Archive for the 'Вести' Category

Лугола 2.0, нов лик на револуцијата

Почитувани корисници на слободен софтвер,
гикови, активисти, песимисти и квинслинзи
:

Од денес официјално ја прогласуваме за активна новата Лугола 2.0. За таа цел, би сакале да Ве запознаеме со нашата идеја за новото функционирање на групата. Можеби повеќе нема да делуваме како GLUG, можеби ќе делуваме позатворено од порано, нема да имаме редовни физички состаноци, но сето тоа ќе го правиме за подобра кооперативност, организирање и делување. Состаноците на Лугола последно време не беа воопшто продуктивни. Не се исклучени засекогаш, се разбира од време на време се собираме и дружиме низ дискусија за нашите планови како активисти за промоција за слободен софтвер. Она што е најкорисно и јасно како солза, е тоа што во Лугола се исфилтрираа активистите кои останаа доследни на својата идеологија. Не се работи за лични интереси, Лугола не е компанија, регистрирано здружение и сл., едноставно се работи за интересите на сите корисници на слободен софтвер. Во Лугола останаа 10тина души кои радо ќе работат на заживување на заедницата во Македонија, имајќи во предвид дека ситуацијата не е баш најдобра. Не ветуваме реформи, обнова во 1205 чекори или острови и територии, она што го ветуваме е дека во иднина Лугола ќе работи во името на идеологијата и движењето на слободен софтвер само и само за корисниците на слободен софтвер, служејќи ги нив, помагајќи им нив, дружејќи се со нив. Можеме да бидеме сите една голема заедница и едно цврсто јадро на хакери кои ќе делуваат во правец кон кој цели Лугола. Истовремено Ви ветуваме дека никогаш нема да го игнорираме Вашиот повик за помош и поддршка.

Во нашата заедница има многу квалитетни корисници на слободен софтвер, хакери, активисти и поддржувачи на нашите активности, би било нефер кон сите сето тоа да го оставиме само за нас. Што би било доколку сето зlнаење што го поседуваат програмерите во Македонија да го чуваат само за себе кога развиваат софтвер? Или која е поентата да се остави сето тоа кое го поседуваме сите ние да остане неискористено во себичноста и желбата знаењето да остане затворено само за нас? Затоа ќе се обидеме да се свртиме повеќе и кон производството на слободен софтвер, врз основа знаењата кои ги има меѓу корисниците во нашата заедница, централизирајќи ги софтверските проекти на еден заеднички софтверски тракер, каде корисниците ќе може најлесно да дојдат до саканото решение за даден проблем.

Новитети кои ќе произлезат од обновата на Лугола се:

  1. eZine на Лугола: месечен магазин во кој ќе се објавуваат содржини со најразлични тематики, од активистички па се до упатства и реализација на идеи, можеби и решавање на конкретни проблеми
  2. Библиотека на Лугола: нешто како библиотеката на „Слободен софтвер Македонија“, Лугола организира месечно (или годишно, во зависност од можностите на корисниците) донирање на средства од самите активисти во Лугола, со што ќе се овозможи фреквентно купување на компјутерска литература, според потребите на донаторите и Лугола во целина, која ќе се позајмува на сите кои ќе побраат дадена книга (секако со скромна гаранција дека книгата ќе ја вратат). Има 3 начини да помогнете во реализирањето на оваа идеја: 1.) преку еднократно донирање на средства чија висина ја одредувате Вие. Доколку донирате за Библиотеката, предлагате книга која Вие би сакале да биде дел од неа. 2.) секој месец донирате по 150 денари за реализирањето на оваа идеја со тоа што во моментот кога ќе се прават нарачките ќе дадете предлог за купување на книга/и, 3.) еднократно донирање на 1800 денари, што впрочем е вкупниот износ за сите 12 месеци.
  3. Блог на Лугола: место каде што ќе се објавуваат личните мислења и слободни упатства (кои ќе одат и на Вики за слободен софтвер) на активистите од Лугола.

