Нека ни е здрава и бериќетна Vistaта

На Македонија и се потребни активисти. Регрутација: секоја недела во 18.00ч. во канцелариите на ова нешто.

На Македонија и се потребни активисти. Регрутација: секоја недела во 18.00ч. во канцелариите на ова нешто.
Е на ова се пали рајата, нели?
0. Вовед
Прашањето го постави Љупчо додека бевме на семинар во Струга, што ако Microsoft имплементираше слободен лиценцен модел, што ако Microsoft беше компанија што развива слободен софтвер? Прашањето е многу на место и никогаш порано не сум размислувал, впрочем ни тогаш многу не размислив што би било кога би било, само нафрлив некоја моја идеја, но затоа сега ќе се обидам да видам што би правеле ние кога не би постоела Microsoft како компанија или би постоела само што би произведувала слободен софтвер.
Тоа што од Microsoft би го произведувале во тогашното време не би било ништо ново за технолошкиот свет. Слободниот софтвер тогаш не постоел ни како термин, ни како идеологија. 1981, годините кога Microsoft почнува да врие е период пред ерата на Сталман и уште подалеку од ерата на Linux. Значи и да немало поделби на идеолошкиот развој на софтверот. Енузијастите и хобистите развивале софтвер и го споделувале меѓусебно. Технички за да се осмисли сценарио од овој тип треба да се изменат многу случки и настани кои го одбележаа владеењето на Microsoft на десктоп пазарот (далеку од тоа дека ќе се опфаќа целото нивно владеење, само почетокот). Треба да се инволвираат компании како што се Apple, IBM, Xerox, индивидуалци како што се Стив Џобс, Стив Возниак, Крис Ларсон, па дури и Бил Гејтс и маскотата на Microsoft, Стив Балмер (.youtube). Не се познати имињата на анонимците кои учевствуваа практично директно во создавањето на империјата, кои создаваа софтвер кој подоцна беше продаван за високи суми, исто така не се познати и функционирањето на харизмата што Гејтс ја имал кога преговарал со компанијата која го направи Microsoft тоа што сега е, IBM. Имено, идејата да се рашири парче хардвер наречен личен компјутер (или компјутер за домашна употреба) и парче софтвер како заеднички производ за домашни корисници била на Apple, наспроти идејата на Micro-Soft (првичното име на Microsoft), да се понуди софтверско решение кои ќе ги задоволи барањата на IBM-овите машини. Која е причината поради која IBM ја прифатија втората варијанта, сеуште не можам конкретно да откријам. Можам само да предложам дека постоењето на спремен хардвер од IBM ја направи потребата од системски софтвер многу поголема отколку потребата од комбинација на хардвер и софтвер.
Многу повеќе луѓето сакаат да знаат што ќе беше ако не беше Гејтс, но многу позначајно е да се знае е што би било кога Гејтс не би бил таков и зошто воопшто е таков. Според она што досега го имам видено, чуено, прочитано, дискутирано и размислено, единствена причина поради која смотаниот geek од силиконската долина успеа е неговата способност да преговара околу најслабата точка на човекот – парите. Ако некој дојде и ви понуди 10.000 денари можеби ќе размислите дали да ја завршите работата, но ако некој ви понуди 1.000.000 денари, ќе ја завршите и тоа како. Тоа практично се применува и денес, компаниите нудат големи суми и удел во нивните акции, за сметка на тоа се добива многу повеќе отколку што тежат парите. Веројатно зад носевите ни се случува тоа и со Novell, тоа се случуваше и со Apple, но нејсе некако се оддели љубовта меѓу, па сега останува препукувањето. Да, парите го прават Гејтс таков каков што е. Или не, парите го направија Гејтс таков каков што стана. Неговата желба за доминантност не била толку изразена кога создавал компанија. Парите го направија човек кој краде и кој го прогласуваат за способен и човек со надчовечки способности. Нели, DOS воопшто не бил производ на Гејтс, веројатноста да тој го подобрил откако го поткупил програмерот кој го напишал DOS сеуште постои, но тоа не било негов производ. Гејтс е повеќе бизнисмен отколку програмер, па и да е програмер, типот не е хакер. Кога парите не би го чукнале по главата, тој сеуште ќе сакаше да придонесува во заедницата на создавачи на софтвер, како хобист или професионалец, во секој случај, парите создадоа монструм кој одлучи дека споделувањето на знаењето доведува до загуба на пари. Тоа што Гејтс се појавил во право време и во право место не значи дека неговите постапки се артикулисани, за разлика од тоа што многупати се покажал како човек кој знае да даде пари за хуманитарни цели, неговиот профсионален живот покажува дека нема појма од придонес кон општествените информатички гранки.
