Bowling for Columbine
Со оглед на тоа што филмот е одамна “so yesterday”, а јас го гледав дури сега, морам да ви ги кажам моите впечатоци. Едноставно филмот е прекрасен. Не е толку тежок како Ф9/11 за следење, едноставни брзи податоци кои даваат слика за тоа што да очекуваме од материјалистичкиот империјализам на Men in Black. Добро беше што Мур ги спомна Англичаните како убијци и тирани низ историјата, добро беше што покажаа слики од Индијци под пендраците на Британските идиотски колонизатори. И уште еднаш тие што го креваат британското знаме за да покажат колкави панкери и анархисти се, не заборавајте да купите Зипо. Со Зипо работите полесно се запалвуаат и подобро горат. Филмот е фантастичен! На моменти ми лазеа морници, мравки, прелетуваа тетреби…живи снимки, слики, интервјуа…се на се, прекрасно. Браво Мур! И ми дојде една идеја. Да донираме сите по некој милион долари и да го натераме Мајкл Мур да сними филм за договорот на МС со Владата, а? Веројатно ќе ископа работи што никој сега не ги знае? Или ќе му оди на Макрадули и директно в канцеларија ќе го праша што се случи воопшто? Viva Moore!





