Tritium, pwnz
Tritium е менаџер за прозорци, напишан во Python и прилично возбудлив. Откако Ion3 станал неслободен со дел од лиценците под кои што се дистрибуираат делови од кодот, Mako и Stew, авторите на Tritium се обиделе да напишат wm од нула во Python. Според тоа шо го гледам, Tritium навистина личи на Ion3 се разбира има помалку функционалности затоа што е млад софтвер. Но брка работа за сѐ шо ми треба
Досегашната борба со Xmonad заврши неуспешно. Конфигурирав се како шо треба, единствено ме јадеше некој вид на пропуст, бубачка или што знам што, која ја имаат пријавено само еднаш тука. Нешто ми го крадеше фокусот. Ако, мал контакт со Haskell
KDE 3.5.x функционираше прекрасно. Фала на сите за се што направија/вте во периодот додека ја користев според мене најмоќната работна околина што постои. KDE 4.x ја сметам за инфериорна, пластична и детинеста средина која никогаш, веројатно навистина никогаш, нема да ја користам ![]()