Работиме врз организирање и на уште неколку други идеи. Доколку Вие сакате да ни помогнете овојпат ќе треба да покажете дека сте сериозни во таа намера. Ќе дојдете на некој од настаните што во иднина ќе ги организираме, ќе делите дискови, летоци и други пропагандни материјали. Така ќе сметаме дека сте дел од Лугола и ќе бидете регистрирани на сите онлајн ресурси кои групата ги користи за организирање и ид кои не сите се јавни. Или донирајте. Барем за нас знаете дека парите нема да ги искористиме за одмор на Фиџи, финансиите повторно ќе ги искористиме за Ваше добро. Така ќе знаеме дека сте дел од Лугола.

Во ладното утро на денот на слободен софтвер во Битола и заоѓањето на светскиот ден на слободен софтвер, Ве повикуваме да преминете кон користење на слободен софтвер, слободни технологии и да ја поддржите слободната култура, започнувајќи со само-иницијатива која светот ќе го направи поудобно место за живеење во кое ќе завладее знаењето за тоа што стои зад технологијата која ја користиме секојдневно.

Пиеме пиво пред коперација

Вчера влегов во едно дуќанче. Го демневме како аптека. Викам мастики, па шепнувам „а пиво ќе ми дајш?“. Вика „не..“ и ги преврќа очите, „нема пиво после 7“. Викам „Ок, само мастиките“. На излегување вика „А пиво сакаш а?“ јас изненаден од прашањето, велам „Да де“. „А шо пиво?“, „Па скопско магнум…“, -„нема такво, сакаш Каменица 2л.“, викам „Да!“ и ми го даде. Потоа го дрвевме во празниот парк цели 10 минути, пазевме да не дојде некој џандар. Дечкото од продавницата кога бегав рече „Да ти ебам државата, да ти ебам“ :)) Еве еден поздрав до законот за непиење алкохол после 7:

Што има направено Филип II македонски за Битола?

Во Битола донесоа неколку-тонски споменик. Филип Македонски. Чини 6-70.000 евра. Доволно да се отвори фабриЧЕ. Сѐ уште не е поставен, ќе биде деновиве. Затоа се запрашав што направил Филип Македонски, татково презиме „втори“ за мојот град? Ретроспектива…

Четвртиот век пред новата ера бил вистински предизвик за Филип. Како да знаел дека се ближи пост-Исусовото (христијанско) доба во земјата која ја создал и проширил до пичку си материн. Еден ден се шетал накај Лихнидос кога ја забележал прекрасната пелагониска ширина. „My son ask for thy self another kingdom” рекол Филип на Александар. “αλλά ο πατέρας θα μπορεί να στηριχθεί περισσότερο πόλεις?” рекол малиот Алекс или на не-македонски преведено „Но татко, може да подигнеме повеќе градови?“ Филип се насмевнал и сѐ уште запрепастен од случката со Букефал (кога Александар го скротил со 2 кунг-фу зафати) одлучил да го послуша сина си. Зел еден камен и го фрлил далеку. Таму каде што паднал Филип го оформил градот Хераклеа Линкестис. Ја донел Олимпија и фатил да ја клеца. Ја клецал ја клецал, оваа раѓала деца. Така градот се наполнил. На еден голем камен Олимпија со своите нокти остри како на орел (види: „Кога е измислено ноктарчето“, поглавје 332, пасус 21, стих 1.21) напишала „Ολυμπία“, целосно измрцварена. Цели два и нешто милениуми покасно овој потпис ќе го смени изгледот на еден од најбатал градовите во новата држава, wanna-be република. Филип одлучил да се направи Виа Игнациа, да врви низ срцето на Линкестис. Хераклејчани биле среќни. Конечно ќе може да им парираат на Скупчани (од Скупи) со најмодерната улица во империјата, при што навивачите на диско-фрлачите, популарно наречени „Шкембариас“ секогаш на натпреварите во фрлање дискови ќе викале „Виа Игнасиа“ додека другите од Скупи, „Фалангитите“, викале.„σκατά θα σας τις αδερφές“ што би значело „ви ги ебиме сестрите“. Потоа дошле Словените и матер им ебале на грците, Хераклеа и компанија.

