Archive for July, 2007

Како да заобиколите DRM на некои наши сајтови?

Мојата девојка пред извесно време имаше потреба да стави цитат од една содржина објавена на MMM. Тоа не можеше да го стори затоа што не знае како да се заобиколи DRM срањето што МММ го користи. По консултација со нашите хакери, дојдовме до заклучок дека се користи JavaScript скрипта за забрана на селектирање и копирање на текстот. Наведениот текст (за Дурловски и Нацоски) сепак може да се добие во PlainText формат. Како?

Стиснете Ctrl+A за да го изберете сиот текст, па стиснете Ctrl+C за да го копирате. Вметнете го текстот каде што сакате. DRM е заобиколен.

Или преку Firefox, одете во „Уреди -> Преференции -> Содржина“ и одчекирајте го копчето „Овозможи JavaScript“ (англиски Edit -> Preferences -> Content -> одчекирајте го Enable JavaScript). Во Konqueror тоа може да се стори преку менито Tools -> HTML Settings -> JavaScript. Со ова во прелистувачите ја оневозможувате скриптата која врши DRM, при што се забранува копирање на текстот објавен на сајтот. И пак, DRM е заобиколен.

DRM не може да функционира. Човековата потреба за знаење и информација е многу поголема и помоќна од себичноста на некои поединци и институции кои сакаат да го присвојат авторското дело само како нивно. За таа цел, се обидов да ги советувам дечките од MMM и да им кажам дека нивниот избор е погрешен и дека не функционира. Го добив овој патетичен одговор:

Drag Aleksandar

Mozebei tebe ti izgleda kako los ibor, no koga nasi tekstovi se prenesuvaat, bilo na internet,
ili vo dnevnite vesnici bez napomena deka se nas AVTORSKI trud, togas toa nas premnogu ni preci.
Toa e napraveno zaradi toa sto nikoj vo drzavava ne zastituva avtroski dela i trudovi, pa moravme
da probame sami da si go zastitime.
Koga site bi bile posteni i bi ne potpisuvale, a ne se ni 1%, togas so golema radost bi prekinale so
Digital restriction management. Do togas… mora vaka.

Pozdrav MMM team

Потоа им ја испратив архивата со содржината за Дурловски и Нацоски (ZIP архива во која беше ставена PlainText датотека). Се размислува да се отвори блог каде што ќе се објавуваат содржини кои се во прангите на DRM. За сајтови каде што се користи DRM, би Ве замолил да ме контактирате.

Лешникот кој чекал за џабе

Создавањето е долготраен процес. Мачен, исполнителен или и двете. Кога создаваме се договараме со универзумот да ги откриеме нашите интимни мисли. Создавањето е процесот низ кој мора да се помине за да се добие резултатот. Создаваме секојдневно. Создаваме и кога рушиме. Процесот на создавање трае подолго, па од таму она кое најмногу не допира кога нешто се уништува е тоа што уништувањето се случува веднаш. Дрвото расте со години, децении, векови…за да изгори потребни се неколку минути или часови.

Тоа ме потсетува на една приказна која се навести самата по себе во мојата глава.
На времето, ехеее, уште Госпо по земјата одел, имало еден лешник. Лешникот немал родено плод со години. Растел, минувале годишните времиња, паѓале лисјата, разлистувале нови, растел но никако да роди плод. Нешто како стерилно стебло лешник. Дрвото би било среќно и кога би родило само едно лешниче. Но ништо…
Минувале години. Болката на лешникот го убивала чувството за неговиот стоти роденден. Дента пред да наполни точно 100 години при стеблото дошла една виличка…такво со крила. Леткала и пеела. Како во цртаните. Му рекла на стеблото „Во минатиот живот ти беше многу лош човек. Убиваше млади невини деца, убиваше се што ќе ти застанеше на патот, затоа сега си во оваа форма на живот. Проклетството што го повлече самиот ти, придонесе да твојот род ќе може да го продолжиш само еднаш на 200 години, со само едно родено лешниче. Откако ќе зачнеш со млад плод, ќе требаат уште 100 години за плодот-лешник да биде зрел. Откако ќе созрее, ќе треба да го фрлиш во земјата под тебе. Тогаш и да умреш, ќе има кој да го продолжи твоето име“. -така нешто. Значи на секои 100 години ќе можел да раѓа само 1 лешник и да чека уште 100 години за да може да го фрли во земјата за да ја продолжи својата лоза. Следниот ден, на неговиот 100ти роденден, од една затскриена пупка, при врвот на стеблото се појави млад зачеток на плод. Стеблото било пресреќно, а од друга страна внимателно да не го уништи плодот. Врвеле години, поминале 50, 60, 80, па дошла 99тата година. Дрвото, веќе старо, со возбуденост го очекувал моментот кога ќе може да се поздрави со овој живот и да го фрли своето чедо за да се размножи. Дента пред неговиот 200 роденден дрвото заплакало. „Двеста години чекав да дојде овој ден. Утре е моментот кога ќе можам мирно да си заминам и да примам нова форма на живот. Доста е веќе мачење. За сето тоа да не е залудно чекање и мачење низ болка и плач, ќе го пуштам моето единствено потомство во земјава за да ме наследи, се надевам нема да ја има истата среќа како неговиот татко“. Сонцето зашло.

