На сајтот на On.net вчера се појави слика од еден прозорец на Firefox, во содржина со наслов „Фајрфокс во земјата на чудата“ каде според Трендо/уредникот е направен неверојатно глупав пропуст кој заслужува да се стави на Он.нет и на чие исмевање ќе се соберат нешто повеќе посетители на овој портал. Сликата за цело чудо е ставена во „македонштина“ што уште повеќе ја доловува вистинската македонштина во ситуацијата. Еве ја сликата:

За да не правиме промет на on.net.mk (и онака содржината нема да е пристапна за 2 дена пошто ниту еден линк не работи на глупавиот софтвер кој порталот го користи) ја ставив на tinypic..
Со оглед на тоа што и некој друг претходно забележувал на преводот на Firefox, мало појаснување. Во англискиот јазик зборот на кој се забележува е Quirks Mode, кој во Firefox тимот за локализација го превел како Чуден режим. Е тоа е навистина смешно. Аха ха ха ха…хаха, каков пропуст, па Трендо ја откри Америка, па ова треба да оди и на Digg ако ме прашувате мене…за таа цел, сакајќи да му посочам како стојат работите, имајќи во предвид дека нема појма, му пишав дека грешките може да ги пријавува на bugs.softver.org.mk, или што е уште попровактивно, нека предложи превод за терминот Quirks mode па ако најде за згодно да даде кратка елаборација на преводот можеби и ќе се прифати како постојан во преводот на Firefox. Имате пристап до кодот, имате пристап до датотеките за локализација и имате лесен начин да стапите во контакт со тимот кој го преведува Ффокс. Да објавите исмејување на слободен софтвер, или уште полошо, исмејување на превод во слободен софтвер, е исто толку дебилно како и да се смеете на бојлерот кој не сака да топли вода во вашиот дом поради тоа што вие не сакате да го поправите.
Затоа, имајќи во предвид дека за скоро почнува Милионерот, а Трендо како транспарентен водител и уредник секогаш на располагање на рајата, предлагам секој од нас да ја забележува секоја глупава шега што Трендо ќе ја прави на квизот. Барем тие што го гледаат. Ќе ја објавуваме и ќе ѝ се исмејуваме, а ги има премногу…барем ги имаше лани..да забележуваме обиди за зезање на натпреварувачите при што прават ваква фаца: (о_0), да забележуваме обиди за бидување кул исто како што се кул тие погоре, да забележуваме секогаш кога Трендо ќе каже „биди така“ затоа што тоа звучи крајно дегенски и глупаво. Што викате? И да го објавуваме на Кајмакот и сите да пишуваме РОФЛ, ЛМАО и ЛОЛ во коментарите?