5 фази на пијанството
Го видов ова и се сетив на едно според мене антолошко парче муабет што го имав слушнато во Парко(т) во Битола додека бев средно.
Кои се петте фази на пијанството?
- Интелигенција - (се совпаѓа со горната листа), кога можеш да дискутираш за било која тема и се разбираш во сѐ
- Љубов - ги сакаш сите наоколу тебе и им кажуваш колку ги почитуваш. Се пушташ на секоја втора типка и јадиш корпа, нормално
- Пиле - главата почнува ненадејно да ти паѓа надолу како на пиле
- Супермен - лежиш на масата со едната рака под главата, другата испружена напред (како супермен)
- Исус - *омиленото* те носат двајца како „распнат“ до прагот на домот. Некогаш и до самиот кревет.
Одамна не сум се очукал квалитетно. Или не…одамна не сум се напил алкохол. Хехе.
Објавено на денешен ден:
- Пролетна чистка - 2008
- Како се создава слободна содржина? - 2008






тест
Чоече, хаха, која вистина ја кажа во неколку реченици