2008г. Нова ера, Битола. Во ова време од Линкестис останаа само неколку камења и две статуетки од кои едната нема глава. Паску и компанија наоѓаат камен на кој пишува „Ολxxμxxία“ што по едно-неделно декодирање откриле дека значи „Олимпија“. „Аха, значи овде е родена Олимпија“ рекле. „Епа ќе му крениме споменик на Филип“ нелогично заклучиле.

Битола како град бил оформен во турско. Легендата со Толе попот блаблабла…дошло името Битола. Во социјалистичкото поредување, тогашниот поредок се погрижи да се отворат Фринко/Фрижидери, Шеќараната, Илинден, Кожарата, Трикотажата, Жито-Битола, Свиларата, тогашен Металец, редица фабрики во кои работеа илјадници луѓе. Илјадници граѓани кои страдно го остваруваа сонот за идеалната работничка класа во ФНРЈ/СФРЈ/СРМ, кои просто јадеа леб од тие фабрики. Денес од сите тие кои ги набројав постои само Металец, кој е приватизиран и за кој не сум баш сигурен дека е истиот Металец (можеби е панкер:) ). Куп луѓе се грижеа да има работа за сите, младите да не си бегаат од градот и да одат во одвратно-грдиот главен град, кој повторно од пепел и прав, во град го претвори истиот поредок. Јеби га, коенциденција. Не велам дека тогаш било подобро од сега, впрочем појма немам како било. Само навистина не можам да сфатам кој кур ми е споменикот на Филип во центарот на Битола? Ок, доаѓаат Грци, ќе ги провоцираме, јасно како ден, но што направил типот со коњот и штитот за мене? (налет сѐ, имал едно око) Па повеќе ќе сфатев да стават споменик од Владимир Талески, тој и тоа како има направено повеќе за Битола (инаку градоначалник од редот на ВМРО-ДПМНЕ). Во националниот занес кој владее во земјава, навистина ми е нејасно зошто ставаат споменици на Грци во центарот на градот. Можеби сакаат да го прогласат за конзул во Битола?

Еве што има направено Филип за Битола: кур има направено.

Почивај во мир Richard Wright!! :’(

Повторно замина погрешна личност. Почина Richard Wright, еден од основачите на Pink Floyd.

Richard Wright!

Фала ти за сите чувства кои си ги создал заедно со твоите другари од Флојд. За сите наежувања, солзи, смеења, воодушевувања, поистоветувања, акорди, песни, стихови, настапи. Понекогаш мислам дека човекот колку и да создава, кога умира со него умира сѐ што правел. Можеби е тоа така, но Pink Floyd се исклучок во сѐ, затоа што тие се Pink Floyd, вечни и бесмртни. Јас сум нивен горд фан(атик)!

Ви го презентирам видеото од Echoes (вториот дел) од Помпеја, најдобриот жив настап (според мене, се разбира) на Floyd:

Забарот. Нехорор приказна.

00.43
Сфаќам дека ми се лоши, почнувам да се преврќам на едната страна па на другата. Имам течност во стомакот. Не е во дебелото црево затоа што кога ќе се свртам престанува да ми се лоши, па почнува за 5-6 минути. Сум во полусон, многу заебано.

07.34
Станав нагло и повратив во шолјата. Многу подобро.

10.38
Се разбудив конечно освежен од инфузијата. Го земам лаптопот в раце.

12.41
Ми кажуваат дека мора да одам во Кравари, службено :) Одејќи натаму го видов написот μέλι напишан на тезга каде продаваа мед. Научив дека за мед се вели Мели. На грчки. Нешто потаму сфатив дека за аптека се вели φαρμακείο, односно Фармакеи фармакио. На странците им е чудна кирилицата. Ами кога ќе ја видат алфабета? Изгледа страшно за човек кој не ја знае. Возејќи се запрашав дали луѓето ќе дадат дупе за пари? Тоа би било навистина штета, но да напишат/преведат пар знаци за обележување на нивниот бизнис со што ќе ги привлечат полните со пари Грци, не го сметам за предавство. Борба за живот јеби га. Треба да се има во предвид дека врвам низ првото село после македонската граница од правец на Грција.