На 200тиот роденден на лешникот денот светел посилно. Ветерот дувал поблаго и птиците пееле поубаво. Тоа бил денот кога лешникот требал да се ослободи од сета тежина што ја носел животот на дрво. 200 години живеел низ бура и пекол, дувал бесцелно, мирувал очекувајќи го својот пород. Тој ден беше последниот од неговиот живот, реши да му го подари на некој друг. На неговото прво доносче. Откако силно здувал, велејќи им збогум на се она што го имал сретнато низ неговите 20 децении, повеќе не зеде здив. Последниот звук кој лешникот го направи беше отпушвањето на младото плодче кое требало да се претвори во никулец и да го спаси името на неговиот татко. Плодот паднал врз ревка земја. Почнало да врне. Токму тоа што требало. Плодот влегол во земјата, здраво се закопал и си обезбедил мир во очекување на проникот.

Тогаш дошол еден бел и гладен црв. Влегол во плодот со само три загризи врз лушпата. Стигнал до јатката и почнал да ја гризе. Ја изел цела и се здебелил. Не можел да излезе повторно назад низ истиот отвор низ кој што влезе, бил претесен.

Црвот се загушил во шупливата лушпа на младото лешниче, убивајќи две работи. Плодот и 200-годишната желба на лешникот да се роди негово наследство.

Две уметнички онеспособени дела, ослободени

На делата кои се затруени со мастилото кое ги држи во парализа извесен период со што им се одзема моќта да бидат тоа што се - чиста уметнотс, им треба нашата помош. Велат „раширете го зборот за нас“.  Јас им се приклучувам на повикот, и станувам дел од него, ослободувам 2 уметнички-онеспособени дела.

1. Фолтин - Lo-lee-ta-too

2. Љубојна - Парите се отепувачка

Сега организаторката од Лазарети ќе може полесно да слушне кои се Љубојна (да, Битола), па да ги повика да свират во клубот следното лето. Ова лето не можевме да им кажеме за нив, бидејќи немаше ништо од нив на Интернет…ај за Фолтин, има нешто (ефективно-рестриктивно, можеш да го слушаш само од сајтот).

Архивите се tar.bz2, под Windows неам идеја кои архивери ги отпакуваат, сепак можете да ја користите GNU-овата верзија на Tar. Исто така, датотеките се во OGG формат, па под Windows користете VLC, што знам јас…

Напомена: Архивите се хостирани на странски сервери, не превземам никаква улога во нелегални активности и прекршување на законот во нашата земја. Се оградувам од се она што посетителите на мојот блог од каде што се линкаат овие албуми ќе го прават со нив.

Гори ридо

Сеуште сум под морничави импресии од тоа што денес го видов. Не сум го видел никогаш, а цврсто сум убеден дека не сакам повеќе да го видам. По чаршиските муабети разбрав дека има веќе тројца мртви, се загушиле од CO. Многу со изгореници и изгорени домови. Пожарот сеуште беснее. На помош се пожарникарите од Битола, Прилеп, Охрид, Лерин, а утре стигаат авиони од Хрватска, во недостиг на наши воздухо-плови за оваа цел. Многу беше жално да се гледа како гори природата на ридот со борова шума. Сепак, верувам во иднината. Се ќе биде во ред. Само се надевам дека огнот нема да стигне до Битола.

Целата иронија е што веднаш зад тој рид, се наоѓа вештачкото езеро Стрежево, само уште Супермен фали да го замрзни и да го дигне и фрли врз улавиот оган, кога веќе немаме од тие авионите за гасење пожари..

