Archive for March, 2008

Flava и Jex

Можност за користење на Java сервлети до кои ќе пристапувате преку ваша Flex апликација, многу, многу се олеснува доколку наместо Tomcat користите Tomcat. Exactly! BlazeDS е форкувана верзија на Tomcat (LGPL) која овозможува многу полесно поврзување на Flex со Java код кој работи на сервер. BlazeDS е спремен со сите нишани (оттаму BlazeDS со додавка Turnkey). Кај стандардниот Tomcat треба да модификувате неколку датотеки за да овозможите пристап до класите на серверска страна. Овде може да го пуштите серверот, да го додадете описот на дефинициите и декларациите во remoting-config.xml датотеката и веднаш да почнете да користите Flex и Java.

Сето тоа можеби многу го олеснува Flex Builder 3 (намерно пишувам 3 поради тоа што со претходните верзии немам искуство, а и не прочитав баш весели работи за нив), кој впрочем е додаток за Eclipse и може да се инсталира како одвоена апликација или баш како плагин за Eclipse. Flex Builder е многу важен елемент во мојата работа на Flex проектот поради тоа што за разлика од Java, треба да сте многу повеќе од храбар и нешто помалку луд за да програмирате од Emacs или било кој друг понапреден уредувач на код. Значи, додека Java може да се развива без Eclipse и око да не ни трепне, за Flex ќе треба да просолзиме додека влеземе во циклусот на развивањето.

Стандардно поврзувањето на Flex со Java оди преку неколку начини, со користење на HTTPService, со користење на WebService компонентата за веб сервис (ah God!), и преку RemoteObject или оддалечен објект ако желаете, што и јас искрено го препорачувам со моето скромно речиси никакво знаење за оваа технологија.

Од она што досега го имам забележано е пребавното извршување на кодот (додека стигне до VM во прелистувачот), брзото полнење на меморијата по подолго работење во Flex Builder 3, нешто поинтересниот ActionScript (како јазик за скриптирање и поинтересен се однесува на поинтересен од MXML како маркап јазикот на Flex со кој се гради интерфејсот). Се на се, за да развиваш Flex професионално треба да имаш моќна машина и да си ненормален.

Премин, LSD трип

Денес ја анализирав песната Премин или Pass over на Енестејжа…Анастасиа, од саундтракот на Пред Дождот. Можам аргументирано да тврдам дека се работи за мистично духовно искуство индуцирано од халуциногена супстанца „лисерџик ејсид диетиламид“, познат и како LSD (Lysergic acid diethylamide). Од самиот почеток се препознаваат фазите на LSD трип, па се до крајот. Можноста за индуцирани халуцинации од мускарински или псилоцибински печурки ја исклучувам поради неколку причини кои ќе бидат споменати. Песната се отвора со јасна и концизна констатација:

Стојам, да не би достојал, пред не знам чија порта

Ова е делот кога киселнината почнува да делува на нервните завршетоци на мозокот, очигледно конзументот несвесен дека тоа се случува ни кажува дека не знае каде се наоѓа, несвесен дека тоа е влезот вотрипот, т.е. таа „нечија порта“. Во еден момент се гледа желбата да се ослободи од тоа чувство сакајќи да се откаже „да не би достојал“, и да се врати во нормална состојба на умот.

И пак проверувам, буден сум ил сонувам,
созерцувам или прелестувам, кој ѓавол ќе го знае…

Ова е еден битен елемент во текстот кој ни кажува дека авторот кој ја пишува песната е личност со библиско-духовна природа која во моментот на искусување на трипот се обидува да сфати дали е буден или сонува, префрлајќи му ја вината за тоа на ѓаволот, затоа што тој секогаш е виновен за сѐ. Забележете го делот „созерцувам или прелестувам“. Изрази кои во богатиот речник на авторот едноставно излетуваат од длабочините на несвесното во моментот кога тоа е најпотребно.

