Archive for the 'Колумни' Category

Влијанието на желбата да се биде различен врз IT технологијата

Часот е 00.33 и не можам да заспијам, па така ми текнуваат глупости и по нешто интересно. Се мислев за нешто што од порано сакав да го обработам на блогов секако инспирирано од слободната култура која се трудам да ја форсирам како знаам и кај ќе стигнам.

Корисниците на слободен софтвер или тие што се разбираат во компјутери нешто повеќе од „студентски прашања“ знаат дека кога станува збор за GNU/Linux, не можат да се сетат на нешто конкретно затоа што постојат милион дистрибуции кои ја прават одлуката за тоа што да се користи потешка, но од друга страна имате слобода да изберете различна дистрибуција за речиси секоја различна намена. Така имате Ubuntu GNU/Linux за корисниците на GNOME и Kubuntu GNU/Linux за корисниците на KDE. Имате Dreamlinux за мултимедијални корисници или Gentoo за напредни корисници кои сакаат да имаат целосна контрола врз софтверот што го користат (врз неговата оптимизација). Сѐ разбира, не значи дека ако Ви затреба програма за уредување звук мора да инсталирате дистрибуција за таа намена. Сиот слободен софтвер што постои денес можете да го користите во секоја GNU/Linux дистрибуција, да ја инсталирате саканата апликација преку системот за справување со пакети на Вашата дистрибуција. Кога почнав да користам слободен софтвер, тоа не го направив затоа што знаев што правам. Не го разбирав концептот за слободен софтвер. Не ни знаев дека има воопшто концепт. Знаев дека станува збор за нешто различно. И баш околу тоа е и идејата. Зошто дел од луѓето сакаат да прават работи што се различни од тоа што го прави мнозинството. Речиси секогаш кога толпата ќе тргнеше нагоре јас сакав да одам надолу. Тоа често ме носеше во заебани ситуации кои неоправдано ги форсирав до тотален дебакл, но некогаш ми го правеше животот поинтересен. Секако дека не би било ок да се шеташ гол во куќа каде живеат калуѓерки, но од друга страна би било интересно да си облечен како калуѓерка (монах, whatever), во куќа во која сите се пашаат со голи газови. Така бидна и со системот. Некој спомна дека е кул, дека
е ти реков ми рече, па почнав да го користам. Сега причината и потребата од бидување различен избледе, па еве по некое време повторно се навратив на тоа. Помудар и покул, се прашувам дали денес уште постојат луѓе, особено од младите, што би користеле слободен софтвер, само затоа што тоа е различно од тоа што го користат останатите? И најверојатно одговорот е големо ДА, што во секој случај е лоша причина за користење слободен софтвер. Зошто?

Би рекле дека е добра причина затоа што се добиваат повеќе корисници, што мене воопшто не ми е гајле затоа што тоа што го промовирам јас не го правам од лични интереси и дека ако денес „добиеме“ 2ца нови корисници акциите наеднаш ќе рипнат 2%, туку од желбата да му помогнам на комшијата. Значи дали еден или милијарда корисници на GNU/Linux, најверојатно нема да ми значи ништо, сѐ додека постои сѐ она што јас го користам и ми е потребно. Тоа ја исклучува таа причина, дека горенаведениот мотив за користење слободен софтвер е позитивен. Тогаш кој е негативен? При изборот да се користи слободен софтвер само затоа што останатиот дел корисници не го користи, луѓето воопшто не гледаат што користат. Дури и не сфаќаат што користат се додека имаат инсталирано Ubuntu или Mandriva или Archlinux (итн. овие се споменати само како пример). За голема жал на љубителите на 90% од дистрибуциите, денес користењето на ред дистрибуции кои впрочем дистрибуираат НЕслободен софтвер врз слободна платформа е од голема штета за целиот екосистем распространет низ целиот свет и составен од хакери, корисници, компании и сл. срања. Најголем дел од дистрибуциите како дел од пакетот/ите за самото јадро (Linux, www.kernel.org) дистрибуираат неслободен софтвер, како неслободни драјвери, фирмвери итн. Дополнително се влошува ситуацијата кога самите корисници инсталираат неслободен софтвер тргнувајќи од неслободните драјвери за графички картички (кои масовно се инсталираат), па се до глуп софтвер од редот на Skype, Flash и сл. Која е тогаш поентата, да користиме слободен софтвер, кој не е целосно слободен?

