Убиство на фотографер во Бурма
Една камера го регистрира убиството на фотограферот (иако е потресно и вознемирувачки, нема ништо експлицитно крваво од кое може дополнително да се вознемирите):
Една камера го регистрира убиството на фотограферот (иако е потресно и вознемирувачки, нема ништо експлицитно крваво од кое може дополнително да се вознемирите):
Денеска ми стигна пошта од другар ми Драган. Студира на ПМФ во Скопје и за жал се судира со истите ограничувања што нашето образование ги има, истите професорски фотељи добиени по партиски основи со асистенти и демонстратори со 4 годишен мандат. Пораката ја изменав за да не открие имиња кои Драган не сака да се објават, веројатно тоа ќе му предизвика проблеми на факултетот иако моја сугестија беше јас да ја превземам цела одговорност за неговата транспарентност и наместо замачкување на имиња, да го промениме идентитетот на Драган, но тој сугерираше дека приказната е уникат и дека веднаш ќе биде идентификуван.

Со голема радост Ве известуваме дека денеска, на заседанието на законодавниот дом на Флојдиската Република без ниту еден глас против се изгласани:
Знамето на Флојдиската Република:

и пасошот на истата:

Државјанства ќе се делат од месец декември, кога и очекуваме првите меѓународни институции да го препознаат постоењето на државата во држава, Флојдиска Република во Р. Македонија. Целиме кон добивање на 23% популација низ целата земја, со што ќе се загарантираат нашите малцински права за учење на флојдискиот јазик (кој порано го сметавме за битолски дијалект на македонскиот) во училиштата и другите образовни институции, со што непоколебливо ќе пристапиме кон интегрирање на ФР. во ЕУ и НАТО.
Неколку факти:
Флојдиската Република се простира на 4.7м2, близу центарот на Битола, заградена е со 4 ѕидови и може да биде дом за секој човек кој е спремен да биде лојален Флојдиец, територијата динамички се алоцира со можност за зголемување доколку има потреба за тоа. Флојдиската Република има за цел да го воспостави она кое требаше, а не успеа, да го воспостави земјата каде Флојдијците порано припаѓаа, РМ (а листата е долга, уф).
Претседател: нема, земјата се води самата по себе, потпирајќи се на културата и љубезноста на граѓаните/Флојдијци.
Религија: Сметаме дека МПЦ, СПЦ и ОПРСТЌУФЦ се штетни за една држава и не треба да се признаваат како валидни верски заедници на територијата на РФ. Сите претставници на МПЦ (вклучувајќи и претсавници на ИВЗ, и Јован Вранишковски ака Древницки) од територијата на нашата земја ќе бидат замолени да заминат. Затоа, единствено како духовен лидер на нашата заедница го признаваме живиот бог - Розевиот Гилмор, скратено - Дејвид (сета слава).
Света книга/списи: “The (ANSI) C Programming language“ - како водич за технолошки напредок на нацијата и земјата.
Химна: Nobody Home? (Флојдијците на химната не стојат исправено, туку танцуваат)
Јазик: Флојдиски, препознат и како битолски дијалект (правопис, граматика и лексика - во развојна фаза)
Број на жители: 2 (засега)
Флојдијци во странство: ниеден пријавен.
Предлагаме промена на името на Република Македонија во ФИРОМ, како скратеница од „Floydian and Republic of Macedonia“ со што ќе се реши ипроблемот што РМ го има со нивниот и наш сосед Грција.
Па нели се договоривме да не ме групирате во ист кош каде што Би се нашла претходно
jk
Вашиот редовен водител, неговата маленкост, Драган В со точка Косиќ ви препорачува:
1. Pink Floyd - Obscured by clouds (нема албум од Floyd кој не заслужува да стои овде)

