Archive for June, 2008

Мизар во Битола

Битола нема публика за Мизар. Значи да разјасниме. Има 100 души кои може да ги слушаат, од нив 40 ги имаат повеќето албуми, а веќе 10 од нив се тешки фанови на Мизар. Кога ќе се сумира има 50 души кои би биле на концерт и би се изжуркале. Вчера Мизар беа во Битола и мене, како слаб љубител на нивната музика со многу малку преслушан материјал, ме разочараа.

Пееше Горан Таневски, иако јас го очекував Трајковски (Анастасија), што не е дел од разочарувањето, иако според мене Трајковски има каде каде подобри гласовни способности од Таневски. Ај пееше фалш, нема врска, Мизар си е бренд веќе, нема потреба од таква проценка, но дел од песните ги упропасти со глупирање на сцената. Тимот зад него (музиката) беше Ок, ништо посебно, најмногу ми се допадна гитарата. Озвучувањето беше релативно добро. Атмосферата на „концертот“ беше за никаде. За никаде. На крајот, завршија и како што сите очекуваа (барем тие што разбираат нешто повеќе) немаше бис.

Мило ми е што Влатко како љубител на Мизар (ГоЛеМ љубител!) вчера беше во Битола и ги гледаше.

Се бара девојката Ја најдов! Што ако ја најдов?

Здраво на сите блогери, администратори и Интернет манијаци.

Во петокот, 20ти јуни 2008г. се враќав за Битола од Скопје. Во истиот автобус патуваше едно прекрасно девојче кое заборави нешто во мене. Не можам да ја најдам, не ѝ зедов број ниту знам како се вика. Знам дека беше висока, прекрасно висока (не повисока од 1.75цм.), со висока нога, добро тело и имаше сина капа (ја носеше настрана). После многуте обиди да ја најдам да ѝ го вратам…нештото…остана уште да објавам на блогов. Можеби како предизвик да се најде личност со помош на нашата блогерска заедница?

Како можете да помогнете? Сетете се дали Вие или некој Ваш во петокот на 20ти патувал со голем куфер за Битола со автобус на Транскоп во 17.00ч. Во Битола стигнавме во 20.00ч. Дали Ви дошол роднина од Скопје за викендот? Братучетка, другарка…? Девојчето патуваше со помало девојче, другарка/сестра/роднина. Веројатноста е да се наоѓа во: Битола, Охрид или Грција (ако одела преку Битола…somehow). Според тоа колкав ѝ беше куферот мислам дека каде и да одела ќе седи подолго време.

Девојчето е прекрасно! И го најдов(ме). Благодарение на постов и еден добар дечко.

Update: Не е скопјанка, битолчанка е. Најверојатно има некој Guido, douche-bag дечко од Jersey (впрочем од Битола али исто ти се фаќа) и се прави нешто а-у m-a rc-update ти реков ми рече главна. Јес да е добра, ама не е meant to be! :) Не знам дали да ѝ се јавам пошто сега веќе не ми е интересно. Еве ја најдовме, ќе ѝ го вратам тоа шо беше и толку! Live goes on. Ќе чекам да дојди Lenny да се изжуркам.

Сакам да летам!

Pink Floyd, Learning to Fly:

Negativ, Zbunjena:

::постот има видео::

Слики од забавата

Еве слики и од мене.

Во живо од release-party-то на Фајрфокс

Еве се собравме и прославуваме. Еве една слика:

:D

Кој ќе го прочита ова, а е дома -буљаш!

Девојки: пиратирајте!!

Cosmopolitan ги учи девојките како да си го пополнуваат времето и како постојано да доаѓаат до нова музика. Штубајна.

Firefox 3

Иво Ивановски, најхардкор министер кој ги збуна професорите

Моменталниот министер без ресор задолжен за развој на информатичко општество е најхардкор министер што некогаш постоел во историјата на сите минати влади. И кога велам најхардкор, не мислам најхардкор од сите информатичари туку мислам најхардкор. Од сите воопшто. И од премиерите. Во овој блогпост ќе се обидам да го образложам моето гледиште на идејата да се деплоираат 100.000 компјутери низ школите во Македонија кои пак ќе работат на Ubuntu GNU/Linux.

Не знам дали да речам или не. Ок еве, не велам дека министерот Иво Ивановски е тежок n00b кој користи Mac OS X, иако после неколку негови интервјуа може слободно да кажам дека типот нема појма од некои области со кои се нафатил да се бави. Но мора да земеме во предвид дека Иво Ивановски е политичар. Можеби е млад, но е политичар. Можеби е дете на татко кој целиот живот работел за партијата (не знам) па сега сето тоа му се компензира и добил место во владата, што би рекло дека не мора да бараме ни капка разбирање за да речеме дека го бидува за министер. Секој полтичар може да ја обавува таа работа. Исто како што тоа го правеше секој морон што беше министер со истото задолжение како Ивановски во претходните влади, кои освен одлив на пари во други (намерно не пишува туѓи) џебови и донесувањето на Microsoft во Македонија за Информатиката кај нас не направија ама баш ништо. Да, зборувам за Јани Макрадули. Најголемиот неуспех кој седнал да се бави со развој на информатичко општество во овие 17г. постоење. И тој не беше компетентен. И за него не велам дека требало да е компетентен. Но она што после неговото владеење ме изненади, а бога ми ја здрма и цела заедница на активисти за промоција на слободен софтвер во Македонија беше потегот на Ивановски. Имате 4г. врзана земја со Microsoft и наеднаш…