Јас секако дека не користам АПСОЛУТНО слободен софтвер. И тогаш кога би можел, на хардверот кој го користам, тоа е невозможно. Биосот не е слободен и некои други ‘uCode’ (фирмвери) во самиот хардвер. Исто така користам уште два други неслободни пакети, iwlwifi-ucode (фирмверот) за да може да ми функционира мрежната за безжична врска, користам и Flashplugin затоа што со Gnash можам да гледам само 1% од видеата на Интернет (иако има речиси целосна компатибилност со видеата на Youtube, Gnash е лош за останатите сајтови). И во ред, без Flash се живее (со оглед на тоа и што не развивам Flash софтвер), но без фирмверот едноставно не се може, затоа што треба да се лишам од мрежната. Битно се обидов да направам жртва и се ослободив од Skype, од mp3 музиката, дури користам и генерички драјвер за мојата глупава ATI x1300 картичка, следејќи ја идеологијата која ја прифатив и на која сум доследен.

И така доаѓаме до уште еден скромен заклучок. Можеби сето ова го правиме поради тренд. Јас искрено го правам поради философско-политичките ставови кои ги имам кон компјутерската технологија. Се радувам кога некој го прави онака исконски (користејќи gNewSense и сл. слободни
дистрибуции поддржани од FSF [fsf.org]), но се гадам од луѓе што сакаат да користат GNU/Linux само за да го наполнат со неслободен софтвер и да ги реализираат идеите на компании и здруженија кои промовираат неслободни дистрибуции, што доведува до користење на голем број
неслободни пакети.

Каде би бил јас? Во тие кои користат 2 неслободни пакети, едниот ради потреба, другиот ради  потреба од уживање (музика,видео). Крајната поента е дека идеалната замисла ја применуваат мал број корисници, веројатно тие во круговите на RMS и симпатизерите на неговата кауза. Не е апел ниту обид да карам некого, велам, истото го правев и правам и јас, некој станува свесен порано некој покасно. И секако, сето ова може да се примени врз било која друга идеја. И тогаш кога би шетале голи во куќа со калуѓерки, џабе би било на половината да ставиме крпа.

Врски:

Статија за следниот број на „Блок“, “All your base are belong to us”

Блок“ е бесплатно списание со социјални и активистички содржини кое излегува од НВО „Форум на Млади“ од Битола. Во следниот број треба да се појави мој текст на тема „хакерџии“ :)

Многумина денеска се изјаснуваат како програмери. Но не се. Многумина денеска се декларираат за хакери. Тоа се најмалку. Што направиле тие? Многумина сакаат да се револуционери, да ги направат работите подобри, светот да функционира подобро, но слепо ги прифаќаат навиките и принципите што им ги нуди лагата дека мнозинството е секогаш во право. Светот во минатиот век се смена. Промените се случуваат секој ден. Луѓето велеа дека компјутерот нема никогаш да стигне во домовите на обичниот човек. Тоа денес е смешно. Работите се менуваат секој час. Младите надежи кои прават атомите да вибрираат се мета на простите етикети како „криминалци“ или како „прекршители на законот“. Светот стана поле во кое индустријализацијата доби ново име, технологија. Киберпанк ера во која технологијата стана информатичка технологија во која сѐ зависи од нејзиниот развој. Што правиме, што гледаме, што слушаме, облекуваме и посакуваме. Сѐ зависи од битовите податоци кои непрестајно врват низ мрежата од мрежи од мрежи. Некои луѓе се обидуваат тоа да го спречат. Да ги оцрнат тие кои овозможуваат податоците да патуваат неволно. Некои сакаат да ги сечат во корен луѓето кои ја создале и кои ја одржуваат мрежата. Сакаат да ги уништат хакерите.    Read more »

Иво Ивановски, најхардкор министер кој ги збуна професорите

Моменталниот министер без ресор задолжен за развој на информатичко општество е најхардкор министер што некогаш постоел во историјата на сите минати влади. И кога велам најхардкор, не мислам најхардкор од сите информатичари туку мислам најхардкор. Од сите воопшто. И од премиерите. Во овој блогпост ќе се обидам да го образложам моето гледиште на идејата да се деплоираат 100.000 компјутери низ школите во Македонија кои пак ќе работат на Ubuntu GNU/Linux.

