Archive for August, 2008

Влијанието на желбата да се биде различен врз IT технологијата

Часот е 00.33 и не можам да заспијам, па така ми текнуваат глупости и по нешто интересно. Се мислев за нешто што од порано сакав да го обработам на блогов секако инспирирано од слободната култура која се трудам да ја форсирам како знаам и кај ќе стигнам.

Корисниците на слободен софтвер или тие што се разбираат во компјутери нешто повеќе од „студентски прашања“ знаат дека кога станува збор за GNU/Linux, не можат да се сетат на нешто конкретно затоа што постојат милион дистрибуции кои ја прават одлуката за тоа што да се користи потешка, но од друга страна имате слобода да изберете различна дистрибуција за речиси секоја различна намена. Така имате Ubuntu GNU/Linux за корисниците на GNOME и Kubuntu GNU/Linux за корисниците на KDE. Имате Dreamlinux за мултимедијални корисници или Gentoo за напредни корисници кои сакаат да имаат целосна контрола врз софтверот што го користат (врз неговата оптимизација). Сѐ разбира, не значи дека ако Ви затреба програма за уредување звук мора да инсталирате дистрибуција за таа намена. Сиот слободен софтвер што постои денес можете да го користите во секоја GNU/Linux дистрибуција, да ја инсталирате саканата апликација преку системот за справување со пакети на Вашата дистрибуција. Кога почнав да користам слободен софтвер, тоа не го направив затоа што знаев што правам. Не го разбирав концептот за слободен софтвер. Не ни знаев дека има воопшто концепт. Знаев дека станува збор за нешто различно. И баш околу тоа е и идејата. Зошто дел од луѓето сакаат да прават работи што се различни од тоа што го прави мнозинството. Речиси секогаш кога толпата ќе тргнеше нагоре јас сакав да одам надолу. Тоа често ме носеше во заебани ситуации кои неоправдано ги форсирав до тотален дебакл, но некогаш ми го правеше животот поинтересен. Секако дека не би било ок да се шеташ гол во куќа каде живеат калуѓерки, но од друга страна би било интересно да си облечен како калуѓерка (монах, whatever), во куќа во која сите се пашаат со голи газови. Така бидна и со системот. Некој спомна дека е кул, дека
е ти реков ми рече, па почнав да го користам. Сега причината и потребата од бидување различен избледе, па еве по некое време повторно се навратив на тоа. Помудар и покул, се прашувам дали денес уште постојат луѓе, особено од младите, што би користеле слободен софтвер, само затоа што тоа е различно од тоа што го користат останатите? И најверојатно одговорот е големо ДА, што во секој случај е лоша причина за користење слободен софтвер. Зошто?

Би рекле дека е добра причина затоа што се добиваат повеќе корисници, што мене воопшто не ми е гајле затоа што тоа што го промовирам јас не го правам од лични интереси и дека ако денес „добиеме“ 2ца нови корисници акциите наеднаш ќе рипнат 2%, туку од желбата да му помогнам на комшијата. Значи дали еден или милијарда корисници на GNU/Linux, најверојатно нема да ми значи ништо, сѐ додека постои сѐ она што јас го користам и ми е потребно. Тоа ја исклучува таа причина, дека горенаведениот мотив за користење слободен софтвер е позитивен. Тогаш кој е негативен? При изборот да се користи слободен софтвер само затоа што останатиот дел корисници не го користи, луѓето воопшто не гледаат што користат. Дури и не сфаќаат што користат се додека имаат инсталирано Ubuntu или Mandriva или Archlinux (итн. овие се споменати само како пример). За голема жал на љубителите на 90% од дистрибуциите, денес користењето на ред дистрибуции кои впрочем дистрибуираат НЕслободен софтвер врз слободна платформа е од голема штета за целиот екосистем распространет низ целиот свет и составен од хакери, корисници, компании и сл. срања. Најголем дел од дистрибуциите како дел од пакетот/ите за самото јадро (Linux, www.kernel.org) дистрибуираат неслободен софтвер, како неслободни драјвери, фирмвери итн. Дополнително се влошува ситуацијата кога самите корисници инсталираат неслободен софтвер тргнувајќи од неслободните драјвери за графички картички (кои масовно се инсталираат), па се до глуп софтвер од редот на Skype, Flash и сл. Која е тогаш поентата, да користиме слободен софтвер, кој не е целосно слободен?