„Слободен софтвер Македонија“ оди на состанок со Иво Ивановски. После некој месец излегува министерството со нивната хардкор идеја, започнувањето на проектот „Компјутер за секое дете“. 100.000 компјутери деплоирани во училиштата низ Македонија кои ќе работат со Ubuntu. Не знам за другите, но јас бев масивно збунет. Фацата ми беше…ваква o_0 Не знаев дали да се радувам. Не знам ни денес дали тоа се постигна  по средбата на 2С.мк со Ивановски. Единствено пред очи ми излегоа професорите и администрацијата која ќе треба(ше) да го претрпи афтершокот од овој потег. Замислете. Навикнати и затуцани седите пред Windows XP кога пред вас излегува цела училница со компјутери на кои има Ubuntu и која треба ВИЕ како професор да ја администрирате и да се грижите за системите. Теоретски тоа не треба ни 0% да е така, информатичарите особено треба да се спремни за промени без многу мрчење. Но сега имаме илјадници компјутери, кои сакати кои никогаш непуштени, низ школите во Македонија. Не се користат за НИШТО. Професорите добија обука (и повторно ништо не научија и не се задоволни), министерството си го направи своето. Сега останува стварта да издестилира. Но тоа нема никогаш да се случи. Проектот „Компјутер за секое дете“ ќе пропадне до следната Нова Година. Навистина не знам шо ќе се случи со компјутерите, иако некои дебилни фаци веќе пробале да инсталираат Windows XP Pro на Thin-клиентите (што колку што знам е практично невозможно), но целата идеја да професорите по сите предмети држат настава на компјутери на кои има Ubuntu е наежувачка. Да, тоа го велам како евангелист на слободната култура и слободниот софтвер, кој патем имал придобивка (материјална!) од целата оваа ствар. И кој како координатор на Лугола, се дрзна :) да му испрати мејл на Иво за да му каже дека во Битола има група која се бави со оваа проблематика и која волонтерски ќе може да му помогне. Никогаш не добив одговор (можеби и нормално).

И затоа што критикувам, еве и еден конкретен предлог, кој сега е временски бесцелен за реализирање. Сакате компјутер за секое дете? Дајте им субвенции на учениците од средните училишта, при што со доплата од 100-тина евра секој да може да си купи лаптоп. Нешто како што направивте со уште полошата идеја за компјутери за секој апсолвент. Вака, ќе имаме задоволни ученици кои ефтино ќе си добиеја лаптоп и професори на кои би им се сугерирало да инсталираат Ubuntu GNU/Linux на нивните компјутери, дома или на работа, и да научат да го користат, за да може потоа на учениците да им држат настава.

Професорите се многу збунети. Немаат појма кај тераат. Тие со стручните предмети се уште позбунети. Оние пак кои се држат до Microsoft-овите платформи едвај чекаат целата оваа работа да потоне. Не грижете се. Ќе го видите тој ден за скоро. Вака како што стојат работите, проектот никаде не тера. Уште една изсилувана постапка на бирократијата која се бави со нешто што не е нивна работа.

Слобода наместо милитаризација, слободен софтвер наместо насилство!

Слободен софтвер наместо насилство!

Запамтете сѐ што учите. Според планот на Пјотр Возниак

Кога видов Wozniak прво помислив дека се работи за Steve Wozniak, али испадна дека е Piotr (Пјотр). Не знам во каква релација се, но и двата ги поврзува нешто многу големо. Пронајдоците. Инвентивноста. Додека едниот помогнал во процесот за доближување на личните компјутери до нас самите, другиот ги искористил нивните можности за пресметки и создавање софтверски производ, преку неговото истражување за процесите на учење, запамтување и заборавање.

In the late 1800s, a German scientist named Hermann Ebbinghaus made up lists of nonsense syllables and measured how long it took to forget and then relearn them. (Here is an example of the type of list he used: bes dek fel gup huf jeik mek meun pon daus dor gim ke4k be4p bCn hes.) In experiments of breathtaking rigor and tedium, Ebbinghaus practiced and recited from memory 2.5 nonsense syllables a second, then rested for a bit and started again.

Во процесот на учење, човекот полека се доближува до фаза кога заборава сѐ од тоа што предмалку го прочитал. Непосредно пред да го стори тоа, доколку го повтори материјалот, постои голема веројатност дека ќе го запамети материјалот засекогаш. Тоа треба да се направи прецизно. Тука влегува SuperMemo. Неслободен софтвер кој е резултат на целото негово проучување. Нема верзија за GNU/Linux, но сепак има алтернатива.

Ако го прочитате целиот овој текст и примените дел од советите и праксата што се препорачува, можеби ќе станете memory-freak :) Јас искрено ќе пробам. Не знам дали ќе успее. Зошто да не? Мозокот прави чуда.

Next Page »