Archive for December, 2006

Честитка !!

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

Јееееее

НВО „Слободен софтвер Македонија“ ни испрати честитка (на Лугола) за Нова Година! Фала!

Errare Humanum est

Абе знам дека се работи за човечка грешка, али јако е, па морав да го споделам со вас:

ИКИ, трет семестар, втор предмет на листа, шифра ETF082Z01. Дедо мраз некого збунал предвреме :)

Нешто наједноставно

Си го гледав блогот на Bi, се запознавав со нејзините содржини, и едно време од страна гледам врска до блогот на „Малечка“. Прво си реков дека тоа е некоја повозрасна госпоѓа/госпоѓица која се чувствува младо па праќа такви постови. После во текот на сурфањето се уверив дека се работи за госпоѓица но навистина малечко дете (девојче) кое блогира на нашата блогосфера. Сега ќе речете дека има и други деца кои блогираат кои јас не ги знам, но јас кај Елена (поправете ме ако го грешам името), најдов толку многу детска невиност и едноставност што дури и морници ме полазаа. Земете содржини од мојот блог и споредете ги со овој пост, странците викаат masterpiece!!

Елена, ако го прочиташ ова…ти мавкам! :)


П.С.
Ако веќе го продлабочиме муабетов во духот на детството мора да го споменам легендарниот наш мал Стојанче. Денеска има учество во работилниците на „Сподели знаење“, типичен детски хакер! Браво за него и за неговиот ентузијазам и слатко чувство на детска амбиција што го шири меѓу нас. Ќе го биде страшно момче!

ПВМ James Brown!

На 73 години почина секс машината, James Brown. Get up a…

Почивај во мир човеку!

XFce преводот

Ете како што пиша Јове веќе, го преведувавме XFce, беше навистина кул. Впрочем забавата и смеењето на овие собири го прават нашето лоби поатрактивно и покул ;) Девојчиња се секогаш добредојдени на овие настани за да ни ја разубават атмосферата (а можеби и да преведуваат, хаха).. што би издвоил од мини маратонот што вчера се реализира во канцелариите на Лугола:

  • Се преведе XFce јадрото;
  • Батери, Батери, Батери, Батери, Петарди, Петарди, Петарди, Петарди!!!
  • Quit=Искачам, Pretty Print=Секси штампа, LOL!
  • Павле секогаш добива библиски-големи низи за превод, муахахаха!


Епа супер испадна ова нели? Ве поздравувам со песна по избор од Кичо Слабинац!

Zenwalker

Станав прагматичен Zenwalkиста. Инсталирав Zenwalk Linux пред 1 недела и од тогаш можам да кажам само убави работи. Убавото кај овој систем не е само во тоа што е (најважно) базиран на Slackware, туку во тоа што има добра градба, почнувајќи од скриптите за иницијализација (не дека е нешто ново, само подобрено е), па се до работната околина. XFce ме изненади и тоа беше како печурлива смеса на псилосибинска љубов на прв поглед, паднав на газ, сега користам XFce иако има што да се пријави како бубачка. Сега работите се комплетни, имам користено GNOME, KDE и XFCE, најдобар од сите е KDE, според мојот вкус и мирис. Стандардизација, пропусливост, responsivness (како се преведува?), изглед … само тој Storage:/ или Media:/ не ми се допаѓа кај KDE..

Сега за сега ќе фурам у фрки на XFCE пошто е муња ти еем и топ е онака у стилу нешо кликаш искача и тоа…

Неколку филмови за 2006

Ниту еден оф филмовите што ќе ги коментирам накратко не е излезен оваа година, едноставно сега дојде моментот да изразам што мислам за нив. Пред извесно време луѓево наоколу почнаа масовно да се интересираат за филмот за кој најпрво сакам да коментирам:

What the #$*! do we know? (What the bleep do we know?) WP IMDB
Филм на William Arntz, Betsy Chasse и Mark Vicente. Во филмот се дискутираат тематиките поврзани со квантната механика/физика, веројатноста за материјализација на мислата т.е. лоцирање на мислата и способноста на мислата врз светот кој ние го градиме. Една од речениците што се повторува повеќе од 10 пати низ филмот е „Дали мозокот разликува тоа што го гледа и тоа што го памети?“, па од тука може да се земе и контекстот на целиот филм. Филмот наликува по малку на зенбудистичките видувања на светот, дека се се случува во мозокот, дека ние го градиме светот наоколу. Малку претенциозно и за мене збунувачко беше тоа што добивањето на знаење преку сопствено искуство е занемарено. Индијанците не ги виделе бродовите на Колумбо само затоа што не знаеле што е тоа брод, но кога им кажал Шаманот тие ги виделе, добиле знаење. Е сега, ако знаењето го добиле преку искуство од сетилото за слух, зошто тоа искуство не допрело до нив преку сетилото за вид, окото? Зошто кога „ги виделе“ бродовоите впрочем навистина не ги виделе? На крајот заклучокот на Ramtha e дека ние сме Бог, дека ние сме се она што постои. Во случај да ние сме Бог тогаш треба да ја имаме моќта да ставиме крај на страдањето и да ја „довлечкаме“ среќата во нашиот живот. Кој успеал да го стори тоа туку така?
И за крај, покрај строгата препорака да го гледате овој (не нов) филм, уште едно прашање, ако љубовта е хемиска реакција од Хипоталамусот преку пептидите, зошто науката не ни направи апче за вљубување? Колку и да звучи детски…

Maybe Logic: The lives and ideas of Robert Anton Wilson WP IMDB
Филмот е обработка на перспективите на животот и искуствата на еден интересен човек кој се вика Robert A. Wilson. Филмот започнува многу интересно. Веднаш дава дефиниција и гледиште за тоа што е реалноста и за постоењето на индивидуален тунел на реалност. Нешто што на што навистина оддавам почит е идејата на човеков да преку научно-психилошки видувања, а повторно со користење на квантната механика, да ни покаже дека ние сме индивидуални битија и дека не треба многу да се трудиме да дознаеме кои сме и што сме, едноставно сума-сумарум ние постоиме во многу реалности и многу позиции, поради тоа ние не постоиме, ние сме бран. Има доза на скептичност што типот ја изрази преку покажување на среден прст кон небото и изјавување “Fuck you, you are not there!”, а потоа преку иронија и сатира ги прогласи гостите на едно свое предавање за Дискордски Папи. Потсмевот секогаш ми прави лошо процесирање на желудочниот сок…

Altered States WP IMDB
Оф, да кажам што е филмов можеби ќе ме сфатат погрешно. Едноставно, снимен според истоимена новела, малку хакслиевски ги прикажува вештачките будења на заспаните сфакања (уау!). Епа тоа ти е кога зема типот LSD и други психотропни супстанци сфаќа дека некои работи без нив не ги сфаќа, тоа сакав да кажам. Но во секој случај, слика сама за себе. Must a see!

Преку овие три интересни филмчиња сакам да ви препорачам да не седите дома за новогодишната вечер за да ги гледате нив, туку да да се позанимавате со веселење. Тоа и ќе остане ;)

Што е потребно за да се случи ренесанса?

