Archive for September, 2007

Кратко резиме

Од сите дискусии, презентации и „тркалезни маси“ :) што се случија на Yaxwe минатиот викенд во Пула, тешко да може да се донесе универзален заклучок кој ќе опфати се што беше опфатено таму. Од гледна точка на учесник на настанот најпрво беше организиран на ниво на конференции кои се случуваат секојдневно во светот. Додека Мајкрософт ја има Универзална сала за Визија и слични срања, во Пула го имавме Hacklab и MetaMedia просторот, вклучувајќи го и The Pirate Cinema, тоа што за гостите на Визија би бил Hollyday Inn и Alexandar Palace за нас беше Хостелот на младоста (или така нешто), а групните оброци што ги имавме во Бистрото (Биска?) беа можноста да се резимира тоа што се случуваше на сабајлешните сесии. Една мала реализација што ја имав таму додека се одвиваше настанот, и за која потоа на мое изненадување читав во 2600 Magazine примерокот што ни го поделија (една статија за сегашната ситуација на заедницата на хакери)…пред 20тина години луѓето се береле на места непознати за јавноста, со маски на очите и референтни имиња. Минатиот викенд не беше таков. Беше отворен за сите. Јавен, без маски, со јавно објавени имиња..па дури и цариниците на Хрватска граница знаеја за тоа дека одиме на хакерска конференција :) Го имаме знаењето таму некаде на мрежата, и секој со своите вештини кој сака да ги сподели со другите може слободно да се нарече хакер. Дискусијата пред „Scandal Express“ опфати разговор за тоа дали е попаметно хакерот сам да се претстави како хакер или поголема тежина му дава тоа да другите го чувствуваат како хакер отколку самиот себе. Можеби денес хакерите не се чувстуваат како активисти, некои не сакаат да одат на конференции да споделуваат мислења и познанства, што не ги прави помалку хакери, но едно е сигурно: хакерите се основа и движечка сила за развојот на технологијата денес. Без хакерите и Microsoft нема да биде, ниту linux јадрото ќе добива нови линии код.

Уште еден мал осврт околу програмирањето…забележав дека поискусните програмери како Ака и компанија (хардкор лиспераши :)) кон новите програмери и развивачи на софтвер имаат став како „code inputers“, „code pasters“ итн. итн. Она што мене ме импресионира од тој аспект, е предавањето на Ака за Lisp машините, што го оправдува нивниот став кон горенаведеното.

Патем, бевме и Загреб/во Мама..ќе кажам само дека просторот на ќерката организација на Soros е далеку подобар од тој на ќерката организација во Македонија. Многу битна разлика која треба веројатно сите да ја знаат - оваа организација (мама) или институт, како сакате, практично ја поддржува заедницата на хакери, има простории каде хакерите постојано се берат и организираат споделување на вештини, и во ниту еден момент додека сето тоа го гледате не добивате впечаток дека се работи за бизнис-насочена организација како што, според мојот впечаток, тоа е случајот во Македонија.

Ваљда ќе организираме NSND во Битола, таков е планот…па кречемо Сплиту ка Аке на цугу :)

sfd2007.lugola.net

Привремен сајт на кој ќе се објавуваат информации во врска со SFD2007.

Патем, стигнаа балоните и стикерите. Битола: најдете хелиум! (сериозно)

Фотоспам, yaxwe во „живо“

Прво малку признанија: признание на дечките што го организираа настанот, нѐ сместија, нѐ нахранија, итн итн…Hacklab Пула, браво!  Марсел патем организирал достапна вегетаријанска храна која ми го реши проблемот со хранењето (патем и тој е вегетаријанец па од таму и идејата да има два видови храна). Какви вегетаријански плескавици сум јадел…ауф! Ми се лае! И палента со зелена салатка :) Ајде ок, еве слики:

Yaxwe, Пула, септември/07

Моментално сме во Пула, се одредуваат работилниците и дискусиите. Интересно е. Ќе ставам после и слики од првиот ден :) кул е. Има луѓе од разни страни на светот, има и хакерици :)

Утре е 15ти, ќе биде весело, би сакал да сум во Скопје затоа што знам дека настанот ќе „клоца газ“, но сепак на 21ви ќе биде дешавка во Битола, ќе уживаме тогаш..остануваат уште 2-3 работи да ги средиме. Патем, за сите кои го слават денот на слободен софтвер: врска.

Адио

Јод Хе Вав Хе, Пула

Yaxwe, или Yet Another Xacktogether of West & East! ќе се одржи од 14-16 септември во Пула, Истра, Хрватска. Ќе патувам со тимот што ќе патува од Македонија, 5 души, и ќе биде мноооогу забавно :) Криво ми е што нема да бидеме дел од настаните поврзани со SFD2007, но активностите ќе бидат реализирани на 21 септември, петок со програма која треба за скоро да биде достапна на sfd2007.lugola.net. Голема благодарност до дечките од Хрватска кои се покажаа како добри домаќини уште од стартот на организирањето, јас ќе бидам првпат на „Ништо нема да се случува“ собирите и така. Веројатно ова е последното патување летово вон Македонија.

