Archive for July, 2008

Мал одмор

Ми треба одмор од средината во која живеам. Затоа одам Трпејца. Местото било прекрасно, а и не е Охрид :) ако најдам дружба одам и на Лени, а ако има можност после тоа одам и на „Оди Веслај“. Некој тапа струшки фестивал (хах, just kiddin’ не е тапа!).

See ya around.

Статија за следниот број на „Блок“, “All your base are belong to us”

Блок“ е бесплатно списание со социјални и активистички содржини кое излегува од НВО „Форум на Млади“ од Битола. Во следниот број треба да се појави мој текст на тема „хакерџии“ :)

Многумина денеска се изјаснуваат како програмери. Но не се. Многумина денеска се декларираат за хакери. Тоа се најмалку. Што направиле тие? Многумина сакаат да се револуционери, да ги направат работите подобри, светот да функционира подобро, но слепо ги прифаќаат навиките и принципите што им ги нуди лагата дека мнозинството е секогаш во право. Светот во минатиот век се смена. Промените се случуваат секој ден. Луѓето велеа дека компјутерот нема никогаш да стигне во домовите на обичниот човек. Тоа денес е смешно. Работите се менуваат секој час. Младите надежи кои прават атомите да вибрираат се мета на простите етикети како „криминалци“ или како „прекршители на законот“. Светот стана поле во кое индустријализацијата доби ново име, технологија. Киберпанк ера во која технологијата стана информатичка технологија во која сѐ зависи од нејзиниот развој. Што правиме, што гледаме, што слушаме, облекуваме и посакуваме. Сѐ зависи од битовите податоци кои непрестајно врват низ мрежата од мрежи од мрежи. Некои луѓе се обидуваат тоа да го спречат. Да ги оцрнат тие кои овозможуваат податоците да патуваат неволно. Некои сакаат да ги сечат во корен луѓето кои ја создале и кои ја одржуваат мрежата. Сакаат да ги уништат хакерите.    Read more »

playOgg

for file in *.mp3;do sox “$file” “${file%.*}”.ogg;done

Прејдов! :)

Отстранете го досадниот банер на on.net.mk

Од време на време ја проверувам on.net.mk, некогаш има интересни работи. Мора да признаам. Како сликата на која другар ми (во GIMP1) ја модификува информацијата на таблата од Пелистер по што испадна дека на Пелистер има крвожедни и човекојадни мечки, па за да му докажам што се бара на нашите најпосетувани портали му ја испратив на уредникот, по што за нецела недела се најде објавена :)

На сајтот има досадна и скапа реклама од с*ска банка, која можете да ја отстраните ако во AdBlock Plus додадете филтер за baneri/stopanska/swf/stopanska_sk_2.swf. По ова исчезнува :) Ако не знаете што е AdBlock Plus тогаш веднаш кликнете овде за да дознаете зошто досега не сте знаеле.

Yahoo ја покажува темната страна на DRM

DRM (+Wikipedia) е технологија или концепт, како сакате, кој корисниците ги принудува да прават нешто контра нивната волја. Еден пример за тоа е некој јаваскрипт кој оневозможува да симнувате слики од даден сајт или да копирате текст од таму објавените содржини (иако тоа лесно се заобиколува). Кога велам „НЕ!“ на DRM .. навистина мислам „не“. Не се за џабе многуте обиди на DefectiveByDesign.org да спречи епидемија која би се проширила низ целата IT сфера. Многумина досега се откажаа од DRM, дури се случи и неговиот погреб (Zuneral, the funeral of DRM).

Досега гледавме како EMI, iTunes Store и редица други компании се откажуваат од DRM и пуштаат редица свои материјали DRM-free. Тоа е светлата страна на борбата против злото во технологијата. Еве една темна страна која не доаѓа од борбата (објавено на Arstechnica), туку од самото зло, директно од него:

Лошиот сон на DRM продолжува. Yahoo им испрати е-пошта на своите корисници од Yahoo! Music Store, во кој им соопштува дека сервисот се затвора засекогаш и дека компанијата ќе ги исклучи своите сервери за DRM лиценци/клучеви на 30ти септември 2008г..[продолжува]…реакцијата на многу музички фанови ќе биде „Yahoo имале онлајн сервис за купување музика?“. (#)

Што би се рекло, чао на материјалите кои ги купиле од Y!MS. Датотеките повеќе нема да може да се пуштаат на компјутерите, затоа што нема DRM сервер кој ќе го одобри тоа. Yahoo за овој проблем препорачува режење на датотеките на CD па потоа рипување на компјутер. Прекрасно :(

Еве едно потсетување на видеото кое ја објаснува како „долета“ DRM:

Каде живеам?

