Archive for August, 2007
Ruby зема трип…патува?
Влатко го донесува Руби.
Последните 8 постови се првите 8 епизоди. I find it very funny! ![]()
Духовите на Натали Портман
Следува еден краток преглед на филм што го гледав пред месец-дена. Текстот е започнат уште тогаш, но сега го завршувам.
Натали Портман е една лоша, лоша, лоша девојка со убаво лице и бенка на симпатично место! Беше глумица која ми беше една од омилените, а одејќи по конвенционалните заклучоци за тоа колку некој филм е добар и сето тоа се прилепи врз актерот, речиси и да не смеам да изоставам да кажам колку лоша глума видов од нејзина страна во еден случајно избран филм, „Goya’s Ghosts“ (исто познат и како „Духовите на Гоја“ или „Fantasmas de Goya“).
Приказната започнува во Шпанија, во времето на иквизицијата. Светата инквизиција. Портман, иако немам ни П од појма за професионално актерство, можам да тврдам до ниво на облог - беше во ужасна состојба. Изигра толку лошо што ми се згади, просто ми се згади. Во текот на филмот забележав неколку патерни во нејзината глума, како што беше највознемирувачкиот (за мене) да ги повторува последните зборови од изречената реченица, веројатно сметајќи дека со тоа ќе прикаже поголема збунетост, страд и страв (пр. “Do you have my baby…have my baby?”). Црквата ја зема девојката која под „Questio“-то (макари, шилци, други справи за мачење) признава дека одбегнала да јаде свинско месо заради тоа што била таен Јудеист. Таткото го вика попот кој пак си ја зареде младата девојка во затворот, на вечера. По жестока дебата успева да му докаже на свештеникот дека мачењето не е начин да се донесе заклучокот преку лажно признание. Попот вели „ако Бог ти помогне, нема да потпаднеш под болката“, тоа и го иницира таткото да докаже дека секој може да потпадне под страшна болка и да признае се што ќе се побара од него, дури и тоа дека свештеникот е шимпанзо преправено во човек за да му наштети на светата инквицизија. До тука филмот ветуваше, имаше малку гнев и желба да видиме што ќе се случи понатаму. Немам проверено но фотографијата и анимираноста ми наликуваа на тие од уште еден, речиси исто толку лош филм, „Преписките на Бетовен“.
Потоа се случува нешто нагло збунувачко. Поминуваат 15 години. Франција ја окупира Шпанија и ги ослободува затворениците на инквизицијата, а свештениците ги става по затвори. Наместо да ги испоубие веднаш, им судат дека се виновни и се чека денот за нивното погубување. Суд донесува свештеникот кој порано беше дел од Инквизицијата кој пак сега, кукавички преминал на страната на Наполеон, добивајќи пари, моќ и ослободување од глупавиот живот на свештеник, според него. Од затвор излегува стара грда жена, која се гледа дека е Натали. За 15 години се чини дека остарела 80г. Почнува да си го бара детето што го доби од свештеникот кој пред 15г. беше „во добра форма“. Но не дека си го бара детето со згрозеност дека била силувана или којзнае што, туку испаѓа дека таа имала љубовна врска со свештеникот и бара сето тоа убаво време да се врати и да си го земат нивното „бебе“ и да живеат нормален живот. Бившиот свештеник веќе има друга фамилија во Франција. Вели дека жената која тврди дека има негово бебе е луда и успева да ја оттргне од него и од околу него…но, бебето на Натали не е бебе. Има 15 години. И е курва. И ја глуми…погодете…Натали Портман. ОМГ…што е ова? Касандра??
Филмот е толку „долг“ (читај досаден) што сега се предомислувам да пишувам уште за него. Завршува со враќање на власта во рацете на инквизицијата, погубување на свештеникот, „курвата“-ќерка гледа од балконот, а мајката луда тргнува по кочијата на која е распослано мртвото тело на погубениот. WHAT A WASTE OF TIME!