Не знам дали да речам или не. Ок еве, не велам дека министерот Иво Ивановски е тежок n00b кој користи Mac OS X, иако после неколку негови интервјуа може слободно да кажам дека типот нема појма од некои области со кои се нафатил да се бави. Но мора да земеме во предвид дека Иво Ивановски е политичар. Можеби е млад, но е политичар. Можеби е дете на татко кој целиот живот работел за партијата (не знам) па сега сето тоа му се компензира и добил место во владата, што би рекло дека не мора да бараме ни капка разбирање за да речеме дека го бидува за министер. Секој полтичар може да ја обавува таа работа. Исто како што тоа го правеше секој морон што беше министер со истото задолжение како Ивановски во претходните влади, кои освен одлив на пари во други (намерно не пишува туѓи) џебови и донесувањето на Microsoft во Македонија за Информатиката кај нас не направија ама баш ништо. Да, зборувам за Јани Макрадули. Најголемиот неуспех кој седнал да се бави со развој на информатичко општество во овие 17г. постоење. И тој не беше компетентен. И за него не велам дека требало да е компетентен. Но она што после неговото владеење ме изненади, а бога ми ја здрма и цела заедница на активисти за промоција на слободен софтвер во Македонија беше потегот на Ивановски. Имате 4г. врзана земја со Microsoft и наеднаш…

„Слободен софтвер Македонија“ оди на состанок со Иво Ивановски. После некој месец излегува министерството со нивната хардкор идеја, започнувањето на проектот „Компјутер за секое дете“. 100.000 компјутери деплоирани во училиштата низ Македонија кои ќе работат со Ubuntu. Не знам за другите, но јас бев масивно збунет. Фацата ми беше…ваква o_0 Не знаев дали да се радувам. Не знам ни денес дали тоа се постигна  по средбата на 2С.мк со Ивановски. Единствено пред очи ми излегоа професорите и администрацијата која ќе треба(ше) да го претрпи афтершокот од овој потег. Замислете. Навикнати и затуцани седите пред Windows XP кога пред вас излегува цела училница со компјутери на кои има Ubuntu и која треба ВИЕ како професор да ја администрирате и да се грижите за системите. Теоретски тоа не треба ни 0% да е така, информатичарите особено треба да се спремни за промени без многу мрчење. Но сега имаме илјадници компјутери, кои сакати кои никогаш непуштени, низ школите во Македонија. Не се користат за НИШТО. Професорите добија обука (и повторно ништо не научија и не се задоволни), министерството си го направи своето. Сега останува стварта да издестилира. Но тоа нема никогаш да се случи. Проектот „Компјутер за секое дете“ ќе пропадне до следната Нова Година. Навистина не знам шо ќе се случи со компјутерите, иако некои дебилни фаци веќе пробале да инсталираат Windows XP Pro на Thin-клиентите (што колку што знам е практично невозможно), но целата идеја да професорите по сите предмети држат настава на компјутери на кои има Ubuntu е наежувачка. Да, тоа го велам како евангелист на слободната култура и слободниот софтвер, кој патем имал придобивка (материјална!) од целата оваа ствар. И кој како координатор на Лугола, се дрзна :) да му испрати мејл на Иво за да му каже дека во Битола има група која се бави со оваа проблематика и која волонтерски ќе може да му помогне. Никогаш не добив одговор (можеби и нормално).

И затоа што критикувам, еве и еден конкретен предлог, кој сега е временски бесцелен за реализирање. Сакате компјутер за секое дете? Дајте им субвенции на учениците од средните училишта, при што со доплата од 100-тина евра секој да може да си купи лаптоп. Нешто како што направивте со уште полошата идеја за компјутери за секој апсолвент. Вака, ќе имаме задоволни ученици кои ефтино ќе си добиеја лаптоп и професори на кои би им се сугерирало да инсталираат Ubuntu GNU/Linux на нивните компјутери, дома или на работа, и да научат да го користат, за да може потоа на учениците да им држат настава.

