Моето место или книгата на фаци, what’s the point?!
Од неодамна, чисто експериментално користам MySpace и Facebook. Едното ќе го најдете лесно, другото нема и нема да Ви го кажам. Таму има фаци кои ги сретнав на … па таму ги сретнав и ги додадов. Не можев да сконтам зошто луѓето околу мене (зависи каде сум) се заразени начисто со, да речеме, Myspace. Што прават по цел ден на Myspace? И што му е интересно да прават на Facebook. Баш поради тоа, веќе 2-3 недели ги користам овие сервиси (Иако facebook имав креирано одамна, па дури сега почнав активно да го користам).
Како што би рекла една девојка, она што мене ме прави зависен од Jabber, Кајмакот итн. неа ја прави зависен Facebook. Она што мене ме прави зависен од pacman -Syu, fetchmail неа ја прави зависна од MySpace. Не контав шо е тоа конкретно. Ми требаше конкретната зараза. Додадов редица другари, ставив геј сликички од мене, па дури верувајте и самиот се сликав за да имам што да ставам таму (најчесто себе си се знам, па ги сликам другите настани, места, луѓе). Прво и основно, социјализацијата на овие сервиси доаѓа од можноста за:
- Коментари
- Обновување на пораката за статус
Кога некој испраќа коментар неко му, овој не враќа на неговиот профил (таму каде што ќе се објави тој коментар), туку враќа на профилот на тој што го испратил коментарот. Што добив јас од Myspace досега? Манијакална навика да проверувам кој додал нови слики, коментари, кој ми испратил комплимент (пошто ретко кој објавува реални информации од типот „овде си сликан накриво“, сите велат „леле колку си убав“, особено девојка ми ха ха). Исто така добив информации за тоа дека Shpongle вечерва ќе имаат лајв настап кој ќе се емитува во живо онлајн (стрим), дека Fighting Windmills ќе свират на Таксират, дека ова дека она. Се чини дека почнав да ја сфаќам разочараноста на Myspace корисниците. ДА, овие корисници навистина се зависни од него. Редица од нив до толку се поистоветени со него што ми рекле „Оној ми згреши, ќе го спуштам на листата на најдобри (top) пријатели (friends)“. Како со тоа да го асоцијализира по хитна постапка. Куп од луѓето сепак ги имаат профилите поради тоа што сакаат да мањачат. Ги сфатиле сервисите како adult friend finder и компанија, па бркаат мали девојки.
Истото важи и за Facebook, со тоа што Facebook е поубавата половина на зависната сестра Myspace. На овој сервис „се видов“ со многу стари другари кои „ме додадоа“. Видов слики од прекрасни школски шо учеле со мене и се смеев на интересните фотки на моите најблиски другари, особено на тоа како другарка ми С.Џ. зборува српски (верувајте, дамбетер е од мене!!!).
Статусната порака многу кажува за тоа што правиме и како се осеќаме. Често се користи и како алатка за привлекување внимание за attention-whores кои ги користат овие сервиси. Така, кога на една девојка која „ме бендисваше“ (морав на битолски, sorry), ѝ кажав дека веќе се.. овај.. социјализирав со девојка.. на статусот на myspace напиша „ХХ се вери, е заљубена и најверојатно трудна“. Патетики. Или пак кога некој јади корпа, покрај тоа што ќе Ве тргни од Top Friends, ќе стави порака „ХХ е тажен и депримиран, не ме гибајте оти ќе се самоубијам!!!“.
Најмногу од „квалитетите“ на myspace и facebook ми се допаѓа промотивниот аспект на мрежата. Еве, како што реков, пратите кој бенд што издал, кај ќе свири, шо има вечер во „Сопотско“ итн. Тоа е и повеќе од корисно нели?
Засега, по 2 недели (малку е!!) користење мислам дека почнувам да се осеќам web2.0 - 0.4. Битно е да напоменам што таму не го споменувам „gemidjy“. Таму сум оној јас, од вистинскиот живот. Дали ќе останам достоен на сервисите, зависи од сите. Па веќе и почнав да ги менувам сликите и статусните пораки. Фак ит. Краста.








