Archive for February, 2008

Замара, Хрчак и Гашта

Вчера го догледав Juno. Супер филмче. Прекрасна девојка.

Пуштам прва, гледам избор за Евровизија, ја гледам Жиле :) Крава.
Борко беше далеку подобар имајќи во предвид дека му е првпат.

Победија Тамара, Врчак и Гаџа. Oh my freaking God. Дали знаете што ќе се случи на Евровизија кога ќе излезат Албанија и Македонија на сцена? Ок, да доближам атмосфера. Имате, Албанија и признато Косово од нивна страна. Имате Македонија која дотогаш можеби нема да го признае Косово, но во Македонскиот тим имате Албанец. Ќе ги искаменуваат сите тројца. Јавен линч. :)

Лош избор направивте. Ние нема да учествуваме на Евросонг. Бојкот уште од самиот старт.

Нови авантури со Qt4

Тоа што најмногу го сакам кај Qt е елеганцијата. Иако се работи за С++ код, кој многумина ќе го протумачат како крајно не-елегантен и кич, Qt успева да биде права „битолчанка на широк-сокак во сабота на пладне“ - убав! Исто така ми се допаѓа неговата повеќеплатформска конзистентност и моќта да развивате апликации кои лесно ќе се портираат од една платформа на друга. Не би сакал да навлегувам во тоа дека Qt може да се „вгнезди“ во KDevelop, Eclipse, Visual Studio 6/.NET, и триста други развојни средини за GNU/Linux, Windows и OS X, или пак во редицата алатки кои произлегуваат директно од Trolltech или како апликации од трети лица напишани за целите на развивачите во светот. За секој кој почнува да работи со Qt и Kate и Emacs би биле доволни како развојни средини (ако ги гледате како такви), но строго го препорачувам IDE-то QDevelop. Најновата верзија Ви нуди стабилност, брзина и ефикасност. Нема да имате потреба да губите време на странични работи, само ќе треба да развивате!

Моментално за продуктивна работа користам Cute … упс, Qt 4.3. Она што ќе дојде со верзијата 4.4 е навистина прекрасно и возбудливо. Пред сѐ, новата верзија на Qt ќе има поддршка за Webkit преку вградени механизми и графички контроли за користење за овој HTML (rendering) механизам/енџин. Што ќе значи тоа? Мислам дека нагодувате, ќе се отворат вратите за создавање на пристоен прелистувач кој ќе ни ги задоволи потребите без притоа да паѓа, крши, блокира итн. како што тоа сега го прави Firefox. Не сум сигурен дека со Konqueror во сегашната состојба на развој на KHTML (таа во KDE 4.0.1) можеме да работиме во продуктивна средина, затоа што често и тој здраво го тупи, но кога ќе излезе Qt 4.4 барем ќе можеме, ако не некој друг, самите да си развиеме прелистувач :) И тоа многу едноставно. Една од причините поради кои не ми се допаѓа KDE4 е тврдоглавото одбивање на WebKit преку KHTML. Да, KHTML е основа на WebKit, но ми се чини дека WK многу повеќе е поддржан, развиен и унапреден за разлика од KHTML. Можеби кога ќе излезе KDE 4.1 работите ќе стојат поинаку.

И секако, бидејќи денес завршив една (за мене) комплексна инфраструктура на база со податоци, би сакал да спомнам што сѐ научив од овој тро-дневен процес на бркање грешки, наоѓање решенија и учење. Како прво, модулот на Qt4, кој просто се вика QtSql ќе ве направи многу посреќен програмер. Преку овој модул ќе можете да се поврзете на различни системи за управување со бази на податоци со помош на многуте драјвери за таа цел, ќе можете да го користите API-то на дадениот СУБП и сето тоа да го претставите на корисникот преку избрана шема за прикажување (најчесто се користи Model ↔ View со по некој делегат измеѓу). За реализирање на релациите во една база, се користи класата QSqlRelationalTableModel.
Создавањето на релација е лесно како:

model->setTable("employee");
model->setRelation(2, QSqlRelation("city", "id", "name"));

Каде што дефинираме релација на полето 2 (на моделот model) со полето name од табелата city, каде поле-индекс е полето id.

