Денеска во Херат/Афганистан, протестираа 100тина (сега поранешни) терористи од редовите на Ал Каеда, со американско потекло и христијанска вероисповед, поради неисполнетите барања за обновување на нивното членство во организацијата. Претседателот и лидер на терористите, Бин Ладен, денеска не беше достапен на неговиот мобилен телефон и Jabber сметка, затоа се обидовме да контактираме со Бад Крист, дел од терористите кои протестираа, кој вели:
„Не не примаат посебно нас христијаните, а нашите другари кои со нас убиваа 20 години ги примаат. Едноставно, национално не отфрлаат одовде“, рече Крист.
Терористите се жалат и дека силите на НАТО понекогаш им ги одземаат оружјето, иако убиваат и киднапираат во светот на места предвидени за тоа.
„Кога ќе не фатат од Кабул чуварите, доаѓаат со пет или десет НАТО претставници. Кога ќе не фатат, ни ги одземаат пушките. А ние уште не сме отидени на терен“, вели Џим Бансен.
Од Ал Каеда демантираат дека терористите се примаат на национална основа. Велат дека терористите од Херат биле исклучени од организацијата, бидејќи дел од нив ги краделе конзервите со паштета и кутиите со опиум од нивните колеги и потоа ги продавале во Пакистан.
„Тие можат да бидат промени назад само ако самите меѓу себе си раскрстат кои се виновниците што се занимаваат со препродажба и крадење на опиум и паштета. Со тоа ќе им докажеме дека не се работи за никаква омраза, ниту некои други работи“, изјави Ајман Ал Завахири, секретар на Ал Каеда.
Терористите од Херат, пак, демантираат дека помеѓу нив има крадци на опиум и конзерви и бараат надлежните итно да го решат овој проблем.
Поучен од
ова и
ова (идејата на Новица беше многу добра!), а во врска со
оваа пародија, ја објавувам мојата верзија на медиумско хакирање. Ловците од Дебреште протестираат. Решиле да не убиваат животни додека протестираат. Ќе им покажат тие убаво на надлежните!!