Професорите се многу збунети. Немаат појма кај тераат. Тие со стручните предмети се уште позбунети. Оние пак кои се држат до Microsoft-овите платформи едвај чекаат целата оваа работа да потоне. Не грижете се. Ќе го видите тој ден за скоро. Вака како што стојат работите, проектот никаде не тера. Уште една изсилувана постапка на бирократијата која се бави со нешто што не е нивна работа.

Таболин

Првиот расказ од серијата „Длабината“ сум го објавил на 11 Јануари 2007г., а после неколку раскази и престанав да објавувам на блог. Поради негодување на некои од читателите на Планетата. Продолжив да пишувам локално. Денес конечно средив сѐ што имав. Идеите ги реализирав и поправив што остана. Неколку од содржините (првите неколку раскази) што се ставени во Таболин се земени од тие први верзии на Длабината, преработени и составени. Направив насловна и еве, Creative Commons лиценциран труд, од мене:

cover_off_small.png

Информации за лиценцирањето има во PDF датотеката, истовремено може да ја симнете ODF верзијата(.odf), насловната(.png) и да го видите оригиналот според кој е добиена насловната. Благодарност до Лесиг што направил правен систем што дава и до некој од мене што беше глупав и го напиша сето ова.

.. За „Таболин“ ..

Таболин е градот кој не можете да го најдете ако погледнете низ Вашиот прозорец. Личностите од делото се здание на еден злобен и болен ум кој по грешка создава нешто кое влегува во циклус на грешки. На крајот тој полудува и оди на дното. Се затвора во стара колипка и почнува да работи како електроничар, и не сака да има допир со компјутер. Се труди да е добар човек. Ако некој добро ја сфати целата приказна, можеби ќе најде нелогичности кои не одговараат на сегашниот простор-време, и можеби ќе види трагичен крај. Тоа е најмалку така. Епа, поврзете си ги расказите како сакате, и пријавувајте синтаксички грешки.

11 октомври е мртов, да живее 11 октомври!

11 октомври. Веќе ги гледам прилепчани како симулираат напад на железничката полициската станица, како што било пред 50тина години :) Македонија го одбележува денот кога Прилеп и Куманово се дигна против фашизмот. Се ќе беше прекрасно ако Македонија навистина ја ценеше борбата против фашизмот. Ако институциите кои се задолжени да нѐ потсетат за важноста на борбата против нацистите функционираа како што секој очекува во нормална држава (што знам…Здружение на борците (ок луѓето се стари), па и политички партии кои се происход на КПЈ и сл. кои пак во НОВ се биеја против фашизмот), ја ценеа злобата на фашистичките идеологии и нео-нацизмот во модерното време и ако навистина се гадеа од окупаторите и гордееја на своите дела за ослободување на РМ (долга реченица, фак), немаше да дозволат на спортски натпревари да се вее свастика (фашистичката), немаше да дозволи да има паради на неонацисти во Битола, немаше да дозволат да бричените глави тепаат свои сонародници (и со-расници) поради тоа што имале долги коси или да тепаат Албанци, Роми и други малцинства кои ги сметаат за минорни (кои сепак се од иста раса со нив). Немаше да дозволат на зградата на АРМ во Битола (позната како Офицерски Дом, има прекрасна градба и важи за една од најдобрите архитектонски зданија во Битола) да се испишат кукасти крстови и фашистички пораки непосредно по реновирањето (сега тоа е санирано, но за испишувањето на пораката никој не се најде да одговара, иако во Битола неонацистите може многу лесно да се најдат и испита нивната инволвираност во таквите активности).

Македонија, барем така ме учеа на школо, пропатила од фашизмот, а моментално нема разработена агенда која ќе се бори против нео-нацизмот како модерна појава во денешното време на пониските слоеви граѓани во општеството кои за сходно го наоѓаат Хитлер како врв на интелектуалноста или Мусолини како идеолог кој ќе ја обединел Македонија во нејзините природни граници. Жално, но вистинито, денес е прилично страшно во нашата земја да се носат антифашистички знаци, затоа што се по некој wanna-be Хитлеровец ќе се најде да ти го еби денот или да те смести на болница. Да живее НОВ, АСНОМ и 11 октомври!

