Archive for February, 2007

On.net награда

Честито за наградата на on.net.mk - порталот кој веројатно е и најстар и кој досега на доста нетривијален начин ги задржува своите посетители со редовно објавување на вести со занимлива содржина. Патем, On.net.mk е истиот портал што го направи Глоријан популарна фаца и го прослави насекаде низ Македонија, значи уредниците на порталот работат и на тоа - промоција на млади надежници кои сакаат работите да се сменат. 
Нешто не ми е јасно во оваа збрката…како тоа On.net.mk добива повеќе дневни посети од Google и Yahoo? Тоа се мисли на македонски граѓани кои сурфаат или воопшто на корисници на светско ниво? Ако е на светско ниво, тогаш ќе кажам само „хах..“, ако е за нашите тогаш Ок, така може. Патем, пристап кон Google од корисници ширум светот сигурно е многу поголем отколку бројот на сурфери што одат на On.net, рачунајте тука има недиректен пристап, rss-и, анализатори, ботови итн. итн. итн… 
Ново: сум го пропуштил ова известување - супер, сега е јасно, честито уште еднаш!

Убаво

Красота. Едноставно прекрасно. 

Оглас: продавам Dell 15″ LCD - 100 евра

Значи Dell 15" модел: E151FPp, стар 3 години, во многу добра состојба, црн по боја, 1024×768 максимална резолуција, жал ми е што го продавам но имам некои дополнителни потреби па… 
Детали: 
 
Спецификации
Краток преглед  
Ако не сакате вие, распрашајте се некој да не сака. Благодарам.

Евросонг - прва жичка

Се надевам ќе бидам прв што ќе објави ваква содржина од блогериве. Ги зафркнав, сите спијат хихихи.
Вчера се одржа македонскиот евросонг во Скопје. Покрај тоа што се изнаслушавме дерење, цвикање, пеење на грло и слични срања, почнавме да гледаме и директни обвинувања дека некои песни не се слушале како што треба. Андријана Јаневска излезе и кажа дека и јавиле дека за нејзината песна не бил во ред преносот, тоа веднаш се врзува со филм дека и озвучењето попушти кога ја виде Јаневска, ептен ми е ужас - кога ја гледам ми паѓаат капаците на очите, такво чувство буди.  
Вчера мислам дека беше најголемиот дебакал за македонската музика воопшто.
Се спремале, се подготвувале, и на крајот името (не пејачката) Каролина ги зезна сите и ќе оди за Финска. Песната и е ужас, ужас!! Таква песна не врви. Ок, знаеме дека Евровизија е нати-дајми и дека кога кралот не успеа да помине таму со неговата исто така ужас песна, Каролина нема да помине - пак. Што е најјако, на крајот Каролина кажа „Ќе ве претставам повторно во добро светло“, како тоа да го сторила претходно. Каролина е прекрасно девојче, изгледа петка, малку е повеќе слаба, но тоа се балансира со фактот дека е битолчанка, па … што знам, брука на веков. Нека знае дека не победи нејзината песна, туку таа. Баш тоа што не требаше. 
Игор Џамбазов - дегенизираниот шоумен. Остарен, циничен излезе на сцената, го исвиркаа, тој испрати неколку бакнежи кон некој во публиката, и почна да кажува глупави шеги. Шеги од времето на „Волшебното самарче“, кои сега веќе и не се смешни - Пајако, Пајако, аеродроми, земјотреси, пријатели пијаници…толку беше дебилен што ја збуна и режијата, па така наместо Кочани испадна дека треба да се јави девојка од Кичево. Тетките што се јавуваа паѓаа во првите 3 секунди на глупавите шеги на Игор, „Фризурата 4 часа ја правеше…а?“ по што следуваше молк, некои од нив викаа „Ало, ало…“ дебакал, вистина. 
Видете, 12 градови, нели? Сите дадоа 12 бода за Каролина, нели има нешто?
 

Кратка фото-репортажа

Сликите ги ставив на Flickr, со мала напомена - слики од Прилеп немаме, бидејќи го заборавив дигикамот чекам Тоше да ми испрати комплет слики од Прилеп, па да ги објавам. 

Преку коментарите на сликите може да видите каква беше атмосферата на семинарите. Поздрав. 

