Firefox 3 RC1
Пробав целосно да мигрирам на Firefox 3.0 beta5 пред месец дена. Не можев, ми требаше долго да ја откачам стабилноста на Firefox 2*. Конечно неодамна го сторив тоа. Сега користам исклучиво Firefox 3.0 RC1, во очекување на официјалната верзија. Што да кажам, многу ми се допаѓа, брз и стабилен. Јади меморија пак, не како двојката, но во споредба со други прелистувачи, јади.
Засега впечатоци…изгледа многу поубаво, адресбарот има добра замисла иако делува грдо и блоатирано, на неколку пати се испостави дека не ми ја памети историјата, не знам зошто, сега се е ок, менаџерот за симнување е супер, сега можам да направам Resume на застанато симнување. Мора да се земе во предвид брзината на парсирање на Gecko во оваа верзија, се осеќа разлика и тоа каква, особено кај Javascript тешките сајтови. Adblock е стандарден дел од Firefox 3, новиот систем за обележување, тагирање и сл. е прекрасен, и речиси кул се паметните обележувачи (Smart bookmarks) кои си додаваат врски до сајтови во однос на Вашите пребарувања, тагирања и воопшто активности со Firefox.
Патем, многу добар плагин кој вчера случајно го открив е Stealther, корисен за pr0n сајтови!!
И во активните обележувачи (Live bookmarks) често пати како прв елемент се појавува „Обележувачот не може да се вчита“ или така нешто. Се разбира, неуморниот тим за локализација на Firefox го доведе македонскиот превод на оваа верзија на 100% ниво преведеност, hoorey!
Објавено на денешен ден:
- Ме снема - 2008