Зошто ваучерите се штетни за нашата младина?

Владата сериозно пристапува кон промовирање на технолошкиот развој во земјата. Не поминаа ни 5 дена откако ни беше понудено огледало, а еве го премиерот со новитет, ваучери за младите во земјава. Кај мене на факултет и нема апсолвенти. ЕКТС, не знам ти што. Арно ама во индексот ми стои „апсолвент“, сеуште. Тоа значи дека веројатно и мене ми следува ваучер од 200 евра. Но јас нема да го искористам. Еве, и хипотетички да замислиме дека ми следува ваучер доколку не ми следува, јас нема да го искористам. Зошто?

  1. Нудењето на ваучери за апсолвентите ќе повлече дополнителен трошок за фамилијата/студентот кој го користи ваучерот. 200 евра ја олеснува ситуацијата, но со 200 евра во Македонија може да се купи некоја чкарт хардверска конфигурација која на студентот НЕМА да му понуди валидна работна околина. Такви ги има во АМЦ, Анхоч, Нико, итн. преку нивните Давиди и Голиати. Ок, можеби и прашање е дали навистина може воопшто со 200 евра да се набави компјутер (кога велам компјутер мислам на машина со вклучен монитор). Тоа значи дека ваучерите нема да им помогнат на студентите, туку напротив, дополнително ќе им ја влошат состојбата преку потреба од купување на дополнителни хардверски компоненти, па не дај-боже и софтвер. Решение за ова би било да владата понуди ваучер за купување на БИЛО КАКВИ технолошки гаџети. Можеби имам компјутер, а ми треба екстерен диск, од кај знае премиерот што ми треба? Ако се прошири полето на ваучерот и ако со него можеме да купуваме било што до 200 евра, тогаш секоја чест, добар гест, но вака со принудување за купување на компјутери, се наметнува потребата од имање компјутер. А и на сите апсолвенти не им треба компјутер. На некој можеби многу повеќе му треба дупчалка (бормашина?), или што знам јас, некое друго џиџе кое му е по-приоритетно пред компјутерот.
  2. Со оваа кампања на Владата се промовира пиратерија. Ако ме прашате мене, воопшто не ми е гајле дали Петко ќе користи пиратски или непиратски XP. Исто гомно се и двете варијанти. Но со оглед на тоа што Владата се бори против пиратеријата, а со 200 евра практично не може да се покрие ни хардверскиот дел, Петко ќе мора да си набави пиратски софтвер. Линуксашите ќе помислиме дека Петко може да си инсталира слободен софтвер, со што сосема се согласувам, но во Македонија, ниту една компанија нема да понуди решение со GNU/Linux дистрибуција на машината. Сега мора да дојде до израз свесноста на Петко да користи слободен софтвер, но Владата треба да нагласи „ви даваме ваучер од 200 евра за хардвер, а за да не користите пиратски софтвер, бидејќи со 200 евра не може да купите MS Office и сл., ви препорачуваме да користите GNU/Linux“. И така проблемот со промоција на пиратерија ќе се реши.
  3. Со користење на ваучерите се прават списоци на апсолвенти кои подигнале ваучер. Тие списоци се со име и презиме, лични податоци и своерачен потпис. Сето тоа го става студентот во улога на марионетка. Ако утре владата одлучи да се повика на Вашиот потпис како согласност дека Вие (апсолвентот) се сложувате со добрата работа на Владата и си го зголеми рејтингот, Вие нема да можете да сторите ништо. Вие сте потпишале дека се вклучувате во акција на Владата и дека од сето тоа сте добиле материјални добра и со тоа му давате признание на Владата. Покрај тоа, политички загушените апсолвенти чии татковци им рекле да не земаат ваучер затоа што тато бил од СДСМ или ДУИ ќе го исфилтрираат списокот и ќе се добие листа од 90% апсолвенти кои се политички ориентирани, додека другите 10% ќе стојат на списокот како лица кои гледаат можност за подобра иднина преку искористувањето на ваучерите.