Еве и еден краток клип во кој Влатко на интересен начин со споредба ја објаснува важноста на правото на избор (квалитетот е слаб и на сликата и на звукот поради тоа што беше снимано со фотоапарат):

Дневникот на капетанот - ден петти, +резиме

Струга од секогаш сум ја сакал. Прекрасен град. Прекрасни луѓе. Не знам зошто, но кога одам во Струга се чувствувам добредојден секогаш, за разлика од матниот Охрид каде луѓето со вас се однесуваат како со граѓани од последен ред, како со стока. Доколку не се оди во странство оваа година, одморот би го предложил да биде во Струга или во Дојран. Како и да е, вчера беше прекрасно. Малку носталгично по се она што ни се случи на сите нас, особено на тимот од Лугола кој работеше на овие семинари. Јас, Павле и Влатко поминавме навистина квалитетно време во кое научивме многу и во кое се запознавме со многу луѓе кои слушнаа за Лугола и за слободниот софтвер директно од нас.
Струга од Битола е на 1ч и 15мин. па така имавме 2ч. повеќе да поспиеме. Стигнавме таму точно во 09.00. Салата каде што беше семинарот беше најдобра од сите, компактна и елегантна. Така сега може да ја добиеме реалната слика за тоа како поминавме низ Македонија изминативе 5 дена: 
  1. Прилеп - беше најдобро, имаше најмногу луѓе и интеракција со гостите. Имаше професори со кои можевме да дискутираме и имаше пријатен пречек со колачиња, кафе, сендвичи итн. Прилеп: браво!! Иако организацијата беше на UNDP сепак, гостите го прават настанот успешен, тоа прилепчани го направија во најдобро светло. Најинтересен и најопуштен град.
  2. Струга - прочитај погоре.
  3. Тетово - како што кажав, можеби 2 пати поголем од Битола, Тетово не фрапира нас сите, особено мене и Павле бидејќи на училиште и подома ни кажуваат дека Битола е втор град по големина…I don't thinkkkk soooo.. Тетово е втор град, па Куманово, па Битола. Битола е 4та. Пречекот исто така беше прекрасен, презентациите се одвиваа некако брзо, иако кога јас презентирав гостите ми создадоа трема, имаа добра душа но лош и груб поглед. Сепак, Тетово е на второ место. Интеракција голема и немаше, но сепак г-дин Алин се погоди тука да им помогне на гостите чиј мајчин јазик е албанскиот подобро да го сфатат слободниот софтвер на нивниот јазик - сепак тоа секогаш е подобро. Жалам што не знам албански за да можам да говорам со граѓаните кои ја прават другата половина од Македонија на нивниот јазик за теми поврзани со слободниот софтвер.
  4. Скопје - тиња. Едноставно изненаден од тоа колку малку гости имаше. Немаше многу претставници од школите и факултетите, беа само тројца, немаше претставници од фирмите и претсавниците на фирми и компании кај нас и најжално и трагично, освен Лугола, Симона, Маки и другарот негов и Љупчо, немаше претсавници на заедницата на слободен софтвер во Македонија. Скопје главен град - да, да. (ок, работно време, 09.00ч. сабајле…разбирам). Ах да, имаше и претсавници од Метаморфозис (Јорданка+Николче).
  5. Штип - најлошо. Имаше многу малку гости, многу малку интеракција и дискусии, едноставно нешто не беше како што треба. Сепак ние си го сторивме нашето, дадовме и интервју за едно ромско радио таму и си отидовме happy & gay.
Ако сакате да го сумираме сето ова во една реченица, тоа би изгледало вака: прочитајте ги сите претходни постови со наслов „Дневникот на капетанот - ден …“ и ќе добиете горе-долу јасна слика за тоа што се случувало. Лугола ја запознаа голем број на луѓе - голема благодарност до Тоше Мишевски, што ни пружа шанса да бидеме дел од овој проект и сите разговори кои ги имавме испаднаа баш така, немаше отстапк, благодарност до Љупчо Вангелски кој во своите презентации ниту еднаш не ја заобиколи Лугола како можност за поддршка и дел од заедницата на слободен софтвер и најголема благодарност до Павле и Влатко кои се согласија на жртвата која ја направивме оваа недела. 1300км низ Македонија, секојдневно патување по минимум 2ч., сето тоа заморува. Сега конечно слободно сабајле и време за: 