Целата поента во ова се состои…во тоа што Натали повеќе не е мојата омилена фаца
Одвратно
Фото репортажа, Закинтос 2007
И еве, да не останам покусо, последниот пост поврзан со Закинтос, фото репортажа од одморот. Интересни фотки за тие кои сакаат да видат грди, смешни, интересни и неочекувани ситуации…
SFD2007, подготовки
Денес стигнаа маичките од SFD2007. Стигнаа 5 маички заради тоа што од Македонија имало 4 тима. Има 3 тима и плус еден пункт кои прилепчани лакомо си го регистрираа како тим за да зграбаат маички. Ова го повторувам по 100ти пат, и ќе го повторам уште 200 пати, за да знаете дека македончето кога ќе се вмеша и во заедницата на слободен софтвер, прави гужва и штета, граба и прикрадува! Затоа сега ние имаме 3 машки и 2 женски маички. Барем да беа 5 женски…сепак, спизден сум не заради маичките, знаете, до постапката е. Поради истата причина за нас нема балончиња и стикери и што знам што…два збора: фак ју!
Како и да е, покрај простиот балкански менталитет, продолжуваме со програмата. Утре треба да се собери Лугола, групен пост-летен состанок. Имам некои предлози за SFD2007 во Битола, но со оглед на тоа што веројатно ќе патувам за Пула, ако се оди воопшто, ќе има веројатно мало поместување на прославата или нешто слично. Што да правиме, и онака ДСС на Битола е 21 септември :/ (предлози се добредојдени). За 15ти треба да има нови памфлети, нели, „Вистинскиот потег“ кои ми се при крај со дизајнот и содржината, треба да има многу Федора дискови благодарение првенствено на Арангел и Јове кои даваат се од себе да го доработат тоа што го започнаа и координираат, како и на целата заедница која е вклучена во процесот за прослава на SFD2007. Во идеја сум да добиеме мала помош од Космоте (плоштад-Магнолија), ако успееме да повлечеме струја и некоја импровизација на озвучење+би било екстра да најдеме спонзорство-проектор за цел ден вклучително и вечерта (да се емитуваат филмови итн.) Детали за настанот треба да има деновиве на сајтот на Лугола, сите од Битола кои сакаат да бидат во тек со работите, еве нека повелат утре (Четврток) во 20.00ч. во кафуле Дип (строг центар) на координирачки состанок. 3те маички (машките) ќе ги добијат најактивните во подготовките, а 2те женски, нивните девојки
Ако немате девојка, еве повод да фатите.
Работите се враќаат во нормала, мислам дека одморите и официјално се завршени. Повик до сите хакери од Битола да помогнат да прославиме за овој ден.
BBC врз Моцарт
Пред да одам на одмор, имавме мала преписка во коментарите со Игор. Се решив да прашам чија сопственост е делото кое го објавувам на мојот блог, ги прашав типците од BBC Symphony Orchestra:
Hello,
I would like to know, who is the owner of the copyright of this performance:
http://tinyurl.com/2skwuuthe Mozart Requiem performed by BBC Sym.orchestra.
Is this performance Public Domain such as Mozart’s work or is BBC the owner of copyright of the performance?
Thanks in advance
Додека бев на одмор пак, стигнал одговорот:
Hi Aleksander,
Many thanks for your email.
I can confirm that this recording is under BBC copyright, as it includes
the copyright of all performers involved..With best wishes,
Alison
Нови моменти за дискусија. Иако Моцарт е јавна сопственост, изведбата на неговите дела не е. И еве, BBC и сите останати изведувачи, стегаат нешто што не е нивно ![]()
Се вратив
Штотуку се вратив од Закинтос. Поминав Закон ахх..…Законтос
прекрасно кристално море, желки, делфини, девојка/и, многу млади луѓе, многу Британци и Италијан(к)ци и интересно островче кое го врвевме благодарение на веспа која си ја рентавме недела-дена. Грците во овој дел од Грција се многу пријателски расположени, чудно знам. Така некои Ве прашуваат од каде си и кога му одговарате Маседониа, ви одговараат „Маке-дониа?“ Ааа Норт оф Грис? Или пак еден момак кој испадна дека е од Едеса (Воден) чиј дедо зборувал македонски јазик па ме викаше да се дружиме пошто му реков дека Водопадите во Воден се многу добри..go figure it. Никој не направи политичка тензија со што би се заостриле односите на релација јас и тие. Пух..е да, една типка само рече „Зкопја??“ И јас реков „Охи, Битола“.
А дали споменав дека ја секов косата? Сега сум…што знам, фенси.