Не ја поддржувам оваа иницијатива на Владата поради тоа што фиктивно се прави впечаток дека Владата се вклучува во развој на технологијата во РМ. Зошто Владата не даде 200 евра на апсолвентите кои сакаат да го продолжат своето школување на пост-дипл. студии во нашата земја? Тоа многу повеќе би им значело. Зошто Владата пак, не им дава по 200 евра, не ваучери, на фамилиите во кои има апсолвент. Тоа би било најдоброто нешто што можело да се случи во последно време. А сепак истите пари би биле одвоени.

За да не испаднеме политизирани млади лица чија визија ја препречува политичката ориентираност на педерските политички партии (сите!), одбијте ја оваа иницијатива, и побарајте нешто кое е многу поблагородно за нас…што знам, Интернет низ цела држава? (не dialup со user: vladamk, pass: ostvaruvame :D )

Штетниот неслободен софтвер

Инспириран од Стојанче, си давам оправдување за една идеја која ја промовирав, за делење летоци на првиот школски ден во школите за средношколците од Македонија. Веројатно највеќе поради моја вина не се реализира ова практично, но дигитално и тоа како. Со помош на E-Speak му се обраќам на сите средношколци и основци. Раширете ја пораката и кажете му на другарчињата за овој апел!

Клик на Play:

OGG

Лешникот кој чекал за џабе

Создавањето е долготраен процес. Мачен, исполнителен или и двете. Кога создаваме се договараме со универзумот да ги откриеме нашите интимни мисли. Создавањето е процесот низ кој мора да се помине за да се добие резултатот. Создаваме секојдневно. Создаваме и кога рушиме. Процесот на создавање трае подолго, па од таму она кое најмногу не допира кога нешто се уништува е тоа што уништувањето се случува веднаш. Дрвото расте со години, децении, векови…за да изгори потребни се неколку минути или часови.

Тоа ме потсетува на една приказна која се навести самата по себе во мојата глава.
На времето, ехеее, уште Госпо по земјата одел, имало еден лешник. Лешникот немал родено плод со години. Растел, минувале годишните времиња, паѓале лисјата, разлистувале нови, растел но никако да роди плод. Нешто како стерилно стебло лешник. Дрвото би било среќно и кога би родило само едно лешниче. Но ништо…
Минувале години. Болката на лешникот го убивала чувството за неговиот стоти роденден. Дента пред да наполни точно 100 години при стеблото дошла една виличка…такво со крила. Леткала и пеела. Како во цртаните. Му рекла на стеблото „Во минатиот живот ти беше многу лош човек. Убиваше млади невини деца, убиваше се што ќе ти застанеше на патот, затоа сега си во оваа форма на живот. Проклетството што го повлече самиот ти, придонесе да твојот род ќе може да го продолжиш само еднаш на 200 години, со само едно родено лешниче. Откако ќе зачнеш со млад плод, ќе требаат уште 100 години за плодот-лешник да биде зрел. Откако ќе созрее, ќе треба да го фрлиш во земјата под тебе. Тогаш и да умреш, ќе има кој да го продолжи твоето име“. -така нешто. Значи на секои 100 години ќе можел да раѓа само 1 лешник и да чека уште 100 години за да може да го фрли во земјата за да ја продолжи својата лоза. Следниот ден, на неговиот 100ти роденден, од една затскриена пупка, при врвот на стеблото се појави млад зачеток на плод. Стеблото било пресреќно, а од друга страна внимателно да не го уништи плодот. Врвеле години, поминале 50, 60, 80, па дошла 99тата година. Дрвото, веќе старо, со возбуденост го очекувал моментот кога ќе може да се поздрави со овој живот и да го фрли своето чедо за да се размножи. Дента пред неговиот 200 роденден дрвото заплакало. „Двеста години чекав да дојде овој ден. Утре е моментот кога ќе можам мирно да си заминам и да примам нова форма на живот. Доста е веќе мачење. За сето тоа да не е залудно чекање и мачење низ болка и плач, ќе го пуштам моето единствено потомство во земјава за да ме наследи, се надевам нема да ја има истата среќа како неговиот татко“. Сонцето зашло.

