CC тест
Храмот на Артемида кој што се наоѓа крај Ефес во Турција од кој денес може да се види само еден столб, го запалиле Готите во 262 год. од н.е. додека Висечките градини во Вавилон изградени од кралот Набукодоносор околу 600 год. п.н.е. со висина поголема од 110 м., денеска се само руини. Бронзената статуа, Колосот од Родос, висока околу 45 м. подигната на истоимениот остров а посветена на Хелиос - богот на Сонцето, ја урнал земјотрес во 224 год. п.н.е. Од Мавзолејот во Халикарнас (денешен Бодрум, Турција) датиран во 353 год. п.н.е., една од најраскошните архитектонски градби во минатото, останале само темелите.
Светилникот во Александрија на островот Фарос изграден околу 283 год. п.н.е чија висина се проценува на околу 150 м., служел 1500 години како ориентир на бродовите кои влегувале во пристаништето. Бил уништен од земјотрес, а со подводните археолошки истражувања во 1997, се претпоставува дека е пронајден. Статуата на Зевс во Храмот во Олимпија, создадена од рацете на можеби еден од најславните грчки вајари - Фидије била висока 12 м. Имала облека од злато, додека рацете и лицето и биле од слонова коска, а очи од скапоцени камења. Претпоставувате дека од неа денеска нема ни трага.
Оригиналниот пост е објавен на Археолошки дневник vol.1, ова што можете да го видите овде е подобрена верзија на текстот кој се однесува на неколку историски и археолошки податоци. Сметам дека мојот ремикс е појасен и подобар. Овој текст не принадлежи под GNU FDL како и другите содржини на мојот блог.
Објавено на денешен ден:
- Пирати - 2007
- His story of unlearning - 2007
- Ливингстон зад решетки - 2006
- Начин на известување – моќта на Видеото - 2006






Кого тењстираш Гемиџи: лиценцата, археодневникот, или себеси?
пс: не кавгаџиски, туку онака информативно, зашо не ми е јасно.