Archive for April, 2008
Здив
„Не мора да значи дека ако ти си фотографирал мора да се сеќаваш на тоа. Сите, особено ти, поминавме низ толку многу последниве неколку месеци. Побогу, заедно живеевте 4г., а 13 бевте во исто школо. Природно е да заборавиш на некои настани кои се потиснати од поважни чувства што си ги осетил. Едната работа се фрла длабоко во потсвеста, другите преовладуваат, но некогаш ете, доаѓаат длабоко од сеќавањето и нѐ прават да се чувствуваме мистично. Како некој да сака да си поигра со нас. Мозокот е склон кон поврзување на работите една со друга. Постојано бараме причина за случките што нѐ опкружуваат. Сакаме да знаеме зошто. Но Горазд, некогаш едноставно нема одговор. Тоа е најголемата причина да се живее утрешнината. Да го живееме моментот. Не постои причина за утре сонцето повторно да изгрее. Тоа еднотсавно ќе изгрее сакале-не сакале. Не отстапувај од тоа. Пробај да се насочиш на моментот.“ -се насмевна таа, задоволна од тоа што го кажа“.
Ова е дел од мојата нова книга -ЗДИВ. Првата е ТАБОЛИН (remember?)
Поезија пишував од 16г. па се до…некаде…19? Да, 19. Имам многу тетратки необјавени материјали кои планирам да ги објавам како слободни трудови ако некогаш се нафатам да ги префрлам в компјутер. Проза, од неодамна..Многу од инспирацијата ја црпам од голем број разговори со интересни фаци кои сакаат да дискутираат за теолошко-научно-философскиот аспект на животот, не само за компјутери, програмирање итн. Особено, потенцирам со bold, голема инспирација ми се дискусиите со Павле, кој најверојатно дел од своите мисли ќе ги најде кај некој од ликовите. Па еве, благодарност до него/тебе!
Next…ако знаете за некој конкурс каде можам да конкурирам со книгава, Ве молам кажете ми, не се работи за награди и материјални придобивки, едноставно за промоција на мојата идеја. Во моментот работам на многу приватни работи. Релативно сум преокупиран. Празнициве ми убија дел од можноста да работам (на било што, како и на секој), но од друга страна делумно и ме инспирираа да пишам сега. Оваа книга започна како идеја за расказ од неколку страни, но не можам да го опфатам она што ми се сврти како идеја во мал расказ … ок, и книгата нема да е 4 тома, ама ќе е книга.
murderfs
Reiser is guilty of first-degree murder, the jury has found. He killed Nina with premeditation and deliberation and now faces 25 years to life in prison. Reiser’s brow was furrowed as court clerk Fil Cruz read the verdict in a courtroom packed with prosecutors, reporters and sheriff’s deputies.
Ханс Рејзер, таткото на reiserfs, е прогласен виновен за убиство на својата сопруга.
Гркофобија, бугарофобија, албанофобија и македонољупство
Не сум гркофоб. Не сум ни бугарофоб. Не сум ни гркофил. Ниту пак бугарофил. Ни албанофоб, србофоб, кроатофоб, славофил, славофоб, пичкофоб, курофил, ниту италохит на антена 5. Јас сум нешто сосем ново, фобофоб, кој знае дека човечкиот живот има висока цена со мал профит. Алтруист? Можеби. Едноставно ги мразам војните. Не сакам да си скратам ни 5 минути од моето време мразејќи го комшијата или сакајќи го соседот. И двајцата ми се исто. И двајцата се луѓе кои дошле на ист начин како и јас и кои ќе завршат на истото место каде и јас. Не сакам да размислувам за тоа дека нема да купувам во Веро ниту пак дека ќе го преферирам Макпетрол. Колку само Македонци работат во Веро?? Колку мина Македонци работат во текстилните фабрики во сопственост на Грци? (неоспорна е злоупотребата на трудот на овие работници, но тоа е друга дискусија). Тотален апсурд. Нема да се двоумам да изберам некој жежок грчки остров наместо глупавиот, досаден, скап и арогантен Охрид. Тоа што нивните политичари им ги наполниле главите со фасада за тоа дека Македонците се злобните вештери е нивен интерен и политички проблем. Можеби оваа година ќе одам на друго место на одмор, пошто и девојка ми ја има фатено истото лудило за се-грчко бојкотирање. Но ако го погледнете ова ќе видите зошто[updated] Грција како наш северен јужен сосед е прекрасна земја и зошто на моите деца нема да им кажам да не одат на одмор во Грција каде ќе се љубат со љубените додека морето мирно плиска на плажата на Bucabar.

Мислам дека ние обичните луѓе премногу се замараме со тоа да направиме фобија кон Грците. Исто како што Американците правеа општонародна фобија со тероризмот, исто како што Грчките (ква-ква-ултра-квази) медиуми прават анти-пропаганда против северниот сосед, а нашите (ква-ква-убер-квази) медиуми упорно загризуваат. Една работа е јасна, што и да правиме ние, колку и да не одиме во Веро, колку и да не тураме нафта од Окта или пак да бојкотираме летување во Грција, политиката ќе биде скроена (ауф како ова звучи клише) како што некој друг сака. Чист пример, јас не сакам да влеземе во НАТО, но ќе влеземе и јас како обичен граѓанин нема да бидам прашан. Ќе бидам одебен. Истото ќе се деси и со Грците кои се џигер-сини во градите од тупање со тоа што се Грци кои живеат во Македонија (реф: територија). Нашите животи вака или така ќе продолжат, ќе дојде уште една Нова Година или еве..Велигден и пак ќе одиме во Веро. Што треба тие од помалите средини (Битола here), да се жалат дека СЕ е во Скопје и да спамираат по мрежава да не одиме во Тинекс?? Морбидно.