За да ги задоволам моите недостатоци од оваа материја ги прочитав овие материјали:

Re: Помош за мојот другар Игор

Се навраќам на еден стар пост, сега е отворен и број од T-Mobile!

Направив една мала информативна страничка која ќе ја праќам по луѓето и Интернетот.
Раширете го зборот.

Ново: ова се броевите на кои можете да донирате:
T-Mobile: 070 143 183
Cosmofon: 075 143 123
VIP: 077 143 123

Крајот на генералот

Во 1956г. падна Батиста. Власта ја воспоставија браќата Кастро и Ернесто Гевара, познатиот Че.

Fidel Castro

Денес Фидел Кастро, според мене еден голем човек и генерал замина во историјата. Фидел Кастро е сѐ уште жив, но се повлекува од неговата функција, оди во пензија. Денес Куба важи за една од земјите со најсреден социо-политички статус, земја каде граѓаните добиваат бесплатно школување, здравствено осигурување и ефтини/бесплатни лекови, и ефтини пури.

Независност: ОДМА

Имајќи ги во предвид последните збиднувања во врска со само-прогласувањето на независност на Косово, а знаејќи во каква беда живеат нашите браќа и сестри во Тибет, Чеченија, Флојдија и Тајван, од властите на надлежните внатрешни и меѓународни институции бараме разгледување на можноста за усвојување резолуција со која на наведените обесправени земји би им биле дадени права кои им се загарантирани со устав и меѓународно право. Во Република Македонија, под ХИТНО бараме разгледување на можноста за признавање на нашата мала суверена држава Република Флојдија, како меѓународно призната држава со свои обележја и институции за сите граѓани кои живеат во неа. Тоа го сторија и во Рим кога на Ватикан им дадоа статус на град-држава, тоа го сторија вчера и на Косово кога покраината со шест градови се самопрогласи за независна држава, зошто да не може да се направи и во овој дел од Македонија каде народот кој живее на оваа историска територија се произјаснил за независност од својот заобиколен сосед, Република Македонија?

Обесправени од сите непризнати земји во светот: ОБЕДИНЕТЕ СЕ!
Статусот на соба-држава во нашиот случај би можел да биде привремено решение за идната автономност на РФ.

Анонимните протестираа

Групата хакери за која речиси нема кој не знае, познати како Anonymous, денеска излезе на улиците и протестираше против Црквата на Скиентолозите. Ме возбудува тоа што во маски протестираат пред зградата, задржувајќи си го реномето на анонимност, иако повеќе би ме возбудило кога би протестирале без маски во слободен свет. НО, црквата веќе ги прогласи за сајбер-терористи и веројатно ќе спроведува (ако веќе и не го прави тоа), за DDOS нападите и недозволеното пуштање на материјали од „ризницата“ на црквата (видеото со Том Круз), кое ликнало на мрежата без одобрување и знаење на сопственикот и носителот на авторските права - ЦнС:

После тоа, Anonymous испратија уште една, многу поконкретна и појасна порака до ЦнС. Мислам дека добив чувство дека анонимните немаат ништо против идеологијата на скиентолозите (иако неколкупати имаше јавно исмевање на митовите за Зину и однесувањето на Том Круз и другарчињата), туку против чиновите на кражби, убиства и масовно ширење лаги во име на подобар живот за луѓето во светот, а со реална цел за поголема заработка за вработените во ЦнС:

Хабардовиот центар во Битола, колку што знам јас е затворен, веќе..би сакал да им се придружам :)

Пишување по еден збор за едно пени е смешно. Ако човек сака да направи милион долари, најдобриот начин е да започне негова сопствена религија.“, Л. Роналд Хабард, основач на Црквата на Скиентологијата

