Archive for November, 2007
Шест, седум, осум, погоди кој сум
Вчера добив Forward на покана за еден настан од мој познаник за нешто што деновиве се случува во нашата земја…ај ќе бидам конкретен, се случува вечерва во „.“ Во еден пасус од поканата пишува нешто бизарно:
Под Криејтив комонс веќе се лиценцирани и достапни дури и многу важни комерцијални системи како базата на фотографии Фликер – во сопственост на Јаху, како и Офис на Мајкрософт преку додавка, Опен офис, и Епл со ајТјунс и ајПод.
Што сака авторот да каже со оваа апсолутна дезинформација?
Саем, 11/07
Федора диск со овој флаер:

ако гледаш црнила наместо слика, тогаш инсталирај си Firefox
…се гледаме утре на саем.
Homunculus
Marvelous!
Scroogled, на македонски
Во текстот стои забелешка за копирањето на сликата, која првично беше вклучена во HTML датотеката, а од Стојанче. Кори не сакаше да стои сликата ВО html-от па ја тргна, али глеам остана забелешката (cc) за копирањето на сликата. Очекувам за скоро да го тргне и тоа Го поправи
Вики верзија на текстот (неформатиран) за корекции. Поправајте на Вики без да ми кажувате каква фатална грешка сум направил со тоа што наместо „им“ сум пишал „му“
Не, пазев на mk_BT да го нема. Мислам и дека го нема.
Скруглд
Го преведувам ова. Пола е готово (Scroogled:Cory Doctorow, лиценциран под CC by-nc-sa).
Причина: многу добар текст. Не дека сите добри приказни треба да се преведуваат, туку еден вид почит покажан кон активистите од рангот на Доктороу и нивните/неговите текстови со социјални прашања и проблеми што нѐ засегаат секојдневно и кои се од исто толкво значење за нас колку и за другите во светот кои се засегнати. Уште една причина е што нагло почнаа да го преведуваат текстот многу кои го прочитале, тоа плус ме мотивира, но најмногу е желбата да го доближам текстот до луѓето кои не можат да читаат англиски содржини со специфичен карактер (некои повеќе внимание посветуваат на преводот, дали точно го превеле и со тоа во текот на читањето се губи време и концентрација). За жал ги има на мрежава повеќе отколку што мислиме. Па и имам екстра време нешто.
Ако сака некој да помогне, ќе го ставам досегашниот превод на Вики. Во спротивно мислам дека нема потреба.
Зошто кратенките за тастатура во Emacs се такви какви што се?
Денес ја разбрав причината поради која кратенките за тастатура во Emacs се толку џиџести. Јове што би рекол, со едната нога да држиш CTRL, со останатите прсти да ги стиснеш другите копчиња
Смешно. Арно ама еве зошто:
Emacs’s keyboard shortcuts is very inefficient. The primary cause is because, emacs’s keyboard shortcuts are designed with a keyboard that practically has the Ctrl and Alt key positions swapped.