2. Kula Shaker - Peasants, pigs & astronauts

3. Pleiadians - IFO

4. Ra - To Sirius

5. Shpongle - Tales of the inexpressible

+ BONUS: Hallucinogen - Twisted

Не ставив врски до албумите пошто ми беше мака. Има уште редица други албуми кои ми се омилени и кои ги слушам секојдневно. Ова нека биде Топ5 во моментов …
Во Битола денес си поминавме суперче! Од 11-14ч. поделивме околу 100тина дискови, за жал немавме други
и речиси исто толку прирачници. Имавме исто така 15тина балони кои направија прекрасен ефект, малите деца ги носеа низ Широк сокак, а како шо и ќе видите на сликите имаше и девојки заинтересирани за балончиња :))
Имавме направено и маички од Лугола, плус си ги поделивме тие од Software freedom day (ги добивме јас, Јове и Виктор апу! +2 женски)
Слики од настанот можете да прегледате овде.
Голема благодарност до спонзорите кои ни овозможија успешно реализирање на прославата на денот на слободен софтвер. Нешто повеќе информации ќе има на sfd2007.lugola.net до сабајле најкасно.
Во Гевгелија се одбележал денот на слободен софтвер!!
За првпат во историјата на независна Македонија
Благодарение на Влатко, лобито се шири…имаат и слики.
А во Битола поминавме супер (особено се радувам со прирачникот), сликите чекам Јове да ги хостира некаде ![]()
Денес славам 24 години. Добив интересни поклончичи
Добив и пикадо…тоа ме потсети на нешто од средно.
Пикадо, или Дарт (сега се сетив, на скопски дијалект, подрачје: лила, добро име за пикадо би било „дартици“…лила дартициве)…ок ја играв во прва година во една голема флиперница (?) Леоне со триста чуда во неа, кога и практично бев заразен со играта. Ја играв 301 најмногу, а успеав да научам и други игри. Најдобро беше што тогаш, имав 16г патем, имаше исто многу заразени-со-пикадо девојки. Па игравме..хаха..хехехе.
Денес, поточно сабајлево во 00.34 добив дартици, т.е. табла за пикадо. Ама не од оние меките во кои пикадото се закачува со игла, туку електронска табла со триста чуда на неа, и еден куп игри. И зборува, што може да ви скурчи додека играте, ама ептен ми се направи добар филм.
Исто така добивме маички од Лугола (впрочем сами си ги плативме) и се КОСКА! Веројатно најдобри маички досега. И плус имам 3-4 маички од „razmjenavjestina.org“ кои веќе се таксани, жалам
Убав ден!
Денес е Денот на слободен софтвер на Битола!
Ова е Лин. Маскотата на „Вистинскиот потег“ прирачникот за миграција во печатен формат издаден од Лугола (со промоцијата на прирачникот и настанот во сабота ќе се заокружи моето засегашно координирање на групата).
„Вистинскиот потег, како да одгледувате пингвини на Вашиот компјутер“, спонзорирано од личност која сакаше да остане анонимна…впрочем се работи за компанија која неусловно го спонзорира партизанското издавање на прирачникот. Прирачникот ќе биде објавен под GNU FDL, дигитална верзија тек утре.
автор: симона јовчевска (рака) и gemidjy (вектор),
лиценцирано под: Creative Commons, attribution-share_alike
Ова е постерот:

Востанието веројатно полека но сигурно згаснува. Во петок треба(ше) да се случува „Ден на слободен софтвер“ во Битола, прослава на меѓународниот ден на слободен софтвер во светот, но со оглед на тоа што отидов за Пула ништо не е сигурно околу настанот. Зошто? Затоа што заедницата на корисници на слободен софтвер во Битола е МРТВА. Затоа ви го велам ова, во наредните неколку месеци, да конкретизираме до 19 декември се повлекувам од координирањето на Лугола, да видиме до каде ќе одат работите, ако групата изумри тогаш ќе изумри и заедницата во овој дел од нашата земја. Со тоа јас ќе се повлечам од сите членувања во организации и здруженија од кои сум дел или од кои сум имал намера да станам дел. Ќе продолжам да бидам активист во соло издание.
Причините главно се сведуваат на нешто околу ова. Веројатно е до мене што премногу сериозно си ја сфаќам работата на организатор на заедницата во Југо-западна Македонија или конкретно Битола. Веројатно е до мене што секогаш си ставам на срце кога некој го боли стапот дали Лугола до петок ќе има маички, постери, флаери, прирачници итн. И што е најлошо од се, веројатно очекувам дека сме премногу сериозна група која знае да се раководи сама по себе, без тој кој го започна сето ова, затоа што тој не е претседател, тој е координатор и член исто како и сите други членови. Не очекувам да се откажат сите приватни обврски, баби, жаби, правење ајвар, стрижење и фризирање, дркање итн како што јас тоа го правев минатите 6-8 сесии кога можев да го завршам факултетот или да напишам некој многу корисен софтвер, за што верувајте ми е многу повеќе задоволство отколку да бидам на состаноци какви што станале последните на Лугола. Ако сето тоа постои тогаш веројатно и не сме спремни да бидеме ГРУПА. Затоа што ние и не сме ГРУПА. Ние веројатно сме КООРДИНАТОР. И тоа е лошо… кој сака да продолжи да ја координира групата во идните неколку месеци, нека повели. Нека ми прати порака по е-пошта или телефон. Само знајте, ако тоа го прифатите, прифаќате една голема мисија врз себе. Во Битола нема повеќе кој да се грижи за настаните што треба да се случат од Лугола, нема кој да се грижи за состаноците и да ги свика и одржи кога јас не сум во Битола..во неделата во Битола немаше состанок, и тоа е СТРАШНО! Страшно е што мора секогаш јас да го закажам состанокот и јас да ги бркам по мобилни и телефони како јас да зависам од некој ако не дојде или дојде на состанок. Денес имаме состанок и ова ќе го соопштам на 4-5душите што останаа да каснат по 45мин. на состаноци. Ова ќе го сфатам како мој личен и ничиј друг неуспех! Ако успееме после ова, тогаш веројатно ќе нѐ биде.
Коментарите се затворени. Дикусија на листа на „Слободен софтвер Македонија“.