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

Сликите ги средувам, веројатно ќе бидат на Flickr

Дневникот на капетанот - ден четврти

Патувавме за Тетово. Тргнавме во 05.30ч. - стандардно за трите наназад патувања што ги имавме. Требаше да прашам за колку време се стигнува во Тетово, фактички ако не е преминот Стража од Битола ќе патувавме само час и половина до Тетово. Немав одено Тетово од 97ма - па сега видете. Градот е поголем од Битола дефинитивно. Поурбанизиран е и од Скопје. Што знам, некако помасивен ми се виде. Додека во Скопје преовладува сивата боја и жолтите коцки наречени згради и парламент, во Тетово градбите се некако нови со бош боја, меѓутоа се помодерни и посвежи. Можеби е и потсвесно или првичен впечаток, но од прв поглед, градот е џааааст фајн.

Стигнавме во 07.30ч. - час и половина порано - боже…сме го утнале терминот. Како и да е, забележавме една многу убава џамија. Градбата и беше целата таква шарена, психоделична, мала и симпатична, што знам, можеби и така се вика „Шарена џамија..“ ? Како и да е, фин пречек. Граѓаните ни помогнаа да ја најдеме зградата на општината, сите беа некако топли во разговорот но лути во погледот. Јадовме едни кифлички со кашкавал - прекрасни. Епа нели, Тетово има добар бурек и печива :)

Јаух…мислевме дека нема да има никој, арно ама кога Влатко започна да презентира имаше стандарден број на публика. Според тоа, можам да го дефинирам овој редослед на посетеност, досега (без утрешна Струга):

  1. Прилеп
  2. Тетово
  3. Скопје
  4. Штип
Можеби Струга ќе се вметне меѓу некоја од овие, или избие најгоре. Да се надеваме дека ќе е така.Разговаравме со еден тамошен професор и директор на UNDP канцеларијата во Тетово, за жал често ги заборавам немакедонските имиња (воглавно, не само албанските), што ми е мана, па не можам да го именувам. Имаше интересен муабет, професорот беше расположен за дискусија, па така, се разви уште едно искуство и познанство.Што беше друго интересно … бев некако заморен. Презентацијата ја правев многу тешко. Едвај ми доаѓаа зборови. Возењето и постојаното менување локации се тешки за организмот и метаболизмот, малку сум и настинат, ништо страшно, се релаксирам сега со прекрасна Tai chi музика и свежи сокови од цвекло и портокал+кива.На враќање тотално откачивме. Го вежбавме Доплеровиот ефект на начин што, кога се наближуваше некој човек на патот, Павле и Влатко ги отвораа прозорците и имитиравме мотор на Застава. Така човекот слуша само ….рррргггААААрАрАРррррргггг……леле лудила беше тоа таму. Многу се смеевме, до лудило - тоа кажува дека патот вредеше да се мине.Утре завршуваат активностите околу овие семинари. Да се надеваме дека за скоро ќе има слични вакви дружби, средби и лудории.
 
P.S. Сега видов дека постов личи малце на содржина од типот: „Еднаш..ко бевме..со хорот..во камп..свиревме..флејта..и флејтата..се скрши..“, ама што да правам, „утепан сум човече, ти еем..

Дневникот на капетанот - ден трети

Златна средина. Денес гостувавме во Скопје. Тргнавме рано сабајле - во 05.30ч. Вчера вторпат во мојот живот легнав пред/во 20.00ч. и спиев се до 04.00 кога и требаше започнам да се спремам. Патот веќе стана рутина. Една интересна работа - со оглед на тоа што во текот на оваа недела ќе изминеме приближно  1400км. низ Македонија, можеби би било фино во посебна страна да ставам одредени информации за патувањето, оддалеченост на градови, патишта, финти, места за одмор, наплатни рампи, бензински пумпи и сл., на кои наидовме додека се возевме. Патуваме со автомобил.

