Archive for January, 2008

Помош за мојот другар Игор

Мојот другар Игор пред нецела година си го повреди ‘рбетниот столб. Повредата беше навистина сериозна но со помош на луѓето наоколу, пред се на неговата фамилија и благодарение на неговата цврста и силна волја за совладување на проблемот и желбата за ЖИВОТ денеска ситуацијата е подобра. Денес добив вест дека Игор треба да оди на третман за рехабилитација во странство. За таа цел се отворени сметки и телефонски броеви преку кои ќе можете да му помогнете на Игор. Верувам во тоа дека тој во блиска иднина повторно ќе застане цврсто на неговите нозе и нормално ќе го живее својот живот.

Еве го текстот што го испраќаат неговите:

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ ,

ВЕ МОЛИМЕ ВО НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК ЗАРАДИ ХИТЕН МЕДИЦИНСКИ ТРЕТМАН ВО СТРАНСТВО ПОРАДИ ПОВРЕДА НА РБЕТНИОТ СТОЛБ НА 19 ГОДИШНИОТ ИГОР НАУМОВСКИ ОД БИТОЛА СО СЕКОЕ ПОВИКУВАЊЕ НА МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ОД КОСМОФОН, МОБИМАК, ВИП И ФИКСНИОТ НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ДА ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ.

075 143 123 КОСМОФОН

За скоро ќе биде отворен број од TMobile & VIP.
Keep in touch!

Trolltech е купен

Од Nokia.

Што може да значи ова, непосредно пред големите очекувања на Android? Дали можеби и Nokia гледа надеж во слободните платформи?
Работата ми смрди. Qt е (се надевам и ќе остане) многу моќен тулкит, па имајќи во предвид колку корисници на нивните уреди има, може да се дуплира (триплира) користењето на овој тулкит насекаде низ светот. Или да видиме некое мрачно сценарио.

Од денес, Trolltech е во сопственост на Nokia.
Барање за идеи и мислења
Nokia патрон на KDE (yupiiiee)

Хакирање на Скиентолозите

Анонимна група на хакери познати под најконтроверзниот псевдоним кој го имам сретнато „Anonymous“ ги напаѓа онлајн ресурсите на Црквата на Скиентолозите. Досега имаат соборено неколку сајтови и велат: „Нема милост:) Многу ми е ќеф. Сега ги замислувам со тие двете тенџериња како си го мерат..стресот поради нападите :]

Порака до нив:

Поддршка на хардвер

На предавањата кои беа организирани од Александрија и Владата пред една недела се најде еден професор кој тврдеше дека Windows има поголема база со драјвери за хардверски компоненти од Linux јадрото. Се обидов да го разубедам, али не верувам дека помина.

Со цел да се оправдам пред Вас мили пријатели и роднини вториот параграф ќе го започнам со информацијата дека вчера морав да инсталирам Windows XP…да речеме по барање на клиент(?) за еден $профи$ ангажман. Морав да инсталирам XP на Thinkpad-ов? Не! За првпат го величам XP :) Не ми го препозна дискот и инсталацијата беше прекината. Така лаптопов остана чист, ќе го осквернавам PC-то.

Еве слика од екран (буквално слика од екран):
Free Image Hosting at www.ImageShack.us

Трошење пари на 2 ефективни и еден нефективен начин

1.ефективен: трошење пари на книги, секогаш се при Вас, секогаш Ви се верни!
2.не-ефективен: трошење пари на приватен хостинг/домен. Ги трошите парите, правите зависност на посетителите од доменот, в година треба да ги дадете истите пари повторно.
3.ефективен: трошење пари на приватен хостинг/домен. Ставате web 2.0 услуги, ги враќате парите, в година купувате дедикејтед сервер.

be free

kde4

KDE 4.0 композит

На 2 дена пред KDE 4, се појави скринкаст во кои се гледаат новите ефекти на работната околина. Гледам има многу практични работи кои одамна сакав да ги има во _старото_ KDE (пр. затемнување на неактивни прозорци, обележување на покажувачот од глувчето и сл..) кои не се само WoW |O”O| ефекти, туку навистина ја подобруваат употребливоста при користењето на работната околина. Веднаш штом излезат пакети за Arch ќе го инсталирам KDE 4 и веројатно ќе се префрлам на него. Ако ми брка работа..

Во продолжение еве го видеото:

Што (по ѓаволите) се случи 2007г?

Многу убави работи се случија минатата 2007ма. И редица лоши работи кои сакам да ги заборавам. Изминатата година, иако пост-мортем (за жал) сфатив дека го идеализирам идолопоклонството. Си го најдов својот идол, го открив својот бог, оној кој со две раменици и 10 прсти направил нешто за неговата фамилија, нешто што можеме да го видиме без апстрактно да се надеваме, нешто кое е права гордост за нас. Да, веројатно 2007ма го открив оној на кој му ја оддавам сета своја понизна почит за тоа што денеска сум тука и Ви досаѓам со моите постови. Многу работи научив од него и за тоа му сум повеќе од благодарен (не може да се опише со зборови), и покрај фактот што го изгубив тој секогаш ќе биде вклесан длабоко во моето срце и секогаш ќе ја чувствувам истата гордост што сум негова крв и што од него ја добив најголемата награда што ниту еден бог не може да ја подари - животот (и тоа двапати, еднаш ме спаси кога за малку ќе се удавев јадејќи леб како мал :) ).

2007ма можам да кажам дека патував прилично. Бев Дубровник, Грција на неколку локации, Пула, Загреб. Патував и низ Македонија. Поминав секаде прекрасно. Дубровник со гико-хакерскиот округ од Скопје, Закинтос со С., Пула пак со (дел од) првите. На iSummit видов многу убави фаци и се запознав со редица прекрасни хакери и активисти, а на Закинтос ја изгубив невиноста за возење веспа (првиот ден беше посебна приказна). Пула ги запознав најсмешните „пајсери“ на Балканот, Мишко и Марко, а Миша го одбележа патувањето со „хакерску конференцију“ и „шест-мината“ во комбето (впрочем бевме 5 :) )

Whatsoever. Јануари/Февруари бев активен со курсевите за GNU/Linux на UNDP, со Павле и Влатко. Беше ХИЛАРИОЗНО смешно. Грагра, Саруман! Шетавме низ Македонијата.

Откако Тоше загина ми се чини сѐ тргна на-проудолу.
Ама сега е 2008ма. Нова година. Нека ви е среќна и правете повеќе деца!