0. Вовед

Кога би можеле да го смените светот, што би сториле? Имате на располагање две можности. Едната е да го смените светот, да направите прекрасно место за живеење, да посадите семе кое ќе донесе нешто за кое вие се заложувате. Генерации преродени суштества кои ќе ги чувствуваат ефектите на тоа што вие би го сториле. Зад сето тоа стои и чувство на одговорност, нешто што ете да речеме повторно кармички ќе се вметне во нашите активности и што може да не направи да се поколебаме. Да замислиме вака, дали би ја дале жртвата за промена на светот кога би требало да го жртвувате вашиот идеал за доброто на тие што ќе останат по вас? Стариот Гемиџија не мислеше така. Идеолошки гледано работите може да се сменат само ако сме тука да делуваме. Значи за да ги смениме работите на подобро не треба да го дадеме нашиот живот. Не треба да ги прочитаме сите литератури на светот и да ги пропагираме. Не треба да се градат цркви, храмови и џамии, не треба да се менуваат тековите на реките и соленоста на морињата. Треба да научиме да ги смениме работите, ако го достигнеме степенот да можеме да го смениме поредокот во нашето мини-општество, тогаш сме научиле многу. Леткаме, така, леткаме и си замислуваме дека сеуште сме она средношколско тинејџерско пубертетливче кое може да го смени светот и преку гитара, вино и Give peace a chance да придонесе за светскиот мир. Ако го видиме тоа од сегашна перспектива некако изгледа поттикнувачки. Да бре. Барем кога им кажувам на луѓето што сум се трудел да направам во тие години ќе им раскажувам интересни приказни, а бога ми ќе има и што да им покажам на децата дека сум се изглупирал. Сега е забавно, тогаш беше фрустрација да се биде човек што сака да ги смени работите. И така кога веќе знаеме дека не е потребно да се прават огромни чекори за да се смени светот, можеме да дефинираме појдовна точка од која ќе тргнеме на нашиот пат кон промена. Не сакаме да навредиме и да понижиме, не сакаме да уништиме. Сонцето свети еднакво за сите, па така и за креативните умови на нашето поднебје. Ретко кој сака да дискутира за теми поврзани со можноста за промена. Многу се трудев да добијам строг одговор од разни индивидуалци кои ги сметам за лица на чие размислување можам да се потпрам. Од тука стојат многуте записи по џебовите на јакната од размислувањата на Бубето, Сашко, Симона, пингвините…сите си кажаа по нешто и формираа општо мислење на моето опкружување според кое може да се дефинира можноста за промена. Дали е потребна и ако е, како до неа. Што е потребно за да се случи ренесанса? Како да ги преродиме работите?

1. Преродба

Ренесанса, Rinascimento на Италијански.

Како период кој е дефиниран како периодот на преродбата во Европа, па може да речеме и во светот општо се земени годините на 14тиот век. Многу работи направиле. Многу коски изгореле по кладите на светата црква под светиот збор на фашистичките религиозни узурпатори. Коперник, Галилеј, вештерките опседнати од Сатаната, курви и научници. Земјата не е потчинета на Сонцето. Ние сме центар на Универзумот затоа што нас Бог не создал. Па ако Тој не создал, како може да не сме главни? Или, што беше она со плочата. Што беше она со влечугата што ја одржува земјата? Ффф… Сето ова го споменувам поради потребата од нагласување на политичко-општествените миксови кои се декларираат како христијанство, ислам, хиндуизам итн, кои ни велеа (нас, обичниот народ) дека не е така, за на крајот да испадне дека било. Постојат илјадници други теории кои пак велат дека сето е теорија на завера. Сето „е“ масонска игра која се провлече под името преродба во која луѓето почнаа да изразуваат многу од тоа што го перципираат. Барајќи и продлабочувајќи се во темата дојдов до еден премногу очевиден заклучок, преродбата во средниот век не се случи организирано. Едноставно тоа беше сплет на околности, се собрало премногу па го топонизирале. За преродбата не е потребно званично започнување и званично прогласување на успех. Таа треба да се случи спонтано и неорганизирано. Индивидуалниот допринос во промената е предуслов за она што затскриено сакаме да го видиме. Ако сакаме да ги смениме работите треба самите да ги смениме. Се работи на различни места и на различни локации. Ренесансата сама по себе не донесе нешто ново, тоа што е донесено како ново е производот на многуте пера, на многуте четки и мисли. Во тој период на промена имало еден важен постулат кој ненамерно сите го имале прифатено. Според тој постулат многу од дејците кои твореле тогаш не ставале етикета врз своето дело како нивно дело. Работите биле правени поради тоа што тие чувствувале дека тоа треба да го сторат. Во тој микрокосмос на совршениот хаос на преродбата, пред да пукне големиот тресок и се роди новиот ден, луѓето не се делеле на вегетаријанци, православни, католици…да! Тоа го имало и тоа многу. Меѓутоа голема е веројатноста да Микеланџело или Да Винчи не ги болел мевот за тоа дали за нив ќе кажат дека се фрикови или генијалци. Едноставно, процесот се нарекува „негрижа за тоа каков е дворот на комшијата“. Тие предрасуди за тоа какви се другите мора да ги тргнеме и да го следиме процесот на само-осознавање преку личните промени. Процесот на преродба не е строг. Тој е спонтан и води до осознавање на нашите вредности најпрво. За да се прави преродба потребно е да се знае што се може на личен план. Секој кој е способен да ги менува работите е добредојден во псеудо-општеството на преродбата. Денес тоа може да се консолидира преку движењата за слободен софтвер, движењата за слободни содржини (вистина не знаев посолиден превод за содржините под Creative Commons лиценците), па и преку ставовите на индивидуалци (кои еве денеска прават обиди да отшрафуваат 5 години стари воздигнувања кон небото) и нивните следбеници. Можноста да се сменат работите лежи во нас самите. Можноста да се повлијае на другите лежи во способноста да се објаснат причините зошто нештата треба да се променат без да се заобиколат последиците од промените. Додека Македонија лежеше под Турските јаничарски чизми, во Европа се случуваше голем покрет, за жал и ништо ново ние не влеговме во таа голема игра на преродба. Нашата преродба се состоеше од добивање азбука, литература, држава. Нивната преродба се состоеше од промена на догматскиот експеримент во емпириски експеримент со кој се доаѓа со лично искуство.