Контра-аргументи

За сите кои постојано на, претежно странските, портали, блогови, форуми и сл. серат за фрагментацијата на GNU/Linux дистрибуциите и лошиот страничен ефект од сето тоа.

Врска. (обратете внимание…сакале-не-сакале ќе обратите…на крајот!!) :D

Јас ќе додадам, секој има право на избор, SJ (Samoil) Klein (од овде) вели „секој ентузијазам треба да се охрабрува, особено ако се базира на квалитет од претходно создадена креативност…“ барем така кажа Дубровник.

Мобилен живот

Откако го купив Thinkpad-от станав сериозен случај на личност загрозена со постојано користење на GNU/Linux и Интернет поради неколку причини. Главната причина е мобилноста. Да, и пред тоа користев исклучиво GNU/Linux, но откако го купив лаптопот многумина забележаа дека речиси секаде каде што одам, го носам поради…зависност. Забележува девојката, моите…па на крајот и која е поентата на преносните компјутери ако седат дома? Забележав дека десктоп машината крена раце од мене. Нешто не е како што треба. Среќа се префрлив на лаптопот пред тоа и сите податоци ми се безбедни. Се разбира, десктоп компјутерот има проблеми со горештиниве и напојувањето, па со „мобилизацијата“ ми се намалија нервите кои ги добивав од влечкањето на куќиштето по сервиси и сл.

За тоа колку се користат преносните компјутери во светот говори следнава статија (ова звучеше како да најавува оној типот од „Аграр“ некој прилог), која вели дека до 2010 се очекува пресврт. Вели, само силно привразаните старо-сколаши ќе сакаат да користат десктоп компјутери. Следува ерата на лаптоп машините.

На Thinkpad-ов користам Arch Linux, прекрасна дистрибуција со која имав неколку проблеми додека сфатам што к* бара ‘acroread’ на системот.. тоа го сварив некако (се разбира, го избришав acroread) и додека подесам правилно Suspend2 со помош на Дамјан. Сега се работи како што треба. Сакам да напишам детален преглед и начин на конфигурирање на хардверските компоненти кои ги има машинава за на Вики… тоа е тоа, што знам. Мобилноста е прекрасна работа, се ми е полесно вака :)

Дали во светот се сеуште потребни ГКЛ?

Се става акцент на тоа дека во светот GNU/Linux веќе на големо се распространува. Постои Интернет и социјалните онлајн мрежи кои овозможуваат дејност каква што уживаа членовите на групите на корисници на GNU/Linux порано.

Сепак, заклучокот мој е дека статијава вели дека е потребно социјално здружување преку групи на корисници на GNU/Linux. Еве мамец:

…the conversation at LUG meetings doesn’t focus heavily on Linux anymore. “In general, the discussion ranges from home remodeling to wives, to Verizon and other evil corporations. I make sure we touch on Linux at least once a meeting, but that discussion usually lasts for about 10 minutes. The guys who come are not newbies. They are engineering types or networking types who work with computers daily. We don’t do presentations, but welcome anyone who wants to bring a box and have us hack away at it.

Закинтос

zantezakynthos7.jpg

Ќодам…

Интервју со Џемсен ван Амадео Торсен, втор дел

Во првиот дел од интервјуто видовме како еден повозрасен уметник кој влечи длабоки уметнички/музички корени од својот голем предок гледа на правците во кои се развива уметноста денес. Доста компетентната личност беше расположена за разговор, тоа ретко се случувало во неговата земја. Џемсен не дава интервјуа, и ретко кога настапува јавно каде што ќе го викнат. Неговата слава му донесе милиони долари и сега, како што вели, може да одмара во тивките вечерни часови со неговата долгогодишна сопруга Фрида дер Гуле Торсен.