На 200тиот роденден на лешникот денот светел посилно. Ветерот дувал поблаго и птиците пееле поубаво. Тоа бил денот кога лешникот требал да се ослободи од сета тежина што ја носел животот на дрво. 200 години живеел низ бура и пекол, дувал бесцелно, мирувал очекувајќи го својот пород. Тој ден беше последниот од неговиот живот, реши да му го подари на некој друг. На неговото прво доносче. Откако силно здувал, велејќи им збогум на се она што го имал сретнато низ неговите 20 децении, повеќе не зеде здив. Последниот звук кој лешникот го направи беше отпушвањето на младото плодче кое требало да се претвори во никулец и да го спаси името на неговиот татко. Плодот паднал врз ревка земја. Почнало да врне. Токму тоа што требало. Плодот влегол во земјата, здраво се закопал и си обезбедил мир во очекување на проникот.

Тогаш дошол еден бел и гладен црв. Влегол во плодот со само три загризи врз лушпата. Стигнал до јатката и почнал да ја гризе. Ја изел цела и се здебелил. Не можел да излезе повторно назад низ истиот отвор низ кој што влезе, бил претесен.

Црвот се загушил во шупливата лушпа на младото лешниче, убивајќи две работи. Плодот и 200-годишната желба на лешникот да се роди негово наследство.

Три начини да им помогнете на делата инвалиди

Кога ќе пораснеме не учат како да јадеме од ручекот коj сопругата го зготвила и за кој научила од мајка ѝ додека била немажена. Кога пак тие ќе пораснат и се земат со сопрузите, знаат како да го делат тоа кое го готват цел ден и за кое се мачат, со човекот кој го сакаат и нивните деца. Тоа се вика беспричинско споделување. Мајката на детето не му дава да јаде затоа што детето платило за тоа или дека детето откупило авторски права за рецептите на мајката.

Авторите денес не се воопшто запознати со тоа што може да го направат од правнички аспект со тоа што го работат. Можеби и оправдано. Но кога ќе се консултираат со некој правник тој обично ќе им каже дека авторско право може да се добие на многу лесен начин. Ќе се применат начините и принципите кои правниците ги учат по факултетите и со тоа ќе се ограничи можноста за растење на делото на уметниците. Правниот систем во нашата земја создава инвалидизирани трудови и за нив воопшто не се грижи отпосле. Инвалидизираниот труд е прекрасното дело на авторот кое потоа го ставаат во рамките на рестриктивните авторски права. Системот ги остава да се влечкаат по улиците, не им гради пристапни места до желбите на група конзументи кои чекаат слободни трудови. Авторското право денес го поистоветуваат со тоа што е авторска сопственост, го нарекуваат дури и интелектуална сопственост, претворајќи ја идејата во нивна своина која сеуште не ферментирала и сретнала со масата, станала инвалид.

Како можеме да се грижиме за делата инвалиди?

Прво и основно, не дозволувајте правниот систем во нашата земја или каде и да живеете да направи од Вашето дело инвалид. Делата-инвалиди ќе ги нема ако Вие не дозволите тие да се создаваат. Сте работеле, сте создавале..за што? За потоа да дојде некој и да каже дека ги превзема сите права за тоа што сте го создале од креативност и да направи инвалид. Верувајте, тоа е многу полошо од тоа да некој дојде и потоа го преработи Вашиот труд и од него да направи подобар дериват, само Вие за тоа не сте свесни (тие што не се). Тоа не сакаме да се случува со нашите деца, зошто да дозволиме тоа да се случува и со делата што ги создаваме? На делата-инвалиди им е потребна нашата помош, поради тоа што тие не се способни сами да се развиваат и да ги задоволуваат нивните потреби. Кои се потребите на едно дело, се прашувате? Едно дело има потреба да се доусоврши. Тоа гори од желба да го земете и да го направите подобро. Има такви кои едноставно сакаат да ги штипкаат по обравче и да им велат „колку добро дело си ти“, а има и такви кои на еротски начин сакаат да дојдат до бујните гради на тетките кои ги слушаат, по што ќе им кажат „ти си едно многу немирно дело…“ поминувајќи со јазикот по горната усна…зад овие две групи дела, во инвалидска количка стои делото кое правниот систем и авторите кои тоа му го дозволија на издавачките куќи, го направија инвалид. Тагува по ист статус како делата кои се забавуваат. Тоа дело никогаш нема да стане она што е поради немилосрдниот однос на луѓе желни за пари. Тоа се случува и со амазонските шуми, со воздухот близу Велес, тоа се случува во секое студио во кое уметникот потпишува договор за соработка преку кој им ги префрла сите права на тие кои потоа ќе направат марионетки од уметниците. Добро е, можеме да им помогнеме на делата-инвалиди кои нивните татковци ги донеле на свет за само од нив да прават пари и препродаваат.

