Archive for April, 2007

10 работи што треба да ги знаете за да оформите ГКЛ

Во очекување на официјалното упатство за Групи на корисници на GNU/Linux (понатаму ГКЛ) чиј превод благодарение на мене, Ангел (Велес) и Јове треба да стигне за скоро време (после празников), еве едно мое видување за тоа што се треба да се направи за квалитетно оформување на група на корисници на GNU/Linux во нашата земја.

Групите на корисници се од витално значење за развојот на слободниот софтвер и самиот GNU/Linux како оперативен систем. Претходните видувања кажуваат дека залагањата на ГКЛ не треба да се насочени кон помагање на било кој слободен софтвер. Така можете да оформите крајно насочена, до границите на ограниченост група, со принцип кој ќе вели дека нема да му помогнете на братот кој сака да користи OpenOffice.org под Windows заради тоа што вие сте ГКЛ и поддржувате GNU/Linux. Во светот тоа најчесто е така, но во нашата земја, поради редица причини, не е така. Ако сакате квалитетна група која ќе биде признаена од заедницата (како тоа да е важно!), бидете промотори на слободен софтвер глобално. Тоа во моментот ни е од витално значење. За да се прејде на ваков храбар чекор, со она што Лугола го стекна како искуство минатите три години, можам да ви препорачам лично гледиште како да имате успешно делување и среќен живот со вашата група на корисници. (продолжува)

Врати на контакт

Една од работите што ме нервира кога сакам да комуницирам со негого е игнорантноста. Игнорантноста и игнорирањето. Ентерпрајс компаниите функционираат така. Меѓутоа тогаш кога не се работи за соочување и судир на мислења, идеологии и принципи, многу е зафркнато кога човек кој бара информација биде изигнориран. Замислете ова, некој сака да купи рутер за безжична врска. Разбира дека firmware-от работи на Linux системче. Испраќа пошта до Login Systems да ги праша дали знаат какво е нивното искуство во врска со овој уред. И не добива повратна информација. Ќе се обрати кај друг, ќе добие информација и задоволен ќе си го купи од таму.
Губи Логин, губи и корисникот. Тоа ми се случи мене. За да испаднам фин и отворен за соработка, по потреба да посредувам за купување wifi рутер од Linksys, испратив писмо до Login Systems. Ништо посебно, здраво, разбрав дека рутерот работи со Linux, дали можете да ми дадете информации за неговиот квалитет и искуство со корисници кои веќе го користат. Сепак мислам дека се работи за мнение дека ги провоцирам. Напишав дека сум промотор и поддржувач на GNU/Linux и плус во потписот ми стои Coordinator of the Lugola, па можеби помислиле дека сакам да ги доведам до друг заклучок.
Професионално, битно е да се одговори на прашање поставено преку е-пошта, макар тоа да е и провокација, пцуенка, кавга или просто прашање на лаички корисник кој сака да дојде до информација, нели?

Нешто за поштенските клиенти

Користам клиент за е-пошта кој ми симнува пораки на компјутерот. Попрегледно ми е така. Сите адреси што ги имам насочуваат кон една на GMail па кога KMail бери пошта, ги бери практично од сите пошти. Иако KMail на моменти е преобемен (како и цело KDE со алатниците и менијата) и иако во KDE е преведен КПошта (тапа! нејсе можам да го сменам) сепак е најбрз и најдобар за моите потреби. Секојдневно откривам по некои нови работи кои ме импресионираат. Она што не ми се допаѓа е справувањето со Адресите и адресарите, што впрочем го брка KAddressBook. Ако имате замена за ваков тип апликација, ве молам понудете. Фактички целиот Kontact е прекрасен спој на апликации кои може да заменат некои скапи groupware пакети. Единствено Thunderbird подобар е во делот на подесување на филтрите за спам. Ама пошто одам преку GMail тоа и не ми е потребно. Плус Topshop ги пријавив како спам бидејќи почнаа на сите пошти да ми стигаат пораки од нив. 
Thunderbird пак од друга страна е подобар кога станува збор за корисност (usability?), теми, распространетост (се користи масовно!) итн. Кога би нашол можност да ја мигрирам собраната пошта од KMail во Thunderbird, можеби ќе можам целосно да ја користам оваа XUL/Gtk апликација. Но и тогаш ќе ми недостигаат некои мали трикчиња од KMail. 
Совет 1: Тукушто открив една прекрасна можност на KMail, која ме инсприра првично да го напишам постов. Кога читате пошта, селектирајте го делот за кој сакате да реплицирате. Кликнете Reply, само тој дел оди во пораката. 
Совет 2: Стиснете M. Ќе се појави дијалог кој ќе ве праша каде сакате да ја преместите тековно отворената порака.   
И уште нешто. Кој друг користи KMail освен Новица и Дамјан? Се надевам не има повеќе од нашава заедница. Во светот речиси сите (в)љубеници на KDE користат Kontcat/KMail. Па KDE зилотиња како мене не може друго да користи! 
Кратко но слатко. Кафето е лудница!

Last.fm група за Лугола

Тој што користи last.fm е запознат со сервисот. Тие што не знаат, нека одат и нека се запознаат бидејќи се работи за супер web2.0 сервис за кој многумина досега пишувале и раскажувале. 
Формиравме група за Лугола. Зачленете се, потребни ни се 15 души за да прикажува статистики. Ајде, ајде. 