2. Реинкарнација

Старите идеи постоеле многу одамна. Само биле потиснати. Дали во нашиот хипотетички свет на слободен избор постојат стари вредности за кои вреди да се бориме и за кои постои веројатност дека ќе ги оживееме? Од една страна да, тука се тезите дека слободата е првата работа која човекот ја посакал, нели индивидуалност од Бог преку забранетото овошје. Од друга страна тоа може да се согледа на еволутивен начин. И од двете согледувања доаѓаме до заклучокот дека слободата е наша природа. Наше право кое го добиваме со самото раѓање. Ако слободата е наше вродено право, тогаш таа постоела од секогаш. Слободата постоела и кога почнале првите творевини на пишан, орален или замислен начин. Слободата постоела уште од Ведите, Библијата, постоела уште од Арматолосердарот, Зборникот па се до денешните квази преродени творби кои се кријат зад имињата Марксизам, Капитализам, Социјализам, Комунизам, Разликувањенизам…Она што многу е битно за нашата тема е тоа што ние треба да направиме едно мало ископување во нашата креативна ризница на идеи и да видиме што постоело порано за да не мораме да го претвориме во изопачина, едноставно да го реинкарнираме во духот на модерното време. Дали некој се запрашал како е можно да се направат подобри творби од творбите на По или Иго? Можеби и не е потребно да се оди преку создавање на нешто сосем ново, едноставно можеби ќе биде доволно да направиме видоизменување на она што го имаме сега од нив, со што ќе добиеме поквалитетен производ. За да не навлегуваме во други води, заклучокот лежи во тоа што идеите постојат од одамна, само треба да ги преродиме, но не како печат на тоа време, едноставно како копија со подобрена содржина.