Скопје стигнавме 08.00ч., додека да се видам со Симона, пиевме кафе, дојде време за Карпош. Сите 4ца (Јас, Влатко, Павле, Симона) отидовме во Карпош навреме. Имаше многу малку луѓе. Салата беше најдобра досега. Кога зборуваше Влатко, почнаа да доаѓаат и други гости. Најмногу посетители имаше меѓу 09.30-11.30ч., значи за време на презентациите на проф. Азин и Влатко. На крајот имаше 10 души. Ок, работно време, школо, обврски, знам, луѓето се зафатени. Во секој случај лошо за главниот град на Републикава, 20 посетители…

Презентациите одеа во истиот редослед. Влатко имаше нешто повеќе трема од претходните денови. Сепак кажа тоа што требаше да каже. Азин се чини дека секој ден има различна презентација. Презентира стари податоци, како што се податоци за RedHat 8.0, Lindows (проектот поради проблеми со ознака за трговија имаше проблеми со Microsoft(tm)), исто има едно чудо печатни/синтаксички грешки (абсолутно, „Има интересно "(GUI)"“ итн., копиа, можаат, го реферира Linux како име на оперативен систем, итн. итн. итн.). Многу ме буни тоа што г-дин Азин никогаш не останува за преостанатите презентации - да се даде поддршка и на другите исто како што и ние редовно ги проследуваме неговите презентации.. Да се надеваме дека има неодложна работа, иако дента кога бевме Штип некаде пред Велес тој не престигна со неговиот автомобил :)

Кога дојде Љупчо на ред, заминав на кафе со Симона да се видам. Големо извинување за Љупчо, сепак му објаснав дека сум Скопје на само 6 часа и дека сакам да се видам со девојката, да не ме запишува. Пиевме кафе во … таму некое кафуле на „Ф“ позади „Лептокарија“. Се вративме кога Љупчо привршуваше. Како и да е, на крајот дојдоа претставници од Метаморфозис, кои ја следеа целата моја презентација и полвина од на Павле. По моето излагање Никола стана и кажа дека во завршна фаза е процесот за објавување на некоја од лиценците на Creative Commons на македонски јазик. Процедурата ја опиша вака: за една лиценца да важи во одредена земја, таа треба да биде прифатена од судот/правниот систем во таа земја. За да се прифати, треба да биде на македонски/службен јазик. По усогласувањето на верзијата на македонски, со македонското правосудство и законодавство таа се преведува на англиски (постои само адаптација и нема драстични измени) и се испраќа во Сан Франциско (во Creative Commons организацијата), каде треба да разгледаат дали се задржала поентата и ставовите што лиценцата ги предлага. На моето прашање „Значи Општата јавна лиценца ако не е ратификувана нема да важи во нашата земја и нема да може некој да се повика на неа?“, тој одговори дека тоа најверојатно е така. Но еве што ми текна мене отпосле: тоа е така. Но во однос на тоа дека Вие нема да можете да се повикате на лиценцата пред нашиве судови. Но бидејќи таа е на англиски, веројатно ќе можете да се браните на светско ниво, како и што делува Фондацијата за слободен софтвер. Или пак, во подготовката на правниот процес, лиценцата да се преведе, одведе на нотар, ратификува и примени по што авторот ќе може да се повика на неа. Ме интересира некој што повеќе ги знае овие правнички процедури да каже што мисли. 

Тоа е тоа, Скопје не беше ништо посебно, досега Прилеп е најдобар. Утре сме Тетово, семинарите привршуваат. 
 

Дневникот на капетанот - ден втори

Презентациите се тие што беа. Денеска бевме во Штип.

Стигнавме со упатсвата на мојата другарка Александра (Ацка) која ни кажа каде е собранието, па пиевме кафе во Даблин и отидовме на презентација. Влатко почна, како по планот.

Штип - градот каде имаше најмногу корисници и промотери на слободен софтвер беше некако мртов во однос на ова. На почетокот имаше прилично гости - како врвеше времето тие се ретчеа. На крајот (кога презентирав јас) имаше само неколку (10тина) лојални слушатели со кои потоа можевме да дискутираме за одредени теми. Се дружевме и со Даме. Многу и нема што да кажувам за Штип, освен тоа дека очекував многу повеќе. 

