Патувавме за Тетово. Тргнавме во 05.30ч. - стандардно за трите наназад патувања што ги имавме. Требаше да прашам за колку време се стигнува во Тетово, фактички ако не е преминот Стража од Битола ќе патувавме само час и половина до Тетово. Немав одено Тетово од 97ма - па сега видете. Градот е поголем од Битола дефинитивно. Поурбанизиран е и од Скопје. Што знам, некако помасивен ми се виде. Додека во Скопје преовладува сивата боја и жолтите коцки наречени згради и парламент, во Тетово градбите се некако нови со бош боја, меѓутоа се помодерни и посвежи. Можеби е и потсвесно или првичен впечаток, но од прв поглед, градот е џааааст фајн.
Стигнавме во 07.30ч. - час и половина порано - боже…сме го утнале терминот. Како и да е, забележавме една многу убава џамија. Градбата и беше целата таква шарена, психоделична, мала и симпатична, што знам, можеби и така се вика „Шарена џамија..“ ? Како и да е, фин пречек. Граѓаните ни помогнаа да ја најдеме зградата на општината, сите беа некако топли во разговорот но лути во погледот. Јадовме едни кифлички со кашкавал - прекрасни. Епа нели, Тетово има добар бурек и печива
Јаух…мислевме дека нема да има никој, арно ама кога Влатко започна да презентира имаше стандарден број на публика. Според тоа, можам да го дефинирам овој редослед на посетеност, досега (без утрешна Струга):
- Прилеп
- Тетово
- Скопје
- Штип
Можеби Струга ќе се вметне меѓу некоја од овие, или избие најгоре. Да се надеваме дека ќе е така.Разговаравме со еден тамошен професор и директор на UNDP канцеларијата во Тетово, за жал често ги заборавам немакедонските имиња (воглавно, не само албанските), што ми е мана, па не можам да го именувам. Имаше интересен муабет, професорот беше расположен за дискусија, па така, се разви уште едно искуство и познанство.Што беше друго интересно … бев некако заморен. Презентацијата ја правев многу тешко. Едвај ми доаѓаа зборови. Возењето и постојаното менување локации се тешки за организмот и метаболизмот, малку сум и настинат, ништо страшно, се релаксирам сега со прекрасна Tai chi музика и свежи сокови од цвекло и портокал+кива.На враќање тотално откачивме. Го вежбавме Доплеровиот ефект на начин што, кога се наближуваше некој човек на патот, Павле и Влатко ги отвораа прозорците и имитиравме мотор на Застава. Така човекот слуша само ….рррргггААААрАрАРррррргггг……леле лудила беше тоа таму. Многу се смеевме, до лудило - тоа кажува дека патот вредеше да се мине.Утре завршуваат активностите околу овие семинари. Да се надеваме дека за скоро ќе има слични вакви дружби, средби и лудории.
P.S. Сега видов дека постов личи малце на содржина од типот: „Еднаш..ко бевме..со хорот..во камп..свиревме..флејта..и флејтата..се скрши..“, ама што да правам, „утепан сум човече, ти еем..“
„…тотално откачивме. Го вежбавме Доплеровиот ефект…“