Пиратите се корисни
Пред 3-4 дена во Битола властите фатија 4-5 пирати (студио, рација). Запленија над 1000 ДВДња, речиси исто толку ЦДња. Убаво им покажаа на тие злобни пирати кои не нѐ оставаа да поминеме на широк сокак без да ни скокнат од зад грб убедувајќи не да купиме од нивните пиратски дискови. И тогаш кога ќе ги одбиевме ќе почнеа да не маваат, тепаат и со нивните куки и сабји ќе почнеа да ни ги сечат рацете, прстите и косите. Сега државата се погрижи за пиратите. Но не ги заборави и нивните деца кои лебот го јадеа од неколкуте стотки што татко им пират ги носеше дома пред да го ожнеат од улица. Сега децата на пиратите „добиваат хранарина, школарина и веројатно ќе добиваат здравствено осигурување од државата“. Татко им ја изгуби работата која им беше единствена во фамилијата.
Корисниците на неслободен софтвер кои се против пиратеријата, едвај да имаат 20% легален софтвер на нивните машини. Остатокот проценти припаѓа на слободните апликации што ги користат како Firefox, Thunderbird, OpenOffice.org, Eclipse. Но и тогаш кога тие ќе почнат да користат легален софтвер, имаат морална одговорност да купените дискови со софтвер или мултимедијални содржини ги стават на Интернет или споделат со другарчињата на физички медиуми, единствено поради тоа што нивната желба за работа со компјутери, нивната желба за слушање добра музика и гледање добри филмови, била реализирана благодарение на пиратите и пиратеријата која дотогаш ја „експлоатирале“. А и ако веќе сакаме да бидеме против пиратеријата, поблагородно е да почнеме да користиме слободен софтвер кој ќе даде акредитација на Вашите заложби за имање легален софтвер како и средства и алатки за работа на компјутер. И нели, купувате оригинални легални верзии на Windows за потоа компјутерите да ги наполните со пиратски Adobe софтвер, пиратски Microsoft Office, Nero и редица други апликации и игри и да викате колку е штетна појавата пиратерија.
Еден краток увид на млад уметник кој студира музичка академија во Ск, на кој му кажав за ситуацијата во Загреб за купување на ДВДња со класична музика и опера (во ЦД/ДВД-тека), вели дека и тогаш кога во Македонија би постоеле продавници со таква опременост, ретко кој би бил лојален кон неговата идеја да купува само оригинали, поради тоа што доколку пиратеријата во Македонија не постои(/ше?), уметниците немаше да ги слушаат Набуко, Травијата и Риголето. Немаше да го слушаат Моцарт и Бетовен. Тоа би значело неиздржано школување на овие млади уметници кои секојдневно мора да преслушуваат редици музички дискови и да гледаат низа оперски настапи за да можат да видат како великаните го прават тоа. Некои го прават поради финансиски проблеми, некои поради тоа што сметаат дека знаењето и уметноста треба да се слободни. Но сите го прават. Затоа уметниците во Македонија мора да се благодарни на пиратеријата и не треба да се педери и да се борат за ставање авторски оков врз делата, затоа што ако тие окови не беа разбиени и во Македонија понудени од луѓе кои веројатно се борат за да преживеат до крајот на месецот немаше ни тие да стасаат таму каде што се сега (каде и да се).
Има луѓе кои се за и против пиратеријата. Јас не само што сум за пиратеријата, туку и веројатно сум против прогресот на млади уметници кои се согласуваат да објават материјали кои ги принудуваат слушателите да прифатат ригорозни и бизарни услови за слушање. Тие пак кои се против софтверката пиратерија ги сметам за патетични лузери.
Плус врски:
Објавено на денешен ден:
- Не! - 2006