Велигденско јајце, ама сматок

Google Earth пред некое време пукна со нова муниција. Тоа беше симулаторот за летање во новата верзија, за кој многумина и не знаеја дека е таму. Јупиии…упс..дали ова може да се поистовети со работа која може да биде во некоја програма која е неслободен софтвер, за која корисникот не знае дека постои (нема начин да дознае впрочем) и која би правела работи кои не се во согласност со политиката на корисникот, или тоа што тој го бара и очекува?

Гугл Рт можеше да има и скенер на дискот, испраќач на лични податоци од компјутерот до Гугл, можеше да отвора порти, можеби во иднина и ќе прави други неочекувани работи, велигденски јајца. Ок, нема да го рушам тоа што сите се радуваат на благословот - симулаторот за летање. Само мал увид на тоа што се може да има во неслободен софтвер. Не само Ctrl+Shift+A. Or whatever…

Zeitgeist

Одамна ме чекаше во многуте сектори на дискот, една датотека со име како што Google Video му додели кога ја симнав. Попладнево завршував чистка низ собата и паралелно го пуштив … „тоа“. Испадна дека се работи за филмот Zeitgeist, филм кој отвора дискусија до ниво на теорија на завера и кој, низ разни извори, го открива вистинското лице на христијанството како религија и црквата како двигател на верата кај масите. Ми се допадна. Типичен активистички и слободно достапен филм, кој во отворањето на тематиката го открива механизмот според кој функционира црквата. Бог сака да почитувате само 10 работи кои ги има пророчено, ако не почитувате барем една од нив одите во вечен оган до крајот на времето, каде што грешниците се наоѓаат, каде што пламените јазици вечно ве измачуваат и каде што горите во агонија и бесполезно чувство за покајување….(ова беше навистина силен момент, пауза)..ама сепак, тој ВЕ САКА.

Ваков сарказам преовладува во остатокот од филмот, но тој е се, само исмејување не. Ги наведува сите тие деца божји кои се родени на 25 декември во сенка на Сириус, од девица, правеле чуда, пророкувале, ги убиле/распнале после предавство со бакнеж, воскреснале и ги зезнале лошите типци.

Почитувам вера, духовност и внатрешна потрага по вистината. Но отсекогаш сум се чудел, како е можно луѓето да потпаѓаат под влијанието на црквата која очигледно не прави ништо повеќе од собирање пари и планирање за идното собирање пари (и да, се кара со СПЦ и Вранишковски). Се надевам дека овој филм нема да разбуди сомнежи кај окорели Христијани, но сепак уште една шанса и извор на знаење кој обелоденува масонска-like машина за контрола на луѓето. Строго Ви препорачувам да го гледате филмот…

Нешто сосема нелогично

Денес ја слушав Радмила Шеќеринска како лае за некој си протест на „бошњаците“ поради што знам што се случило во Циркусот. Изгласале нешто што знам што… Радмилчето рече вака, парафразирам: „не е логично група предводена од опозицијата во дванаесет по полноќ да се собира пред седиштето на блабла…“. Каде е натрапникот?

Дванаесет по полноќ значи 12 на пладне, бидеќи првото и единствено дванаесет по полноќ е тоа, на пладне, па по него 13, 14…а пак 12 на полноќ значи 00.00, практично кажа сосема нелогична реченица.

И така, не сакам да сум политичар.

А пак ако веќе треба да сум политичар, ќе станам само за да формира Партија на Флодиевски Фронт, ПФФ. Тогаш ќе одам пред владата како бошњаците и ќе си барам права, бидејќи засега имам 4-5м2 кои ги означувам како територија на мојата земја од каде што доаѓам, ќе почнам да вадам пасоши и визи и ќе прогласам за официјално некое знаме кое ќе повреди туѓи интереси и кое ќе треба да го сменам, и пак сменам и пак сменам, додека не дојдам до „консензус“..хаха, ме потсеќа на тоа вашето што беше со 16 краци.

:)

Штетниот неслободен софтвер

Инспириран од Стојанче, си давам оправдување за една идеја која ја промовирав, за делење летоци на првиот школски ден во школите за средношколците од Македонија. Веројатно највеќе поради моја вина не се реализира ова практично, но дигитално и тоа како. Со помош на E-Speak му се обраќам на сите средношколци и основци. Раширете ја пораката и кажете му на другарчињата за овој апел!

Клик на Play:

OGG

4mbps

Сега зборуваме. Веројатно поради ова.

« Previous Page