Викенд-end

Заврши бурниот викенд. Се вратив од густото, сиво, врело и згужвано Скопје во посвежата Битола. Имав навистина интересен викенд. Се чувствувам прекрасно. Најпрво и најбитно што се видов со С. и што се запознав со некои нови фаци. Краток преглед.
Стигнав петокот, веднаш со Виктор заминавме во Inet, зборувавме за тоа како може да се шири соработката меѓу Лугола, новото НВО и нив. Веќе размислуваме на некои активности и проекти, само за тоа потоа. Иначе ни дадоа маички од RedHat и пенкала. Нејсе, Сале беше побрз од мене па му кажа на цел Он.нет за тоа (барем така ми кажа Арангел) :)
Во интерес на соработката, околу мај, кога ќе излезе Fedora 7 ќе ја инсталирам за да видам што се случува со дистрово.
Саботата сабајле јас, Маки, Стојанче, Дими, Јове и Павле, пропратно и Мартин и Климент (од пасивните Луголаши), поделивме ~600 летоци за Лугола. За летокот реагираа девојчиња и момчиња, некои не препознаа, еден тип ме праша дали сум Александар Ба..(нешто кажа)..ски бидејќи ме читал (веројатно на блогов) и некои девојчиња ги чепкале Стојанче и Маки. Ах да, го запознав Стојанче. Потоа отидовме на концерт кај С. што се испостави дека е проба за вечерта. Секој подома. Вечерта беше особено интересна. Се запознав со Алеа, тоа е музичка агенција која менаџира млади и искусни артисти од Македонија. Соработка и со нив, но овојпат приватна. Особена чест ми е :) С. испеа прекрасно, па на самиот крај на седенката во Интро (музеј) се запознав со Ана&Игор Дурловски. Многу забавни луѓе, Ана е прекрасна и во живо. 
Неделата отидовме на ручек и на саем, саемот катастрофа. Дежа ву, дежа ву!
Денес си дојдов. 

Зафатен викенд

У тоа сајмиште, чоече, ќе одиме во Сабота на саемот за книгата, јас, Јове, Павле, Дими и Јосип. Таму ќе не пречекаат Маки и Стојанче, малите активисти од Скопје, каде ќе подготвиме околу 1000 летоци кои од 9-11.30 треба да ги поделиме бидејќи после тоа сум зафатен. Летокот е ептен партизански, ама битно е да се пренесе пораката. Еве како ќе изгледа, кажете мислење пред да испечатам верзија која ќе се умножи на 1000 парчиња: 
Претходно, во петок Лугола е поканета во Инет, македонска фирма која е претставник на RedHat и која врши обука и сертификација за RHCE. Раководството на фирмата пројави интерес за соработка, не знам и јас за што се работи, ќе објавам информации од понеделник. 
Симона во сабота, од 12.00 на пладне има концерт со Ива, организирано од Алеа, во некое кафуле во градскиот музеј. Yuppiieee! Се враќам недела или понеделник. Состанок со Лугола ќе имаме Понеделник.

Сталман играл на песна за Битола

Како дел од една проектна активност што треба да опфати повеќе познати фаци од светот, стапивме во контакт со Ричард Сталман. Бидејќи сум малку возбуден, ќе откријам само 2 реченици што ми ги кажа. Вели: 
I would like to help you, if you change from a LUG to a GLUG.  Theterm "Linux user" implicitly calls the system "Linux", and that's notfair to the GNU Project.
Па сега, Glugola ? Му кажав дека се работи за име и дека секаде ја користиме долгата варијанта, GNU/Linux user group of Bitola и Група на корисници на GNU/Linux од Битола.  
И ова, како одговор на проблемот на Битола со аеродромот, да Битола нема Аеродром, ама Сталман вели: 
By the way, back before my feet were injured, when I could still do folk dancing, I remember dancing to a song about Bitola.
Повеќе ни збор! :)
Резултати од мојата замисла очекувајте некаде на почетокот на Мај. Да собериме информации и да ги обработиме.  
 

„Слободата одблиску“, Технички факултет Битола

Се додека постојат луѓе што ја разбираат и сакаат слободата, кои им пружаат рака на активистите како што се дечките од Лугола (ај да не бидам пристрасен), ќе постои и можност за делување. Овојпат, едно мало проектче кое ќе биде дел од големата слика за Лугола за 2007г.  
Во соработка со проф. д-р Илија Јолевски, на Технички Факултет Битола, во среда, 25 април 2007г. ќе се одржи настан, сличен на „Сподели знаење“ но со по-општи теми на обработка. На тој начин на идните стручни лица од областа на електрониката и информатиката ќе им се доближи слободниот софтвер и се она што тој опфаќа. Покрај практичните предавања пред аудиториум, во холот на факултетот, први спрат, ќе има целодневна проекција од компјутер на кој ќе биде пуштен GNU/Linux дистрибуција, преку која корисниците ќе можат подобро да се запознаат со практична употреба на системот. Подготвивме и постер и уште еднаш, голема голема благодарност до професорот Јолевски кој во духот на другарството и професионалноста ни овозможи ваков настан. 
(Постот е објавен и на www.lugola.net

Постер за „Слободата одблиску“

Лугола ќе организира настан на Технички факултет Битола, во Среда, 25 април, па за таа цел подготвив постер. Коментари и сугестии се добредојдени. Еве го постерот (голем е): 

poster.jpg

 (Ова е голема верзија спремна за печатење, попрегледна верзија може да видите овде)

Споредба на 10 книги за JSP

Многу корисен материјал кој обработува/споредува 10 книги за JSP. 
JSP е Java технологија за динамичко генерирање HTML што на развивачите им помага поедноставно креирање Веб апликации, и притоа да се користи моќта на Java. JSP=JavaServer Pages и во комбинација со Tomcat е навистина добар тандем! 
П.С.Моја препорака за новајлиите (како што сум јас) е Pure JSP, едноставно и брзо. 

Next Page »