Вратио се Шиме.
Немам пишано блог пост од 14ти август. На 15ти открив дека повторно ме кракираа. На 17ти заминав за Србија од каде по 3 дена отпатувавме за Хрватска на NSND по што останав на одмор уште 5-6 дена. Многу се случи па ќе се обидам да сублимирам 20тина дена во 2-3 параграфи.
Блогот го вратив благодарение на playahater & homoludens, Белоград, ме хостираа кај нив. Еден совет кој се надевам ќе го сфатите сериозно, никогаш немојте да хостирате сајт на ixwebhosting и startlogic. Тие се најлошите хостинг компании со кои сум имал/е некогаш контакт. Првите увидоа дека не можат да се справат со крекерите на нивните сервери кои на нашите содржини редовно монтираа фишинг материјали, па решија да нѐ суспендираат засекогаш. Вторите пак откако се случи суспензијата, ме маткаа 10 дена за доменот www.lugola.net дека наводно не е наш и сл. срања. Иако бев во Хрватска кога се случи суспензијата им вратив повторно да имкажам дека ние сме жртви, а не напаѓачи. Тоа не допре до нив, штета за нив. Сега www.lugola.net ќе има побратим, www.lugola.mk (достапен најверојатно од утре), кој ќе насочува кон еден ист сајт, кој пак, ќе биде хостиран благодарение на заедничките ресурси на заедницата на хакери од нашата земја. Особено испраќам благодарност до Мишко, Марко (Србија) и Стама и останатите од Македонија кои директно ми помогнаа или се понудија за помош. Ги имаше неколку. Викито како најкревка и најбитна ствар, ќе биде вратено на старото место (wiki.lugola.net, а и wiki.lugola.mk) најбрзо што можеме, имајќи ја во предвид пипавоста на базата и статичките содржини објавени таму. Тоа би било околу проблемите на кои наидовме и постапките што ги презедовме за да се решат проблемите. Еве онлајн референца каде има подетално објаснување на проблемот, од листата на заедницата.
Србија, Хрватска, НСНД
Бев 2-3 дена во Београд, за првпат. Ми се допадна како град, малку е брдовит, но има што да се види. Србите се ок, Србинките и повеќе од ок. Убави жени. Исто, од Белград си зедов резервна, 6 келна (немаше 9) батерија додека стигне резервата што ми следува со гаранцијата. Со роверот на таткото на Мишкез заминавме на релација Београд - Загреб - Сплит. Патувавме 10 саати сосе паузи и драпалогии. Таму три дена беше предвиден Nista Se Nece Dogoditi, собирот на хакери од просторите на бивша ЈУ, кој беше навистина прекрасно искуство. Дружење, познанства, продлабочување на знаењето, капење, пицигин, Спличанки (најубавите жени од ex-СФРЈ). После NSND останавме уште некој ден во камп на „наше море“.
Немам што друго да кажам, сликите говорат се, а тоа што летото заврши на толку прекрасен начин повторно ме прави да се чувствувам дека имав уште едно кратко лето, што би значело, исполнето и забавно до бесвест!!
За крај, на граница ме тресеше српскиот цариник, буквално сѐ ми провери. За гиковите ќе е интересно тоа што го извади USB-miniUSB кабелот и проба да ѕирне низ него да не случајно имам скриено нешто внатре хаха. Направив од прилика 3000км. Кога дојдов морав некаде да серам, па си отворив Twitter сметка. Сега не знам дали ќе ја користам толку активно
Мило ми е што сум пак дома.