За крај, не сакам многу политика. Се обидов да сум патриот кога бев во Бугарија на студии и кога видов дека интелектот таму не се замара со тоа како јас се чувствувам. Таксистите да, провоцираа и јас бев вознемирен. Истото се случуваше и во Грција, кога ќе им кажев дека сум од Македонија..некои ќе речеа „Аха Скопје“ на што одговарав “Охи, Битола..“
Дури еден тип рече дека неговиот дедо го зборал мојот јазик. И што требаше да речам јас „Ееееееее виде, таа Македонија е наша, затоа дедо ти зборува македонски, ај сега фино лепо врати ми ја!“. Патриотот во мене кој во форма на националист или фашист кој плукаше по се немакедонско умре. И сум среќен поради тоа. Пошто сега не ширам националистички смрад! Пробајте да го сузбиете створањето омраза кон другите луѓе. Да, и во Грција има невини луѓе шо се плашат да дојдат во Македонија пошто некој наш неонацист ќе им ја ичкрта колата со спреј.
Забелешка: Последниот Гемиџија, Павел Шатев, почина во друштво на пра-дедо ми. Бастунот на анархистот сѐ уште е во куќата на мојот вујко (како што имам кажано многупати). Шатев бомбардираше бродови, тогаш кога падна Гвадалкивир, но тоа не го правеше за да докаже колкави муда има и дека е Македонец, туку го правеше за да каже дека размислува различно од другите. Не црташе мапи и знамиња, туку работеше. Нешто како рана фаза на „A little less conversation, a little more action please“
Не сум гркофоб. Туку сум гркофил на убави гркињи
A phobia (from Greek: φόβος, phobos, “fear”), is an irrational, intense, persistent fear of certain situations, activities, things, or persons.
2 убави книги
Искрено кажано, сѐ уште се вклопувам во концептот на MVC, апсолутно ново за моето скромно знаење и на моменти се чувствувам … вака!, но со текот на времето и со читање на упатствија се снаоѓам. На патот ми се најдоа две многу убави книги. Едната ја купив од Amazon точка ком
другата ја симнав од pdfchm. На сите кои почнуваат да работат со Rails и кои сакаат да го продлабочат своето знаење во овој прекрасен фрејмворк, строга препорака за:
Agile Web Development with Rails: Second Edition, 2nd Edition
Книгава иако второ издание расправа за Rails 1.2. Последна верзија на „шините“ е 2.0(.2), но сепак не го осетив јазолот на различните верзии. Многу битно е што коавтор на оваа книга е David Heinemeier Hansson, авторот на Rails, со тоа му се зголемува компетентноста на информациите во книгата. Сѐ уште ја немам дочитано, но судејќи по тоа како ми оди, за нецел ден прочешлав речиси половина од неа, ќе го сторам тоа до следниов викенд. Примерите што се даваат во книгата се практични и сите сугестии и предлози се најдобронамерни од стекнатото искуство при решенијата што DHH и тимот со кој тој работи ги создавале. Имајќи во предвид дека документацијата на Rails е хаос, па дури и noobkit, книгата дава практични примери како д се дојде до барано решение, кој валидатор да се примени, ти реков-ми рече…
Патот на шините, или The Rails Way. Ова според мене, иако неофицијално, е референтната книга за Ruby on Rails, издадена од Obie Fernandez со менторство на …guess! DHH. На почетокот кога ми стигна делуваше .. МАСОВНО на цело село. Книгата има близу 1000 страни, практично ладно оружје. И на почетокот бев разочаран од тоа шо го тупи го тупи го тупи … но! откако ќе ја прочитате првата книга, втората ви доаѓа како мајонез врз паштета. Па шо знам, to fuck him, еве ви една голема рецензија, тупете си умот.
Предлог за Кајмакот: Погреб на постови!
Со оглед на тоа што Кајмакот се повеќе и повеќе станува популарен, барем тие што се доследни до неговото следење се секогаш таму, многу често доаѓа до потреба одредени постови да се погребаат. Како функцијата Bury на Digg. Се појавуваат педерски постови со навредливи националистички содржини, и пријавувањето на „Проблем“ како што е засега замислено тоа да функционира не го решава проблемот, бидејќи јас лично имам пријавено неколку спам постови за кои немаше реакција…јас не знам Django и во доследно време немам намера да учам
Значи отпаѓам од варијантата да го направам сам, со оглед на тоа што Кајмакот користи енџин кон е слободен софтвер. НО имам предлог како да се реши. Секој пост станува популарен во однос на здобиените гласови. Уште едно копче/врска „Погребај“ или шо знам…„Закопај“ или „Еби му матер“
кое ќе одзема од тие поени и адекватно ќе проверува дали постот е популарен или не (веројатно истиот метод кој проверува дали постот е популарен кога се додава глас).
Се очекува Мр. Глиша да ја реализира идејата ако таа на Кајмакот освои повеќе од 15 гласови. Хм..? Mercy.
GREECE throws IOException

хихихи
Emacs artist-mode
Никогаш не престанува да Ве изненадува и импресионира.
Emacs, овојпат во уметнички режим преку artist-mode.
Зошто не го сакам Twitter
Затоа што не сакам да знам кога другите имаат пролив и дали сабајлево мочале налево или надесно!