Источна Македонија навистина е убава. Рамна, зелена…утре одиме за Скопје - индустријализам!! :) Елајте…

Дневникот на капетанот - ден први

Денес започна имплементацијата на тоа за кое претходно зборувавме

Стигнавме Прилеп во 08.15ч., во зградата на општината не пречека тамошниот информатичар (како што ни се претстави), ни даде инструкции каде да се движиме. Ја фатив рачката на торбата од лаптопот…хах…не, салата беше голема, таму се одржуваат редовни седници на советот на општина Прилеп. По краткиот вовед на една елегантна госпоѓа, веројатно од локалната самоуправа, осврт на настанот даде Тоше Мишевски, UNDP Македонија, па започна со презентацијата првиот предавач, г-дин Влатко Трајков (Гевгелија/Лугола). Коментари и забелешки за презентациите:

  1. Влатко Трајков - неговата презентација беше единствена која се одржа во предвидениот временски опсег. Половина час, чисто, јасно, концизно. Прекрасна презентација, навистина, со примери и факти кои го дадоа Воведот во Слободниот софтвер.  
  2. Колега од Штуловиот Универзитет на Југоисточна Европа, презентираше 2 презентации - се извинувам навистина заборавив како се вика господинот. Неговата презентација мене искрено многу не ми се допадна. Покрај тоа што изобилуваше со англиски термини, за кои има соодветна македонска замена, имаше многу, многу печатни грешки кои не ми оставија професионален белег. Не, јас не сум професионалец (сеуште) и не можам да гледам од некоја таква перспектива, но исто така и не сум универзитетски професор. Некои работи ми беа тотално нејасни. Реченици кои не можев да ги решам во мојот ALU. Во еден момент се откажав од можноста да сфаќам. Само гледав и траев.   
  3. Љупчо Вангелски, исто презентираше две презентации, Споредба на апликации Win vs. Lin и FLOSS ресурси на Интернет. Беше супер презентација - мала забелешка што заборавив да му ја кажам е тоа што во делот каде што кажува како се инсталира верзија на некој софтвер за Linux не кажува дека софтвер може да се инсталира и преку бинарни пакети, пример apt-get и сл. Ништо страшно. Супер беше. Имаше една интересна споредба која никогаш не ми текнала - во однос на тоа зошто има вируси за Windows највеќе луѓето велат дека Windows е најупотребуван, затоа и најнапаѓан. Љупчо постави аналогија - Apache е најупотребуван сервер, па сепак е најстабилен и најбезбеден со што се побива ова претходното - закон!
  4. Павле Јоноски - презентираше тема која присутните не се знае како ја прифатија. Трагедија. Велам трагедија бидејќи темата беше „Развојни алатки и развојни средини за GNU/Linux“, 90% од присутните беа професори, според тоа што ми го кажаа ПМФ. Сигурен сум дека им беше многу досадно - така наместо да се развие жолчна расправа и дискусија на теми поврзани со создавањето софтвер, присутните како да чекаа Павле да заврши. Влатко ќе ви каже повеќе - ги набљудуваше тетките и нивните фаци, hilarious. :D
  5. Јас - патетики. Не бре….беше супер. За цели 100% го продолжив времето на презентација. Така од 30мин. добивме 1ч. кој воопшто не сетив кога помина. Зборував за „Лиценци и лиценцни модели и функционирање на FLOSS заедницата“. Професорите ги допрев кога кажав дека недоволно се грижат за тоа да им објаснат на децата дека постои можност за избор. Дека не им кажуваат за другата алтернатива која е слободна и дека најчесто не се заинтересирани за соработка. Реакција невидена - до ниво на прогласување некоректност од мене, сосема оправдано. Она на кое јас реагирав и објаснав, е следното: професор по информатика кој завршил ПМФ не смее да дозволи да не ги прати новите информатички теркови, па макар и од областа на слободниот софтвер. Така, ако некое дете/ученик запраша негов професор прашање за слободен софтвер - тој не смее да дозволи да не му одговори. ПМФ? Тука дискусијата прекина, се отворија други дискусии, за секции за слободен софтвер, имаше интересни луѓе, едноставно тука веројатно се разви најголема дискусија.

Првиот ден помина супер. Организација, реализација, беше супер. Имаше храна, пијалок за присутните, значи основните потреби беа задоволени. Да се надевам дека утре (одиме за Штип) ќе биде уште поинтересно. Се гледаме.

 

Next Page »