Ај несаглам
Некни возам со колата. Југо 55 жолто, пристојно за низ град. Едно време влегувам во еднонасочна уличка (тесна до тука бидува), и гледам кола јури накај мене во забранет правец. Ај враќам назад. Гледам таблички позната работа. Ау да бе. Дипломатски. Опса, гледам внатре конзулот на Турција. Крши закони а? Ама има дипломатски таблички, шо му можам. Дали ќе ме отепа или не, на кој му дреми? Сигурно не него.
Шеткам така по некој ден по Булеваров и гледам џандарски Chrysler паркиран од десна страна. Мајката, нешто боди очи. Ништо ново впрочем. Огромен знак дека местото е предназначено за инвалиди и сл. бидејќи на знакот нели беше оној симбол со инвалидска количка. Ту реѕил! Си викам да му го пратам на Трендо? Ај не, има тој за што да пишува, машала Глоријан тука е.
Симона бегаше во неделата. Фурам онака ја у фрки и едно време гледам семафорот светнува жолто, притискам, светнува црвено, касно е да кочам, притискам уште повеќе. Гледам полицаец! Опсаааа реков, ојде возачката 3 месеци. Не бре брате. Си ги стави рацете на газот и си замина. Да, сообраќаец. Кршам закони да!!
Во Х фирмата во Битола се јавив да барам компјутерска конфигурација со GNU/Linux. Везе немаа. Не се замараат воопшто со „такви нови работи“. Прашав за замена, викаат XP, легално? Да! А викам канцелариски пакети нешто? Викаат епа имаме ние Office ќе ти инсталираме. Легален? Боже пази…400€. Нудат пиратски офис. Па не дај боже да треба да користиш легален професионален софтвер. Епа нема да е легано! Што зборам јас, клише…
Вчера упишав последен семестар. Давам документи (требаше да ги дадам пред 1 месец), службеничката вика „Казна!!“. Викам ај ок. Се спружив уште 600 денари. Уау системот функционира. Ме казнаа! Ме Казнаа….фејд аут…не. 4 години како студирам, во просек секогаш со уписите и заверките каснев по 1-2 месеци. Никогаш до вчера не ми побараа казна. Арно ама сум се скарал минатиот пат. Па ќе ме уценува. Па ќе ми бара казна. Во ред бе. Ќе платам. Платив пола 17″ за семестарот, сеа за уште 600 денари. Не е проблем. Паричникот сега очајува. Школството го ограби!