Или како што би рекол Војо Стојановски, „…има уште три четири дела за да биде нешто помалку од цела…“ (параф.)

  • Живеам во земја која во меѓународните институции е призната под името FYROM. Самите жители ја нарекуваат Македонија. Вклучувајќи се и себе си во нив.
  • Живеам во земја без грб (подзаглавје: грб од едно друго време).
  • Живеам во земја која го менува знамето кога некој ќе побара
  • Живеам во земја која е агресор и учествува во агресорски мисии во Авганистан и Ирак
  • Живеам во земја во која единствено се цени кој на повисока функција се наоѓа
  • Живеам во земја каде просечната плата е 8000 15.728 денари (130 255 евра)
  • Живеам во земја каде луѓето мислат дека ако ги следат револуционерните и анархистички идеи на историјата во 21-от век, се поголеми патриоти
  • Живеам во земја полна со необразовани националисти, неонацисти и антипацифисти
  • …кои ги тепаат и малтретираат луѓето од сопствената „нација“ и „раса“
  • Живеам во земја иста како и другите земји кои прифаќаат постоење на нација и раса
  • Живеам во земја која потсвесно ми налага „купување“ на бугарски пасош за да можам да патувам низ светот, затоа што…
  • …живеам во земја на чии жители не им е дозволено да патуваат слободно низ светот, кои пак…
  • …живеат во земја која им го ограничува движењето во неа самата. Ако сакате да одите кај роднините во под-пелистерието мора да побарате дозвола од авто(талитарците)ритетите.
  • Живеам во земја во која директорите, судиите, претседателите, функционерите, тендерите и курташаците се добиваат не според квалитетите туку според роднинската, пријателската или сексуалната поврзаност помеѓу ентитетите.
  • Живеам во земја во која луѓето се замараат со егзодуси и имоти случени/одземени пред речиси цел век. Во земја која не ја гледа утрешнината. Туку само историјата.
  • Живеам во земја која велича терористи. Која во системот има имплантирано поранешни убици и која убиците и насилниците ги пречекува со слатко и викотници по аеродромите.
  • Живеам во земја која живее до земја која живее до земја која живее до земја –сите преполни со национал-шовинистички идеи и омраза.

“Fuck Off Greece”, „Свесте те се македонци, СРБИТЕ ве НиШТАт“, „Мети на границата, за да поминеш преку неа“, „Граница!“. Не сакам да признаам дека живеам во неа.

Linus pwnz!

:) :D :)

Security people are often the black-and-white kind of people that I can’t stand. I think the OpenBSD crowd is a bunch of masturbating monkeys, in that they make such a big deal about concentrating on security to the point where they pretty much admit that nothing else matters to them.(#)

Пироман со дозвола

Почнува да станува стварност. Не смеете да излезете од дома и да одите во планина без да кажете на надлежните каде одите, зошто, и како. Покрај тоа што барањето за дозвола за шетање и престој во шума е упад во приватноста на граѓаните, претставува сталинистички метод за заплашување на рајата занемарувајќи ја неспособноста на истите тие (Државата) да го решат проблемот поинаку. Замислете да не читам весници, немам Интернет и не гледам Телевизија. Не знам за законот. Одам во шума и ме крштеваат 2000 евра. Зошто? Затоа што сум сакал да одам да рекреирам на најубавата планина во Македонија, Баба, да имам здраво тело и да придонесувам за општествениот развој на оваа мизерија од држава. Или кога ќе ми дојдат гости од Канада или Таџикистан, ќе мора да им објаснам во каква развиена земја живееме и дека мора да барам дозвола од државата кон која плаќам придонеси, даноци, сметки итн. редовно. Дури користам и патриотски фискални сметки.