Муабетот продолжува таму каде што застанавме…

  • ако некој уметник добие прекрасна идеја и ја обелодени пред некој друг…еве да речеме музичко дело кое едноставно го напишал…а потоа тој другиот ја реализира идејата како негова, дали тогаш првиот уметник е обесправен?
    • кој му е крив на тој првиот ако не си го реализирал тоа што го замислил пред овој вториот? И дали идејата која првиот ја добил е навистина негова? За жал денес имаме обичај, можеби и сме така воспитани, да кажуваме дека работите кои ние ги создаваме се исклучиво наши. Ако ги задржиме само за нас тогаш не заслужуваме ништо повеќе од парите кои се добиваат за продажба на албумите, а тоа никогаш не оди толку добро како живите настапи. Таквите уметници не ги заслужуваат живите настапи. Излегуваат на сцена и велат „сега јас ќе ви исвирам нешто мое“ и грешат. Тоа е исто како да велат „сега јас ќе ви исвирам нешто мое, а вие затнете ги ушите и немојте да слушате затоа што тоа е мое!!“. И дотогаш додека има публика која го поддржува таквиот уметник, тој ќе добива крилја, а и пари … да прави понатамошни песни кои се „исклучиво негови“. Во Холандија постои еден стар обичај. Уште на времето, кога се случувале големи фестивали на пиво и храна, луѓето кои ги изведувале своите точки, до следната година морале да научат некој друг како да ја изведе истата точка со направени измени во приказната. Или песна. Повеќе биле настапи како театарски претстави, комедии или настап на кловнови, но креативноста еднотсавно морала да премине на некоја друга група за следната година. Тие кои ја спремале точката следната година морале да го пренесат на тие кои таа должност ќе ја преземеле за догодина, итн, итн. Тоа едноставно го прави настапот поинтересен и повозбудлив секоја година. Ви доаѓа нешто како шпанска сапуница, само што епизодите се емитуваат еднаш годишно {се смее}. Од тука можам слободно и малку дрско да кажам дека неспособните артисти кои не можат да создаваат уметност која ќе му ја понудат на другите да ја подобрат не заслужуваат студио.
  • Постои едно движење кое дефакто се нарекува „слободна култура“ и во кое се состојат слободен софтвер, слободни креативни трудови и се што на конзуматорот му обезбедува слободен пристап кон тоа што некој друг го створил. Дел од движењето кое е особено насочено кон културата и уметноста се нарекува „creative commons“. Со creative commons авторот му дава право на неговиот обожавател или конзуматор да го конзумира делото, да го шири и евентуално да прави дериватни верзии од него. Тоа сето личи на нешто како што опишавте…со фестивалите во Холандија…
    • Да, нешто слично, но сепак не им верувам на технологиите кои денес го контролираат трудот…
  • Но слободната култура не е исклучиво врзана со технологиите…пр. не мора некое дело да е на Интернет за тоа да е под Creative commons…
    • Тоа е веќе друга приказна, но сепак постои правна регулатива, јас зборувам повеќе за традиционална слобода. Каква што е природата на се што нѐ опкружува, не за слобода што треба да се дефинира некаде за таа да е слобода…
  • Во 60тите бевте дел од Хипи движењето?
    • Да, пушевме хашиш, ги пцуевме Кенеди и не правевме ништо. Тоа е суштината на целото хипи движење. Хашиш, пцуј, лежи…по цел ден така..
  • Значи сепак постои потреба младите да работат во корист на слободата
    • Да, и треба да бидат активни во полето на слободата во формата каква што е денес…
  • Па денешниот живот повеќе наложува борба за технолошка слобода..
    • …за да добијат живот каков што заслужуваат и нивните деца….Во ред, технолошка слобода, нека биде било каква борба..”just get up stand up, for your right” …Марли…
  • хаха…ви благодарам за прекрасно поминатото време..
    • Totziens!

Три начини да им помогнете на делата инвалиди

Кога ќе пораснеме не учат како да јадеме од ручекот коj сопругата го зготвила и за кој научила од мајка ѝ додека била немажена. Кога пак тие ќе пораснат и се земат со сопрузите, знаат како да го делат тоа кое го готват цел ден и за кое се мачат, со човекот кој го сакаат и нивните деца. Тоа се вика беспричинско споделување. Мајката на детето не му дава да јаде затоа што детето платило за тоа или дека детето откупило авторски права за рецептите на мајката.

Авторите денес не се воопшто запознати со тоа што може да го направат од правнички аспект со тоа што го работат. Можеби и оправдано. Но кога ќе се консултираат со некој правник тој обично ќе им каже дека авторско право може да се добие на многу лесен начин. Ќе се применат начините и принципите кои правниците ги учат по факултетите и со тоа ќе се ограничи можноста за растење на делото на уметниците. Правниот систем во нашата земја создава инвалидизирани трудови и за нив воопшто не се грижи отпосле. Инвалидизираниот труд е прекрасното дело на авторот кое потоа го ставаат во рамките на рестриктивните авторски права. Системот ги остава да се влечкаат по улиците, не им гради пристапни места до желбите на група конзументи кои чекаат слободни трудови. Авторското право денес го поистоветуваат со тоа што е авторска сопственост, го нарекуваат дури и интелектуална сопственост, претворајќи ја идејата во нивна своина која сеуште не ферментирала и сретнала со масата, станала инвалид.