3.Локалност и глобалност

Сашко вика „размислувај глобално, делувај локално“ е правата работа со која може да се дефинира можноста за преродување на работите. За да не направиме хаос во термините, преродбата ја сметам за сосема индивидална активност за разлика од револуцијата, анархијата или што знам што ти не, што се покажало како гола вода. Преродбата опфаќа делување во локални норми кои ќе ги изменат глобалните видувања на светот. За да се променат работите кај нас има две можности. Едната можност е да се биде политичар и да се креираат патишта преку политиката, нешто од што се гадам при самата помисла. Колкав само е патот и желбата за моќ/пари за да се стане политичар. Другата можност за промена е преку морално и културолошко делување на локално ниво. Едноставно, ги правиме работите овде, затоа што тие нам ни сметаат. Не му сметаат на Филјан кој е на 2992км од тука, ни сметаат нам. Ние треба да ги смениме, бидејќи нашата желба да се биде индивидуален некогаш може да пецне во погрешен нерв. Така ќе опфатиме терен во кој ќе делуваме од каде што ќе се родат нови посеви на преродбеници, лица кои ќе ја посеат таа идеја на поглобално ниво, а од друга страна и самите тие ќе делуваат локално. За да не звучи сето ова премногу оптимистички, еве малка брана на патот кон промените. Во процесот на искусување на овошките ќе се појават многу, многу лица кои особено ќе повлијаат на вашето его ако вие успевате во желбата за промена. Ќе се појават многу проблеми од типот на немање средства за промена, финансиски, материјални, морални итн, проблеми од типот на задскриени желби за пад на вашата мисија. Работи кои мора да ги знаете од самиот почеток на делување на локално ниво, се разбира според мене, се две основни работи: а. Треба да се навикнеме да делуваме сами и, б. Секогаш треба да имаме резерва кон личностите кои сакаат искрена соработка на патот кон промените. Кога нештата ќе бидат насочени за добробит на другите, но преку сопствената иницијатива, работите ќе се согледуваат поинаку, ќе нема спуштени норми и морални деградации, бидејќи секој од нас ќе научи сам да си ја сноси одговорноста. Никој нема да е виновен за неуспехот на личната борба. Тоа што ќе остане да тлее е способноста да се сменат работите. И така се стигнува до тоа што Сашко го кажа, чиста вистина!

4. Лобирање и пропаганда

Во емисијата „Блиски средби“ на ТВ Тера (Битола) каде што бев гостин на 8ми ноември годинава, на моето прашање „Што е потребно за да се случи Ренесанса?“ водителката Љубица Мангова, која е прекрасна личност (не само затоа што ме покани во емисија, туку и поради тоа што знае да цени млад труд и желба за правење на работите подобри), одговори (парафразирано и поедноставено) дека патот до преродба води преку лобирање и пропагирање на личните заложби. Лобирањето е на некој начин убедување. Не се работи за наметнување, едноставно убедување на личности кои се битни во општеството, дека она за кое вие се залагате е потребно да се смени, впрочем да се објаснат вашите видувања на конкретните работи. За тоа да е успешно потребен е пријатен и едноставен пристап. Не е потребно да се навлегува во дебата за тоа дали вие сте во право или не, едноставно ако вашето видување е прифатено фантастично, се отвора терен за делување, ако не е прифатено, смирено напуштете го субјектот врз кој влијаете.

5. Спонтаност и креативност

Симона пак мисли така. Спонтана акција и изразување на креативните мисли и идеи може да придонесе за променување на работите. Делувањето и акцијата е задолжително за таа цел. Едноставно, кога се размислува за промена мора да се тргне од личната способност за креација. Дали вие сте самите себе си кога се облекувате, дали вие сте самите себе си кога се забавувате? Прашања кои ако се одговорат и искрено анализираат може да доведат до промена во одредени ситуации. Од музичка гледна точка, повеќе музичари (не само Симона) се сложуваат со фактот дека одредени работи не може да се заштитат со ексклузивно право на користење (скали, ноти и што знам што ти не..), но има и друга група која вели дека секое дело мора да е покриено со строги авторски права кои забрануваат манипулација. Епа тоа ти е, уметниците се малку фрики нација :)

И навистна што е потребно за …

6. Да се случи РЕНЕСАНСА?

Патот до преродбата е толку прост, што дури и почнав се соменвам во својата ментална и интелектуална способност за барање на одговорот таму далеку во темнината на мислите. Патот до преродбата е пред нас самите. Составен е од две дланки, 10 прсти и еден мозок. Тие три субјекти се основа на секоја промена. Личниот придонес кон промена на работите е најважен кога сакаме нешто да промениме. Преку интелигентно замислена мисија и акција можеме да делуваме во насока да ги смениме работите. Единствено што не треба да се грижиме е што ќе постигнеме со тоа, дали ќе постигнеме тоа што очекуваме и сл. Треба да се делува бидејќи сакаме да го направиме парчево земја подобро за живеење, вашето мало општество подобро за дишење. Кога ќе ги оствариме овие аработи ќе знаеме дека сме направиме мини Ренесанса. Тогаш ќе знаеме дека делувањето на локално ниво може да инспирира многу други лица да тргнат по истиот пат за доаѓање до промена. За да не испадне дека се занесуваме и замислуваме дека еден ден некој од владата или од некоја НВО ќе не донесе во подобар свет и во земја на чудата, треба да тргнеме кон искористување на сопствените потенцијали. Нека се заборави тоа дека не сме овци за стрижење, едноставно и кога би не истрижале, нека ни ја дадат волната за самите да си ја искористиме. Тогаш друг ќе не стрижи, но ние ќе му ја мислиме што потоа.