Јас секако дека не користам АПСОЛУТНО слободен софтвер. И тогаш кога би можел, на хардверот кој го користам, тоа е невозможно. Биосот не е слободен и некои други ‘uCode’ (фирмвери) во самиот хардвер. Исто така користам уште два други неслободни пакети, iwlwifi-ucode (фирмверот) за да може да ми функционира мрежната за безжична врска, користам и Flashplugin затоа што со Gnash можам да гледам само 1% од видеата на Интернет (иако има речиси целосна компатибилност со видеата на Youtube, Gnash е лош за останатите сајтови). И во ред, без Flash се живее (со оглед на тоа и што не развивам Flash софтвер), но без фирмверот едноставно не се може, затоа што треба да се лишам од мрежната. Битно се обидов да направам жртва и се ослободив од Skype, од mp3 музиката, дури користам и генерички драјвер за мојата глупава ATI x1300 картичка, следејќи ја идеологијата која ја прифатив и на која сум доследен.

И така доаѓаме до уште еден скромен заклучок. Можеби сето ова го правиме поради тренд. Јас искрено го правам поради философско-политичките ставови кои ги имам кон компјутерската технологија. Се радувам кога некој го прави онака исконски (користејќи gNewSense и сл. слободни
дистрибуции поддржани од FSF [fsf.org]), но се гадам од луѓе што сакаат да користат GNU/Linux само за да го наполнат со неслободен софтвер и да ги реализираат идеите на компании и здруженија кои промовираат неслободни дистрибуции, што доведува до користење на голем број
неслободни пакети.

Каде би бил јас? Во тие кои користат 2 неслободни пакети, едниот ради потреба, другиот ради  потреба од уживање (музика,видео). Крајната поента е дека идеалната замисла ја применуваат мал број корисници, веројатно тие во круговите на RMS и симпатизерите на неговата кауза. Не е апел ниту обид да карам некого, велам, истото го правев и правам и јас, некој станува свесен порано некој покасно. И секако, сето ова може да се примени врз било која друга идеја. И тогаш кога би шетале голи во куќа со калуѓерки, џабе би било на половината да ставиме крпа.

Врски:

riaa sucks. mpaa sucks. замп смрди.

еве нешто интересно шо го најдов сабајлево:

Python кодче за конверзија на mp3 во ogg

Еве прост код кој ќе помине низ директориумот даден како втор аргумент (pateka, при што # python converter.py pateka) и таму каде што ќе најде mp3 датотека преку надворешен процес (sox) ќе ја претвори во ogg. Ако најде директориум ќе го додаде во листата на директориуми (кои најпрво се pop()-уваат за да се добие целата патека). Кодот може да се замени со една линија bash :) ама поинтересно за мене.

Кодот го ставам во датотека пошто неам инсталирано некој ташак за Wordpress за парсирање на код, па се губи вовлекувањето (indentation).

Внимание: Не сум одговорен ако си го изгорите процесорот или ви се деси некое слично срање. Sox функционира супер, не гризи многу перформанси (иако процесорот работи на 100% :) ), но може да се случи сешто ако го оставите да работи и ако одите да пиете пиво цела вечер. Воедно и мој прв GPLv3 код.

Патем, еве едно мало копче:

Олимписки игри, 2008

Според Маите, ова се претпоследните олимписки игри ;) Се надевам нема да бидат. Вечер почнува една од најубавите церемонии што денешната цивилизација успева да ја одржи редовно секои 4 години. Олимписките игри. Симбол на натпревар, надеж, љубов, разбирање. Во Кина.

Се надевам ќе има што да се види.

(attribution)

Tritium, pwnz

Tritium е менаџер за прозорци, напишан во Python и прилично возбудлив. Откако Ion3 станал неслободен со дел од лиценците под кои што се дистрибуираат делови од кодот, Mako и Stew, авторите на Tritium се обиделе да напишат wm од нула во Python. Според тоа шо го гледам, Tritium навистина личи на Ion3 се разбира има помалку функционалности затоа што е млад софтвер. Но брка работа за сѐ шо ми треба

Досегашната борба со Xmonad заврши неуспешно. Конфигурирав се како шо треба, единствено ме јадеше некој вид на пропуст, бубачка или што знам што, која ја имаат пријавено само еднаш тука. Нешто ми го крадеше фокусот. Ако, мал контакт со Haskell :)

KDE 3.5.x функционираше прекрасно. Фала на сите за се што направија/вте во периодот додека ја користев според мене најмоќната работна околина што постои. KDE 4.x ја сметам за инфериорна, пластична и детинеста средина која никогаш, веројатно навистина никогаш, нема да ја користам :(