Цените на островот се европски. За нашиот џеб се високи, но не и премногу како што кажуваат некои. За ЕУ се дури и ниски. Јас пример имам мислење дека во Хрватска цените беа далеку повисоки кога бевме во Јуни отколку што беа сега (сезона) во Грција.
Видовме морски желки, и други суштества од морето, што знам јас…делфини, краби (во чинија за жал)…
Апстинирав од Интернет. Во местото каде што сум немаше мрежа, за жал/(среќа?). 10 ебани дена немав Интернет и мислам дека се држев добро. Не плачев, не се тресев, немаше пена од устата. Само го пуштав компјутерот, очајно чекав да скокне некоја мрежа во излезот од iwlist. Појма неам што се случуваше друго… Ништо не знам. Отупев.
Имам многу, многу слики, па правам селекција сега и ќе ги качам на PicasaWeb. Дотогаш, најдете ме на сликава.
Од другите вести издвојуваме: се враќам на старите ангажмани.
www.linux.net.mk
Последно време, а и во иднина ја превземам одговорноста како редовен уредник на www.linux.net.mk со цел заживување на овој портал, кој и покрај мртвилото сепак има посетеност од корисници кои заслужуваат нови содржини и мислења поврзани со GNU/Linux и технологијата од аспект на слободниот софтвер.
Значи една молба би било, да го ставите овој сајт во редовните Живи обележувачи (Live bookmarks), и да пратите што се случува таму. Исто така, новата политика вели дека нема да има корисници на сајтот (Според S.) туку само админите ќе бидат уредници на сајтот!
Па тоа, бидете во тек..
Реквием за Хакерот од 18-тиот век
Моцарт е мртов, но Реквиемот е пожив од било кога. Лани гледав изведба на македонски музичари (не знам како беше дали филхармонија, хорови, диригенти и сл.), што на мене остави силен впечаток за ова прекрасно пред-смртно започнато и пост-хумно завршено (од неговите следбеници) дело. Ви го нудам да уживате во секој бит од него
А еве и зошто хакер. Во времето додека бил млад Амадеус бил со неговиот татко во некоја базилика, кај тогашната црковна администрација за која требало да компонира црковни дела. Кога бегале, неговиот татко останал да го доврши разговорот со свештениците, додека Моцарт се шеткал низ огромната црковна зграда. Слушнал како црковниот хор ја пее литургијата (чие име не знам, за жал) која ја поседувала само црквата. Никој друг не смеел да ја има, никој и ја немал затоа што била тешка и обемна. Моцарт извадил хартија и почнал да ја запишува, ја запишувал без грешка. Таткото го забележал и го опоменал дека ако го видат ќе го казнат според строгите црковни закони, затоа што делото кое го запишувал било исклучиво на црквата! Моцарт го прибрал листот хартија. Го допишал дома
И секогаш ме фасцинира ова кога го гледам на филм, читам или ми раскажуваат, секогаш се ежам!
Нормален човек може да слуша до 3 слоеви од музичка композиција (кажано од лаик), Моцарт слушал над 7! Обратете внимание на првата композиција од Реквиемот, се слушаат околу 7 слоеви од звуци (гласови+инструменти). ЛУДО!
Напомена: Архивите се хостирани на странски сервери, не превземам никаква улога и одговорност за нелегални активности и прекршување на законот во нашата земја. Се оградувам од се она што посетителите на мојот блог од каде што се линкаат овие албуми ќе го прават со нив.
Lenovo со SUSE
Lenovo, компанијата чиј производ го користам веќе месец и нешто, решила да нуди преинсталирани машини со SUSE Linux, направиле некоја спогодба со Novell.
Велам срање, срање. И покрај тоа што SUSE sux, а Novell се валкани играчи, ова ни кажува уште еднаш дека заедницата е сериозна, а компаниите уште повеќе, кога станува збор за GNU/Linux како десктоп решение. Најинтересно е што секоја година велиме дека ќе биде година на GNU/Linux десктопот, но тоа се негира поради еден едноставен податок, секоја година е се подобра и подобра за GNU/Linux на десктоп сцената, па така не може да се каже точно која година е најдобра и да се прогласи за година на GNU/Linux десктоп.






