јас сум таков, сероња, меѓутоа ти сигурно си оној за кој зборуваш во твојот коментар, а уште повеќе јас во мојот пост. Да, простотилокот не се лечи, го имаш од мал. Жал ми е.
се пишува „сфати“. Ако ти не си го знаеш јазикот никој нема да ти го знае. Каков Македонец си?