Како изгледала тастатурата во „тоа“ време
Ова е тастатура од некоја Lisp машина која била актуелна во 80тите. Потоа преовладале IBM PC тастатурите. Јас уште мислам дека Emacs е најмоќен уредувач…или барем така мислам од поново време кога го проучив. Можеби е GNU-приврзаност, или сталманизам, ама кога еднаш човек ќе се навикне на Emacs, мислам дека нема да го замени. После ќе се случува ова. VIM, сета почит, за нешто уште го користам (пр. по навика кога набрзина треба да уредам некоја датотека).
Домашна задачка
Дописникот од трето-Б, од основното училиште „Браќа“ од Битола, ни го испраќа следниов допис:
Денес во нашето школо е мирно. Учителката избрка едно дете (единичар) кое џвакаше мастика на час, па го зедовме четивото за активистите за слободен софтвер во Македонија, „Како се однесуваат промоторите на слободна култура со Вас?“ Според мое искуство многу добро. Каде и да одам, ми даваат шоља млеко, ми даваат да вечерам, да обујам папучи со Џив-Џив за да не ги будам децата кога чекорам низ ходникот. Немаат кажано ниту еден лош збор за мене. Иначе не им го користам нивниот смрдлив слободен софтвер…нека се осмелат само, ќе се откажам и од сите мои Creative Commons домашни задачи и ќе ги оставам да чмаат така до 1ви без работа и без плата. Ако активистите видат дека некој е корисник на слободен софтвер или користи Creative Commons лиценца, со него треба да се однесува многу убаво без разлика што зборува и прави тој. Веднаш треба да се затворат во размислувањето и да велат само „да, во право е, да во право е“. Па тие зависат од корисниците…хелоу..Промоторите за слободен софтвер не смеат да кажуваат лоши работи за тетките на Интернет, затоа што така тие ги бркаат од светот на слободен софтвер и луѓето добиваат одбивност за користење на слободен софтвер. А сите знаеме дека тие зависат од корисниците на слободен софтвер во нашата земја. Мислам, кој ќе им доаѓа на настаните после што ќе ги прават? Администраторите на Вики содржини не смеат да ги уредуваат провокативните содржини од тетките и чичковците затоа што тие може да се откажат од употребата на линуксо.
Сепак, во Македонија нивната заедница е градена селективно и внимателно се регрутирани нејзините членови. Дел од некои во таа заедница го пројавуваат стереотипот на Даница од Србија како врвен архитект на нивното Copy-Paste ставање лиценци. Па денес е во шема да се користи Creative Commons…фрки,,, ќе го стават отстрана на блогот и после ако им го прочитаат во Парламентот ќе плачат дека ги крадат..нејсе, сѐ уште немаме таков случај…нели? Потоа ми се одеше по потреба и учителката беше добра ме пушти. Мама ми рече да користам FDL. Убава мама.
Таболин
Првиот расказ од серијата „Длабината“ сум го објавил на 11 Јануари 2007г., а после неколку раскази и престанав да објавувам на блог. Поради негодување на некои од читателите на Планетата. Продолжив да пишувам локално. Денес конечно средив сѐ што имав. Идеите ги реализирав и поправив што остана. Неколку од содржините (првите неколку раскази) што се ставени во Таболин се земени од тие први верзии на Длабината, преработени и составени. Направив насловна и еве, Creative Commons лиценциран труд, од мене:
Информации за лиценцирањето има во PDF датотеката, истовремено може да ја симнете ODF верзијата(.odf), насловната(.png) и да го видите оригиналот според кој е добиена насловната. Благодарност до Лесиг што направил правен систем што дава и до некој од мене што беше глупав и го напиша сето ова.
.. За „Таболин“ ..
Таболин е градот кој не можете да го најдете ако погледнете низ Вашиот прозорец. Личностите од делото се здание на еден злобен и болен ум кој по грешка создава нешто кое влегува во циклус на грешки. На крајот тој полудува и оди на дното. Се затвора во стара колипка и почнува да работи како електроничар, и не сака да има допир со компјутер. Се труди да е добар човек. Ако некој добро ја сфати целата приказна, можеби ќе најде нелогичности кои не одговараат на сегашниот простор-време, и можеби ќе види трагичен крај. Тоа е најмалку така. Епа, поврзете си ги расказите како сакате, и пријавувајте синтаксички грешки.
iPhone нѐ гледа
Некој открил дека дел од кодот на некои Виџети за iPhone содржи линии кои испраќаат IMEI од телефонот до тато Apple. Класично шпионирање скриено во неслободен софтвер. Класичен случај на многуте предупредувања што стигаа од RMS и други активисти за вакви сценарија. Поголема причина да се откажете од производите на јаболкото нема, освен ако не сакате да знаат каде сте и што правите.

Што е IMEI?
International Mobile Equipment Identity е број кој го има секој GSM и UMTS уред. Најчесто го имало запишан на самиот телефон, но Википедија вели дека може да се види и преку бирање на *#06#. Кај мене функционира, ми дава Serial Number …(Nokia 6630). Ова може да се користи за проверка на валидноста на уредот и дали тој е краден, модификуван, кракиран или којзнае што. Бројот значи многу, а Apple го има
Пази сега и ова: телефоните што 90% и сега ги користиме не се ништо подобри од ситуацијата со iPhone. И тие имаат неслободен систем, неслободни фирмвери и срања, што значи дека и други компании можеби веќе го прават ова без наше знаење.