Духовното искуство на ова халуциногено патување ги става своите темели во моментот кога почнува потрагата по „него“, по тој кој овде некогаш одеше:

И барам знак, траги од страдање,
дали е ова земјата по која тој некогаш одеше

Во тој момент авторот не е сигурен во нечовечноста на луѓето, се прашува дали навистина е можно да го убијат оној кој ги изведе од пустина и кој им ја понуди водата како заситување на нивната жед за вера. Преку овој текст:


навистина ли го убија, оној што ги избра,
што ги изведе низ пустина

..започнува фазата на трипот која може да се опише како параноја. Поставување прашања за кои очигледно во нормалниот свет нема одговор, а веројатно остануваат исто толку реторички и во самиот трип.

зошто стојам скаменет и немам таква сила?
не верувам ли доволно или неточно сум сфатил?
од каде тие сомнежи, од каде тој страв?
дали ќе ми отвори, дали ќе ме прими внатре?

Преку горниве стихови завршуваа таа фаза на параноја и започнува фазата на т.н. шилци, кога авторот наеднаш го здогледува одговорт и утехата:

и оној од кого сум нема да дозволи,
оној што ме возљуби, нема да ме остави сам среде шума густа од раце што ме грабаат

Фазата на шилци ни укажува на тоа дека одговорот е како мека болка во разумот на авторот која ослободува опиумски пептиди во организмот кои му даваат чувство на благо уживање непосредно пред да започне еуфоријата на трипот. Навестување за тоа дека авторот во еден момент забегал со размислувањето во трипот и се поистоветува со личност како Мојсеј или Исус е завршниот стих на првиот дел на трипот (вториот дел се еуфоријата и климаксот):

о Боже, Господи, слава тебје..

Ова е многу интересен трип со оглед на тоа што еуфоријата и кулминацијата започнуваат во еден ист момент. Тоа и ни кажува дека се работи за хемиска (синтетичка) супстанца која умерено го достигнува пикот заедно во самиот почеток на еуфоријата, почетокот на еуфоријата е и кулминација и после тоа се случува климаксот. Во моментот кога авторот почнува да „здогледува“ кедри и киприси разгранети, палми и калинки:


како кедар разгранат, како киприс издигнат.
како палма в градина, калинка во .?.?.
како смирна мирисав, трендафил во иерихон,
како сјајна маслина, покрај сини мориња,
како мермер планина, среде поле вкотвена.

Климаксот речиси не може да се забележи со оглед на тоа што во истиот момент кога се случува, авторот се враќа на првобитната состојба кога трипот започна, пред непознатите порти кои сака да му бидат отворени за да му принесе слава него, на Бог.

Во моменти кога во музиката се слуша кавалче во самата кулминација на песната може да се запрашаме дали и самиот дувач на кавалче во бендот е под некое дејство, па толку добро легна тој сегмент во песната, но се може да биде адаптирано во однос на трипот на авторот на текстот. Што би се рекло, „LSD адаптирана композиција“.

Поддршка за протестите против НАТО

Нашиот сосед нема потреба да биде дел од организација која во светот ги помага војните и убива неивини цивили и деца насекаде. Уште помалку мислам дека треба да го менува името поради тоа што на овие другите тоа не им се допаѓа.

Лично јас повеќе ги сакам цветовите отколку пиштолите и тенковите, па заедно со РФ. како нејзин граѓанин се вклучуваме во поддршката на денешните протести да се оконча процесот за вклучување на Македонија во НАТО структурите, а исто ги поддржуваме и другите слични настани кои треба да се случат следнава недела. Само напред…криво ми е што нема да сум Скопје, би дошол.

Која е разликата меѓу Windows и Linux?

…го запрашаа министерот Иво Ивановски пред 3 недели на емисијата ДИРЕКТНО на ТВ Тера во Битола.
Министерот како од пушка:

Едниот е бесплатен другиот не е!

Благодарам за одговорот.

Bejing 2008

Nazi Bejing 2008

Изменето со GIMP од овој оригинал.