Патот до ренесанса е во одговорот на прашањето „Што сакам јас од животот?“.

Александар Балаловски,
трагач

Што му кажав на Тито?

Добивме информација дека уште еден масакр се направил во битолската Гимназија Џозеп Броз Тито, на тоа јас лично како координатор на Лугола делував преку испраќање на писмо до школото (сеуште немаат одговорено):

Здраво,
Ви испраќаме порака преку електронска пошта поради тоа што членовите на Лугола (www.lugola.net) не се во можност да контактираат со некој од вашето училиште лично. Има една мала ситуација за која Групата на корисници на GNU/Linux од Битола (Лугола) е загрижена, а од друга страна цел на групата е да ги заштитува правата на корисниците на GNU/Linux како и да го спроведе почитувањето на кодовите за однесување кон инсталираниот слободен софтвер по институциите во градов/земјава особено образовните институции.

Со оглед на тоа што веќе подолго време ние како група делуваме во однос на тоа да се зачуваат GNU/Linux инсталираните дистрибуции на компјутерите во училиштата низ градов, Ви го испраќеме и писмото. Со сета почит и уважување:

Пред некое време Лугола дозна дека во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола е избришана стандардната инсталација на Linux системите кои дојдоа со донациите на компјутери пред извесно време во сите школи во земјава. Преинсталацијата на системот кој Вие го работите и користите за одржување на предавањата не значи дека мора да се избрише и систем на друга партиција. Зошто е ова важно? Поради тоа што младите имаат право да знаат за слободниот софтвер и да работат со него, па од тука произлегува и проблемот со тоа што доколку веста која стигна до нас за отстранетите Linux системи е точна и Вие ја потврдите не само што некој треба да сноси морална одговорност кон слободата и правото на избор, туку тој ќе треба да превземе нешто за тоа да се санира на време.

Ние сме свесни дека ретко кој професор прифаќа да работи на Linux базиран систем или слободен софтвер воопшто, за жал капацитетите и можностите, а и интересот на професорите кон ова поле од информатичката технологија е минимален, речиси непостоечки, но тоа што професорите не знаат да работат и администрираат други системи освен комерцијалните широко-употребувани системи не значи дека треба да се прави штета во однос на правото на избор на младите.

Како решение ние ви нудиме можност членовите на Лугола да дојдат и да го санираат проблемот со тоа што ќе инсталираат GNU/Linux дистрибуции на компјутерите каде тие се избришани со што ќе се постави/врати можноста за употреба од страна на тие корисници на истиот, а и за запознавање на тие кои не го познаваат и кои немаат работено со него.

Поздрав,
Лугола

Збрка

Hebrew Dictionary: balal;bal-al;bal-aw; a primitive root; to overflow (specifically with oil.); by implication, to mix; also (denominatively from ‘bliyl’ (1098)) to fodder:–anoint, confound, X fade, mingle, mix (self), give provender, temper.

Мојот надимак на еврејски значи Збрка. Каква коинциденција. Плус ме има и во Библијата на Еврејски.

Месецов е згужван до тука бидува. Сесијата е при крај и што знам бре, добро помина. Барем во однос на тоа како јас се поставив во работите. Една интересна работа се случува. Симона доби внука од сестра и (и никако од сестра му). Хех интересно е. Пишувам нешто како колумна шо испадна дека ќе е огромен текст, па до пред нова година ќе има што да прочитате од овој паднат слуга. Може да го поделам на 4-5 дела.

Ве сакам сите, ама Тоше ве сака повеќе!

Next Page »