Archive for May, 2007

Creative beastons

Запалит чу све Халелуја!!

Можете да не запрете, не!

Ова е за едно големо ЉоЉ! Линкам до Digg, за да не ме тужат :)

Ме интересира што ќе видам на Digg кога ќе се разбудам утрово.

Случајот на Даница

Тие што ја пратата листата на iCommons знаат за поракава, која денеска крена ура-бура на оваа поштенска листа. Се работи за случај на Даница, г-ѓа/ца од Србија која објавувала редовни вести на нејзиниот блог, при што нејзини блиски и соопштиле дека постои сосема идентичен блог на друг сајт (што отпосле испадна дека е типично огледало на оригиналот) каде „арамијата“ си ставил и ad-sense рекламчиња што дополнително ја изиритира Даница. Мене не ми се допадна тоа што Даница и покрај тоа што користи некоја од CC лиценците (Attribution-NonCommercial-NoDerivs) спомна интелектуална сопственост. Веднаш просрав. Она пак што ми се допадна се дополнителните коментари на оваа тема, се јавија правници и стручни лица кои ја опишаа целата ситуација и проблемот. Сеуште се работи на решавање на случајот за кој и советуваат да не превзема ништо бидејќи 1. не може да го најде апашот и 2. штом решила да става CC содржини, треба да е спремна на споделување на содржините (но веројатно овој начин на позајмување ќе допре до емоцијата на секој автор) и секоја правна процедура може да биде само губење време за Даница.

Во друга порака на истата листа, се појави и оваа порака. Многу интересно. Треба да имаме нешто вакво, за да спречиме млади автори да ги заробуваат своите трудови.

Пљус: Ако не тоа претходно, ова навистина е вредно да се прочита.

Концерт на млада надеж

Во Сабота, 2 Јуни, во Музеј галерија - Битола, во 19.00 часот, соло концерт ќе одржи младата надежна и идната (Балаловска) дива Симона Јовчевска :) Поканети се сите од Лугола, па јас ќе си ја земам слободата да Ве поканам сите од заедницата да проследите еден прекрасен лирски сопран со коларатурни способности и прекрасен репертоар. Пиано придружба ќе и’ биде Ива Виденовиќ. Ќе биде интересно, ветувам, еве може и Арангел ќе дојде, ако стигне Битола.

Значи, Сабота, 19.00 - во Музејо’! (карши Спортската)

Закосени банерчиња за Вики

Денес со помош на Џоги направив 2 банерчиња кои може да се видат на мојот блог, како и на www.lugola.net. Промотивни и не зафаќаат значителен простор од Вашиот сајт, такашто ако ги ставите на вашиот блог, сајт или што знам што..ќе ви бидеме особено благодарни. Врската води кон Вики за слободен софтвер, а дизајнот е едноставен дури и прост.


За лево-ориентирано банерче на левиот дел од екранот:

<div style="position:absolute; border:0px; z-index:10000; margin-right:0px; top:0px; right:0px">
<a href="http://wiki.lugola.net"><img src="http://wiki.lugola.net/images/wikiband_right.png" alt="Вики за слободен софтвер!" border="0" usemap="#Map" width="183" height="174"></a>
</div>


За десно-ориентирано банерче на десниот дел од екранот:
<div style="position:absolute; border:0px; z-index:10000; margin-left:0px; top:0px; left:0px">
<a href="http://wiki.lugola.net"><img src="http://wiki.lugola.net/images/wikiband_left.png" alt="Вики за слободен софтвер!" border="0" usemap="#Map" width="171" height="186"></a>
</div>

Вики се брендира

Вики денеска доби подарок од Стојанче. Убаво лого:

Слободата одблиску во Прилеп, 25 мај

Штотуку се вративме од Прилеп. Беше прекрасно. ПРЕКРАСНО! Забавно, поучно, пријателски и се што остана. Ако не дојдовте нека Ви е жал, многу. Прилепчани ни оставија супер впечаток дека ќе ги биде заедница, со што ќе кажеме дека овој дел од нашава земја е расположен за афирмација на слободниот софтвер.

GNU/Linux во Македонија

Следна дестинација: Кире вети дека ќе се организира ден на GNU/Linux (можеби ден на слободен софтвер?) на почетокот на Јуни, такашто ќе бидат поканети многу повеќе гости. Да, да. Имаше фаци во задните редови кои фуфкаа (пффффф…) кога кажував дека нивните податоци можеби нема да бидат достапни во иднина ако користат неслободни формати, ама пак за нив гајле ми е…хехе..

За скоро ќе образложам една идеја, за тоа каде и како може да се фокусира вниманието за оформување на ГКЛ или центри за поддршка на корисници на GNU/Linux и глобално слободен софтвер, а за уште поскоро ќе објавиме фотографии од настанот.

Личност на денот: малата Тања која разбрала убаво од брат и Кире за Лугола и Линукс, па праша: што е разликата меѓу Линукс и Линекс? Јас и одговорив: и двете се против една иста работа :) слатко.

Вики, секси девојката од Лугола

Иако често оспорувани и критикувани локализираните материјали се, и тоа како, од важност за нашата заедница. Кога велам заедница не мислам на заедницата на слободен софтвер или поддржувачите на слободната култура, туку заедница на лица кои ја користат мрежата. Со оглед на тоа што мрежата стана навистина моќна работа и, пази ова, непресушен извор на информации, од голема важност е да секој активист или организирано делување има свој ресурс каде ќе ги објавува своите цели и намери. На почетокот голем дел од упатствата и помошните документи се објавуваа на www.linux.net.mk, но со текот на времето се поактуелни стануваа Вики сајтовите каде заедницата може сама да го гради она што смета дека ќе задоволи некој друг аспект на човечките потреби. Комуникацијата и веќе не е важна. Во слободата на мрежата која ја уживаме, и се надевам ќе потрае за долго време, апсурдно е да се кажува што може да оди онлајн, а што не. Затоа избравме сајт каде заедницата и корисниците ќе можат сами да допринесуваат за развојот на помошната документација и општите енциклипедиски содржини. Затоа се формира Вики на слободен софтвер, првично познато како Викито на Лугола. (продолжи)
Read more »

Армијата на Сад …

…користи GNU/Linux.

Success story!

Уште една „приказна за успех“. Хихи На сликата од екранот на еден од мониторите се гледа Tux во горниот лев ќош.

Вистинскиот потег

На македонски!

Next Page »