Сценариото е ова. Контрола врз луѓето кои се движат во планина, со цел полесно наоѓање на евентуалните пиромани кои би отишле во планина и потпалиле пожар. Ако избие пожар на Баба, надлежните ќе проверат кој сѐ критичниот ден бил на планината (според дозволите) и автоматски ќе знае меѓу кои да го бара виновникот. Затоа што во 80-илјаден град сигурно има 1% луѓе со психички проблеми од кои 20% се пиромани (што би се рекло 0.2% пиромани од вкупниот број жители), многу попаметно е да се направи дозволата за престој во шума да се добива со долгорочна постапка, тестови за психичката стабилност, IQ, способност да расудува итн. Третман за лицата со психички проблеми –НИКАКО! Само казни! Постапката би завршила во рок од 1 месец најкасно, со тоа што пред министерствата за земјоделие и шумарство повторно ќе се редат колони граѓани, што ме потсеќа само на едно нешто. Во свет во кој се бориме за безвизен режим, во таа толку посакувана Европа без граници, дали има нешто подегенско од поставување на ограничувања и потреба од вадење еден вид Виза за патување и престој на територијата на сопствената држава?

Само затоа што во земјата каде што живеам има убијци, силувачи и тепачи, можеби државата ќе најде решение во поставување на „пунктови“ пред домовите на секој граѓанин. Кога ќе излегуваме да потпишуваме каде одиме и што ќе правиме, со кој ќе седиме и зошто. Така многу полесно ќе се стави контрола врз убиствата и државата паразитски ќе знае кој човек со кого бил со што ќе се добие појасна слика за потенцијалните насилници во земјава.

Факт е дека и со и без дозвола ако сакам ќе ја запалам цела планина и уште три други. Целата оваа процедура е да се стави лек на работата. Така прават секогаш, лечат наместо да спречат.

Следен чекор би било и врзување со синџирче. Ав, ав!

Piratebay тужи! yeah!!

Ги обожавам дефинитивно. Обелиск ќе им кренам! :)

Бил Гејтс смрди. Дали?

Луѓето имаат впечаток дека активистите за слободен софтвер го мразат Гејтс или дека сметаат дека е лош човек. Отсекогаш се трудев да го докажам спротивното. Немам ништо против било кој човек (ок освен против неонацисти, фашисти, скинери, националисти и расисти), па така немам ништо ни против Бил Гејтс. Многупати типот донирал во добротворни цели (барем така ни сервираат), има(л) трговски способности и направи тоа што направи. Немам ништо против ни кон Microsoft. Компанија, исто како и „Св. Промет“ колонијалот/билјарата во Битола. Но сега е готово. Гејтс си замина во пензија. Нубовите ќе се радуваат дека си отиде лошиот тип, бизнисмените ќе анализираат, новинарите ќе воспеваат и сл. Ќе дојде некој друг на неговото место. Ако работите стојат вака, тогаш зошто не користам Windows? Многу очигледно, поради тоа што се работи за штетен лиценцен модел кој Гејтс го создаде и уфрли во игра, го прошири и речиси наметна на многу други компании. Тоа е единствената работа кон која имам нешто против. Неговиот удел во создавањето монструм. Нема да протестирам против Бил Гејтс, ќе протестирам против нивниот EULA, ниту против Стив Џобс, туку против нивниот DRM-преполнет хардвер, софтвер и сл. срања.

Замислете да се бориме против Microsoft? Невозможно. Гејтс создаде империја против која ретко кој може. Подобро ќе се бориме против моделот кој ограничува отколку против една моќна компанија како нив. На тој начин ќе добиеме една борба, а многу жртви на спротивната страна –бизнис/лиценцните модели прифатени од редица други компании кои развиваат неслободен софтвер. Се разбира, ни таа битка нема да оди лесно. Ама не можеме и не смееме да се откажеме. Радо, велам радо, би сакал да речам дека се борам ЗА нешто отколку ПРОТИВ нешто. Но со тоа што ние се бориме ЗА слободен софтвер и тој лиценцен модел, ние практично сме ПРОТИВ неслободниот модел. Сакале несакале.

Дополнително се мотивирав од текстот на RMS кој го добив непосредно пред пишувањето на овој пост :)

Next Page »