12.49
Се сетив на случката во Моудања (Nea Moudania) од пред 10тина години. Млад пар од Скопје од оди на одмор. Во текот на одморот младичот го фаќа заб. Забот се крши и во подножјето на катникот се гледа трулеж и гној. Две вечери се бори со невидени болки. Доаѓа сабајлето од третиот ден, одат во центарот на градот. Сѐ уште е рано, 06.00ч утрото, нема никој, само една баба која мие излог. Младичот не ја спушта раката од образот. Приоѓа девојката и му покажува на бабата со раката кон дечко ѝ. Бабата се насмевнува, како да ѝ рече „види го шубав е“. Девојката му покажува кон забот, младичот од далеку го покрива лицето и не може да му се види отокот. Бабата продолжува да си го мие излогот и да се смешка. Девојката се сеќава на Кравари, поминаа покрај знак за забар. Покрај забар на него пишуваше и οδοντιατρoi οδοντίατρος. Одонтиатрос, БИНГО, „Одонтиатрос“ вели девојката. Бабата нагло се сврти. „Одонтиатрос“ повтори девојката и покажа кон дечко ѝ. „Аа одонтиатрос“, вели бабата со сериозна фаца. „Ела филе…“ вели, им покажува да ја следат. По 200тина метри доаѓаат до единствениот дежурен забар во туристичкото селце. После зафатот им препорачаа да си одат дома под хитно поради раната.

13.02
Стигнав пред стовариште. Криво ми е шо не можам да бидам СК на состанок со заедницата :(

LHC користи KDE

Слободниот софтвер го поддржува крајот на светот. Срамота!!!

Кога Библијата вели, Библијата мисли…

Еве една честитка за А.Јосифовски, нашиот пророк:

20 There she lusted after her lovers, whose genitals were like those of donkeys and whose emission was like that of horses.

Доказ +||+ Македонски превод.

Среќен 8ми септември

На премиерот на Република Македонија му го честитам празникот, и сакам да ги поздравам роднињето во Сопотско via Иселенички Жубокс.

:video post:

Сина крв, како се случи крајот на светот

Во 3 дена, по идеја моја и на Јован Наумовски, за што најсрдечно му благодарам, напишав уште едно расказче кое го крстив „Сина Крв“. Клик подолу, пријавувајте грешки како коментари на овој блогпост.

СИНА КРВ

Обидот е да се поврзат две приказни, т.е. една идеја и една актуелност. Сепак и двете работи се актуелни кај нас последно време. И се временски окончани, такашто, читајте до среда. Потоа не ви гарантирам дека ќе имате пристап до истиот сервер!

Извадок:

Колку би бил помирен светот кога би владеела една раса. Така функционира сѐ во природата. Послабиот умира, појакиот секогаш победува. Синџир на развојот, сѐ додека не се достигне врвот на еволуцијата и совршената раса не завладее со светот. Тогаш ќе биде апсолутен мир. Тогаш ни дрвјата ќе дишат, ниту луѓето ќе плачат.

lugola.net и google apps

Благодарение на Google и Dreamhost, lugola.net ќе користи Google Apps. Тоа значи дека секој кој сака ќе може да добие @lugola.net мејл кој впрочем ќе е gmail мејл со познатиот gmail web интерфејс.

Исто така во игра се и Google Calendar, Docs итн. На тој начин ќе се решат потенцијалните проблеми со доменот и тие кои користат мејл врз овој домен. Пример, во минатиот месец мојот мејл @lugola.net не беше достапен :/

Пријавете се кај мене, and you have it ;)

« Previous PageNext Page »