Бил Гејтс смрди. Дали?
Луѓето имаат впечаток дека активистите за слободен софтвер го мразат Гејтс или дека сметаат дека е лош човек. Отсекогаш се трудев да го докажам спротивното. Немам ништо против било кој човек (ок освен против неонацисти, фашисти, скинери, националисти и расисти), па така немам ништо ни против Бил Гејтс. Многупати типот донирал во добротворни цели (барем така ни сервираат), има(л) трговски способности и направи тоа што направи. Немам ништо против ни кон Microsoft. Компанија, исто како и „Св. Промет“ колонијалот/билјарата во Битола. Но сега е готово. Гејтс си замина во пензија. Нубовите ќе се радуваат дека си отиде лошиот тип, бизнисмените ќе анализираат, новинарите ќе воспеваат и сл. Ќе дојде некој друг на неговото место. Ако работите стојат вака, тогаш зошто не користам Windows? Многу очигледно, поради тоа што се работи за штетен лиценцен модел кој Гејтс го создаде и уфрли во игра, го прошири и речиси наметна на многу други компании. Тоа е единствената работа кон која имам нешто против. Неговиот удел во создавањето монструм. Нема да протестирам против Бил Гејтс, ќе протестирам против нивниот EULA, ниту против Стив Џобс, туку против нивниот DRM-преполнет хардвер, софтвер и сл. срања.
Замислете да се бориме против Microsoft? Невозможно. Гејтс создаде империја против која ретко кој може. Подобро ќе се бориме против моделот кој ограничува отколку против една моќна компанија како нив. На тој начин ќе добиеме една борба, а многу жртви на спротивната страна –бизнис/лиценцните модели прифатени од редица други компании кои развиваат неслободен софтвер. Се разбира, ни таа битка нема да оди лесно. Ама не можеме и не смееме да се откажеме. Радо, велам радо, би сакал да речам дека се борам ЗА нешто отколку ПРОТИВ нешто. Но со тоа што ние се бориме ЗА слободен софтвер и тој лиценцен модел, ние практично сме ПРОТИВ неслободниот модел. Сакале несакале.
Дополнително се мотивирав од текстот на RMS кој го добив непосредно пред пишувањето на овој пост ![]()