Следен начин да помогнеме на делата-инвалиди е да ги дружиме и од нив да направиме народни дела на сите. Да ги социјализираме. Сега ќе споменам еден глупав пример, за кој сите мислат дека се работи за народна песна, но тоа е дело-инвалид кое едноставно ги ужива сите предности што слободните и нормални дела ги имаат. Песната „Македонско девојче“ не е народна песна. Таа е инвалид. Сепак тоа дело не се чувствува така. Сите мислат дека е народна песна. Се чувствува слободно. Тоа е добар пример како една песна може да е во добро опкружување само ако Вие посакате така. Со тоа, ќе можете да ја свирите по паркови, на свадби или крштевки, ќе можете да ја потпевнувате по улица (освен ако за тоа не Ве фати законот за нарушување на јавен ред и мир). Ќе можете и да направите рок верзија од неа, никој нема да Ви каже ништо…ако ги „народизираме“ делата кои впрочем се инвалиди, тоа ќе значи социјализирање на трудот на уметниците кои направиле дело за кое чувствуваат дека е нивно, а не е.

Третиот начин да се помогне на делата-инвалиди е поврзан со претходниот. Социјализирање и што помасовно искористување. Пиратеријата. Ако не можете да дојдете до делата и трудовите на уметниците кои ги создаваат - испиратерајте ги. Објавете ги на сајтови за таа намена, направете торенти и пркршете го законот анонимно. Ако тие уметници не дозволат нивните дела да бидат социјални и ги препродаваат како курви на издавачките куќи со кои соработуваат во злосторот, тогаш не ни заслужуваат поддршка. Велат, „ако не купувате оригинали, Калиопи ќе нема можност да направи ново дело“. И не треба! Не треба да создава дела-инвалиди! Едноставно не ѝ помагајте, нека пропадне сето тоа што таа го прави, преку, (тука е парадоксот) нејзино конзумирање.

На делата инвалиди им е потребна Вашата помош - раширете ги на секој, секој, секој можен начин!

Интервју со Џемсен ван Амадео Торсен

Ви посакувам пријатно саботно претпладне. Се надевам додека се будите и го пиете утринското кафе/фрапе ќе имате пријатно расонување со зборовите на познатиот автор од Холандија кој веќе 10 години живее и создава во Белгија.

Неговите добро познати песни “Zing aan vreugde” и “Heb wat van het” од топ албумот “Dagdroom” од 2005г. ја разнесоа славата на овој познат музичар насекаде низ светот. Ја имав таа чест да бидам на маса со него и да го интервјуирам за состојбата на младите уметници и делата кои денес се создаваат и кои денешницата ги конзумира. Се разбира, не сум многу компетентен да поставувам конкретни стручни прашања, но она што мене ме интересираше беа мотиви кои се иницираа поради две работи:

  1. Џемсен е директен потомок на големиот маестро Волфганг Амадеус Моцарт
  2. Џемсен е стар и искусен музичар кој својата кариера ја завршува со текстот „de creativiteit is vrij, vangt het niet“ кој на македонски би било „креативноста е слободна, не ја заробувајте“.

Овие зборови веројатно протекле низ неговиот ум спонтано. Тој не знае за она што ние го промовираме и она што го правиме. Џемсен не знае за Creative commons, слободен софтвер, отворени формати. Тој знае за акорди и музика. Единствена забелешка која ми смета е тоа што низ неговите зборови се забележува тежнеење кон тоа што останало од неговиот предок како семејно наследство и кое, според фам. Амадео Торсен се обезвреднува и кради на немил начин. Тоа се акордите што Моцарт ги запишал уште кога бил во цутот на шармот со кој ги освојувал Виенските девојки. Ова се разбира не е баш и така како што сега си помислувате. Проследете го интервјуто. Read more »

Next Page »