Далај Лама во близина

Еден голем човек, преполн со мудрост и знаење за животот и страдањето, доаѓа во наша близина. Доаѓа Тензин Гјацо, познат и како четиринаесетиот Далај Лама. Би сакал само да изразам една скромна почит кон духовниот лидер на поробените Тибетанци, добитникот на нобеловата награда за МИР и да изразам надеж дека еден ден ќе успеат во нивната долга борба за слобода, се разбира материјална иако тие повеќе претпочитаат духовна слобода.

Кога сме кај духовното, Будизмот многумина ја сметаат за атеистичка религија, односно за верување во личноста и самоспознанието и одрекување од боговите и полубоговите во корист на Нирваната или ослободувањето, во контролата на умот и почитта кон сите живи единки подеднакво без разлика дали се слонови, луѓе или глувци. Од моето скромно знаење за далечно-источните религии, а бога ми и од сите организирани религии во светот, ако веќе морам да подредувам, Будизмот секогаш го ставам на прво место. Поради три едноставни причини: не прави му го на ближниот она што не сакаш да ти го прават тебе –во пракса, сочуствувај со другите исто како тие да си ти и реинкарнацијата –воскреснувањето во пракса. Првото е она што црквата на која родум припаѓам (традиционално сум православен христијанин иако институцијата на оваа вероисповед не ја прифаќам како авторитет) никогаш не ме научила. Второто е една од најголемите причини поради кои се откажав од карниворскиот живот. И третата работа како присуство на физика во духовното сфаќање за животот, односно, реинкарнацијата како M*C2. Сѐ преминува од еден вид во друг, па кога ќе станеме храна за црви и тогаш сме се реинкарнирале, во храна за црви.

Далај Лама СЕПАК повеќе го почитувам како борец за слобода, како политичар и како многу јака фаца. Плус и знаел да левитира ;)

Иван Крстиќ го напушта OLPC

Поради драстичните промени што ги претрпе проектот, Иван Крстиќ, дечкото кој е заслужен за безбедносната платформа на OLPC XO лаптопот (впрочем за Sugar), кој од самиот почеток беше дел од OLPC проектот, сега ја напушта неговата позиција.

I cannot subscribe to the organization’s new aims or structure in good faith, nor can I reconcile them with my personal ethic. Having exhausted other options, three weeks ago I resigned my post at OLPC.

Ова не е одговор на моите прашања што ги имав кон Николас Негропонте, но сигурно е мал дел во оправдување на мојот неодамнешен пост.

Iceweasel во поход за освојување на земјата

И конечно успева, сега IceWeasel ќе може да ја еби исклеца земјата до смрт.

Што се случува со идеите кога се стават под клуч?

Драг чичко, имам идеја за нов лик во мојата омилена цртана серија - Химен. На задната страна го нацртав ликот, а предлагам да се вика Slinger“.

Драго дете, нѐ заболе стапот за твојот предлог. Дополнително нема да дозволиме твојот предлог да се реализира НИ ВО ИДНИНА. Затоа што писмото во кое го испраќаш ќе го затвориме и ќе се погрижиме НИКОЈ да не дојде до него“.

Одговорот на прашањето од насловот на записов е: не се остваруваат.

Конференцијата на Водно

Во саботата за ручек време се одржа конференција на неврзаните, конференцијата на Водно. Слично како тоа на Јалта :)

На настанот беше дискутиран следната покрупна активност на Слободен софтвер Македонија, организирањето на „Ништо нема да се случува“ или “Nista se nece dogotiti” (aka. NSND), што треба да се случи на почетокот на мај во Македонија, со приоритет на Битолско, Крушевско, Скопско или Охридско подрачје.

На настанот се дискутираа следниве можни локации со нивните соодветни цени за престој:

1. Битола
1.1 Молика - 25 еура
1.2 Хотел Битола - 15 еура
1.3 Копанки - 5 еура
1.4 Приватен смештај Трново - дискусијата е во оптек.

2. Крушево
2.1 Монтана ?
2.2 Илинден ?

Како последна варијанта остануваат Скопје (Скопје секогаш Е последна варијанта муахаха), и Охрид (уаа!).
Дотогаш, примаме предлози и идеи на Google групата (за жал) за овој настан.

Next Page »