Како можеме да се грижиме за делата инвалиди?

Прво и основно, не дозволувајте правниот систем во нашата земја или каде и да живеете да направи од Вашето дело инвалид. Делата-инвалиди ќе ги нема ако Вие не дозволите тие да се создаваат. Сте работеле, сте создавале..за што? За потоа да дојде некој и да каже дека ги превзема сите права за тоа што сте го создале од креативност и да направи инвалид. Верувајте, тоа е многу полошо од тоа да некој дојде и потоа го преработи Вашиот труд и од него да направи подобар дериват, само Вие за тоа не сте свесни (тие што не се). Тоа не сакаме да се случува со нашите деца, зошто да дозволиме тоа да се случува и со делата што ги создаваме? На делата-инвалиди им е потребна нашата помош, поради тоа што тие не се способни сами да се развиваат и да ги задоволуваат нивните потреби. Кои се потребите на едно дело, се прашувате? Едно дело има потреба да се доусоврши. Тоа гори од желба да го земете и да го направите подобро. Има такви кои едноставно сакаат да ги штипкаат по обравче и да им велат „колку добро дело си ти“, а има и такви кои на еротски начин сакаат да дојдат до бујните гради на тетките кои ги слушаат, по што ќе им кажат „ти си едно многу немирно дело…“ поминувајќи со јазикот по горната усна…зад овие две групи дела, во инвалидска количка стои делото кое правниот систем и авторите кои тоа му го дозволија на издавачките куќи, го направија инвалид. Тагува по ист статус како делата кои се забавуваат. Тоа дело никогаш нема да стане она што е поради немилосрдниот однос на луѓе желни за пари. Тоа се случува и со амазонските шуми, со воздухот близу Велес, тоа се случува во секое студио во кое уметникот потпишува договор за соработка преку кој им ги префрла сите права на тие кои потоа ќе направат марионетки од уметниците. Добро е, можеме да им помогнеме на делата-инвалиди кои нивните татковци ги донеле на свет за само од нив да прават пари и препродаваат.

Следен начин да помогнеме на делата-инвалиди е да ги дружиме и од нив да направиме народни дела на сите. Да ги социјализираме. Сега ќе споменам еден глупав пример, за кој сите мислат дека се работи за народна песна, но тоа е дело-инвалид кое едноставно ги ужива сите предности што слободните и нормални дела ги имаат. Песната „Македонско девојче“ не е народна песна. Таа е инвалид. Сепак тоа дело не се чувствува така. Сите мислат дека е народна песна. Се чувствува слободно. Тоа е добар пример како една песна може да е во добро опкружување само ако Вие посакате така. Со тоа, ќе можете да ја свирите по паркови, на свадби или крштевки, ќе можете да ја потпевнувате по улица (освен ако за тоа не Ве фати законот за нарушување на јавен ред и мир). Ќе можете и да направите рок верзија од неа, никој нема да Ви каже ништо…ако ги „народизираме“ делата кои впрочем се инвалиди, тоа ќе значи социјализирање на трудот на уметниците кои направиле дело за кое чувствуваат дека е нивно, а не е.

Третиот начин да се помогне на делата-инвалиди е поврзан со претходниот. Социјализирање и што помасовно искористување. Пиратеријата. Ако не можете да дојдете до делата и трудовите на уметниците кои ги создаваат - испиратерајте ги. Објавете ги на сајтови за таа намена, направете торенти и пркршете го законот анонимно. Ако тие уметници не дозволат нивните дела да бидат социјални и ги препродаваат како курви на издавачките куќи со кои соработуваат во злосторот, тогаш не ни заслужуваат поддршка. Велат, „ако не купувате оригинали, Калиопи ќе нема можност да направи ново дело“. И не треба! Не треба да создава дела-инвалиди! Едноставно не ѝ помагајте, нека пропадне сето тоа што таа го прави, преку, (тука е парадоксот) нејзино конзумирање.

На делата инвалиди им е потребна Вашата помош - раширете ги на секој, секој, секој можен начин!

Next Page »