Одамна се борев со огледалата на Arch, тие што се стандардните, и бев 90% сигурен дека огледалата се преоптоварени и сл. Арно ама испадна дека е до мојата врска. Кога симнував со pacman од главните огледала, врската не одеше повеќе од 20kb/s што е чудно за кабелскиов. Случајно го отворив ова огледало и сѐ се врати во нормала. Во меѓувреме користев Slackware 12ка како најблизок сродник на Archот. Сега сум back to the roots, Arch е навистина најдобра дистрибуција.
Thinkpad хакирање. Некои Thinkpad модели може да се кракираат лесно со примена на овој метод. Но Т60, каков што имам јас, не може. За неговото кракирање треба да се плати околу $200…јебеш га.
За приказната да е поинтересна, мојот TP има Supervisor (SVP) лозинка. Тоа е лозинка која _владее_ на компјутерот. Ако треба да ја внесете, а не ја знаете, го ебавте ежот. Проблемот е што лозинката не ја имам наместено јас, туку идиотот кој си чепкал на лаптопот во Србија, пред да стигне до мене. Значи, во ситуација да ми побара SVP може гадно да се сјебам..да се блокира сѐ. За таа цел, решив, со помош на поискусен електроничар, да го хакираме Thinkpadот. Најпрво требаше да нарачаме хардверска (сериски интефрејс) компонента од Романија, но благодарение на врските на претходно наведениот, ја најдовме шемата и тој ја склопи електрониката. Остана проблем уште програмата за читање на чипот. Чип?? Да, Lenovo машините од поново време (не знам точно од кога), како мерка на безбедност SVP лозинката ја чува во чип. Ако ја извадите RTC (cmos) батеријата, чипот ќе ги задржи податоците и нема да ја избришете лозинката како што би било случај кај другите компјутери (во случај на вадење на CMOS батеријата, се отстранува САМО POP (PowerOn Password) лозинката). Програмата веројатно ќе ја купи тој ($50 е) затоа што ќе му користи понатаму него.
Серискиот интерфејс се закачува на чипот, потоа тој преку сериска порта се закачува на друг компјутер на кој е инсталирана програмата (на Win XP), се прават 3-4 читања и лозинката се исфрла во .bin датотека, која се отвора со HexEditor за таа намена (IBMPass нешто така), каде на одредена локација стои лозинката. Тадаааа. Патем, видов отворен Thinkpad T60 (мојот), многу е лесен за отворање и прекрасно елегантен е во внатрешноста.

(T60 од внатре со местото на чипот каде што се наоѓа SVP)
Исто видов и X60, прекрасно!

(X60 од внатре со местото на чипот каде што се наоѓа SVP)
Сликите не се мои, не принадлежат под GNU FDL
Во X60 реовладува сивата боја на плочата поради калајот на едно-до-друго наредените компоненти (двојно е помал, нормално). Во Скопје се јавив кај еден тип кој наводно се бавел со вакви работи, отклучувањеи кракирање на лозинки…ми предложи да ја смениме плочата. Воалаааа…ништо чудно, од IBM го предлагаат истото. Сепак, Thinkpad машините се кракабилни, може да им се отстрани заштитата со малку напор. Дури има процедура за ре-програмирање на чипот, која исто така кошта нешто повеќе. За сето ова да е изводливо, веројатно треба да му кажеме фала на типот од Романија, Виктор, кој се бави со тоа, впрочем тоа му е работа, меѓутоа за жал софтверот што го вади е неслободен и често мора да го платите за да го добиете (не за сите модели, пак!).
Ако некој дојде во ваква ситуација, слободно нека ме контактира ќе споделам знаење 