Пролетна чистка

Јас, Дими и Влатко, некој месец порано, нѐ фати желба за пролетно чистење на Вики. Во процес е организирање на акција за пишување на нови содржини за Вики како и обновување на старите со што ќе се подобри квалитетот на сајтот. Ланската година имавме еден интересен случај. Вики беше пријавено за настанот на WSA во категоријата е-Учење (каде кокошката си го изеде јајцето, баш во таа категорија), па неколкумина наеднаш добивме желба да го презентираме во најдобро светло. Настанот помина, а во еден месец се напишаа над 80 содржини, се обновија многу стари содржини и Вики доби многу поголем квалитет. Ако земеме во предвид колку се имаше напишано тогаш за еден месец, и колку се напиша оттогаш, тогаш го имаме овој резултат. Во еден месец се напишаа повеќе содржини отколку од тогаш до сега (~1 година). Затоа на некој од состаноците се договаравме да направиме акција во која 2 тима ќе работат на создавање нови содржини, за серверска и десктоп употреба. Координирањето не одеше како што треба многумина откажаа од волонтирањето :) засега останавме само неколку души, како што е и секогаш случај во нашето поднебје.

За таа цел ја направивме оваа Вики страница, каде секој може да си земе одредена задача и да работи врз неа. Забелешка: ако идејата ви делува сериозно, а не сте во реална можност да помогнете, не одмагајте со ветување дека ќе пишувате. Подобро задачите да ги земе некој што ќе ги оствари. Патем, листата со задачите се создава динамички, можете да си се додадете и да напишете нова задача од која ќе произлезат Вашите обработки.

На крајот на акцијата ќе печатиме маички со логото на Вики за учесниците.

5 фази на пијанството

Го видов ова и се сетив на едно според мене антолошко парче муабет што го имав слушнато во Парко(т) во Битола додека бев средно.

Кои се петте фази на пијанството?

  1. Интелигенција - (се совпаѓа со горната листа), кога можеш да дискутираш за било која тема и се разбираш во сѐ
  2. Љубов - ги сакаш сите наоколу тебе и им кажуваш колку ги почитуваш. Се пушташ на секоја втора типка и јадиш корпа, нормално
  3. Пиле - главата почнува ненадејно да ти паѓа надолу како на пиле
  4. Супермен - лежиш на масата со едната рака под главата, другата испружена напред (како супермен) :)
  5. Исус - *омиленото* те носат двајца како „распнат“ до прагот на домот. Некогаш и до самиот кревет.

Одамна не сум се очукал квалитетно. Или не…одамна не сум се напил алкохол. Хехе.

Како се создава слободна содржина?

Слободните содржини треба да може да се изменуваат без притоа да се нарушуваат дотогаш направените измени, како и да се зачува тековната локација (УРЛ) на Мрежата. За тоа најдобар пример се Вики страниците. Кој не знае што е Вики, нека го гледа овој клип.

Вики за слободен софтвер
Ви нуди таква можност. За само 10 минути со 3 лесни чекори ќе придонесете во светскиот тренд на создавање на слободни содржини, во случајот, лиценцирани под GNU Free Documentation License (слободна лиценца за документација, таа што ја користат и на Википедија).

  • во OpenOffice.org 2.3 напишете текст со екциклопедиска или упатствена содржина за слободен софтвер; форматирајте го соодветно (задебелен, закосен текст, слики, листи итн.). Текстот може да биде и упатство за програмирање и совети за програмери.
  • одете во ДатотекаИзвези и во Формат на датотека изберете MediaWiki (.txt) по што форматираниот RTF текст ќе се експортира/извези во .txt датотека со MediaWiki синтакса;
  • одете на http://wiki.lugola.net/Име_на_Вашата_содржина. Ќе се појави порака дека содржината ја нема. Кликнете „Уреди“ и вметнете го текстот од MediaWiki датотеката што ја создадовте претходно со OpenOffice.org 2.3.

Со тоа Вашиот текст станува слободен и се согласувате да важат истите привилегии и начела кои се зацртани во GNU FDL. Со новитетот кој го открив благодарение на Игор, можете Вашите текстови да ги претворите во корисна web2.0 содржина на македонското Вики за слободен софтвер.

Новинари

Слика:
novinari.png

Next Page »