Archive for October, 2006

Есента ми дојде

На Пелистер веќе има снег. Која лоша зима ли ќе биде. Во саботата поминав феноменално. Беше дојдена Симона и направивме прекрасни фотографии во паркот во Битола. Поентата е дека времето беше прекрасно, сонцето светеше, водопадите течеа, сликите може да се видат овде.

И пред да заклучите дека сликите се супер, знајте дека животот е супер само ако го организирате и насочите правилно! Малку оптимизиам, па да мора, за кај па не?

Не!

Не на фризерот, не на снобштината, не на Претседателот, не на Министерот, не на КокаКола, не на Пепси, не на Мајкрософт, не на Интел, не на Логин и Семос, не на јадењето месо, не на Мек Доналдс, не на експериментирањето врз животните, не на Промес, не на организираната религија, не на црквата, не на дрогата, не на лошата музика, не на  Скази, не на националистите, не на Фашистите, не на политичарите, не на алкохолот, не на неконтролираниот секс, не на коцкањето, не на долгите редици пред влезовите на кафулињата, не на gemidjy, не на ЈАС преку лажното Ego, не на отупувањето на младите кои не сакаат да сменат нешто во нивните досадни животи!

Да на љубовта! Добро утро Содушници!
Не на тие што викаат Не на Pink Floyd!

 Листата се менува повремено.

Пцовки и слични безобразни зборчиња

Многу ми замеруваат за користење на пцовки и лоши коментари кои ги содржат зборовите „к*р“, „е*ам“, „е*ан идиот“ итн. Некогаш дури коментарите некаде предизвикале иритација до ниво на насилство. За среќа сеуште немам јадено ќотек. Некогаш пораките за отсуство или невознемирување на IM допреле до мои другари кои си помислиле дека им се обраќам директно ним. Пример, едно другарче драго помисли дека му велам Shuttup or Dogh!! А тоа беше порака инспирирана од Homer дебелиот. Dogh!! сите го знаете изразот. (негодување на Homer).

Исто така кога се работи за ситуација при која некој кажал/напишал нешто што дошло до мене и при целосна заслепеност на изворот користам зборови и реченици од типот „Абе добро, слеп ли си ебати кретенот?“, ама тоа се случува кога некоја работа е апла пред очи или апла очигледна. За да не се случи да бидам погрешно разбран од тие што воопшто се грижат, еве јавно објавувам секрет…декрет, не се лутете.

Идејата на идеологијата

Темата за денеска е Идејата. Потребата од ширењето на идеологијата меѓу корисниците на сметачи во нашата земја. И во светот, ама ние делуваме тука. Македонија се развива во однос на Информатичката технологија, иако има многу повеќе трупци него професионалци, иако наместо да се споделуваат искуства и нови идеи денес корисниците на различни платформи само фрлаат огнени топки едни кон други, еве можност да се консолидираат сите корисници на софтвер и да формираат една заедничка идеологија, се разбира нема да се базира на ништо друго освен слободата, не мора да е слободен софтвер, само слобода. Споделувањето на идеите и знаењето е главна женска улога во сценариото, ако отстапувате од прифаќање на тој принцип, направете нешто корисно за вас, пуштете Cartoon Network.

1. Зошто преку Како

Некогаш имињата на подточкиве ги земам од дискусии со некои мои другарчиња, како на пример вчерашниот (ќе се сети кој). Тоа беше сосема друг муабет, но многу битно гледиште за денеска е да согледаме зошто да се делува и како да се делува. Ако едното не постои нема да може да се стигне до другото. Ако знаеме зошто да делуваме, но не знаеме како, џабе знаеме, ако знаеме како ама не ја знаеме целта, исто џабе. Едното прашање без одговорот од другото не може да се изведи. Нема потполност и компатибилност. Токму затоа, целта на целото движење и пропагирање за слободен софтвер е веродостојно доловување на моќта на слободниот софтвер за имплементирање на сметачи каде се задоволуваат некои потреби. На луѓето им треба авторитет, тие се жедни за знаење. Никој нема да се нафати да го пронајде решението сам, ќе тргне од стекнатото знаење на друг поединец. Порано тоа не било така. Немаше Google, немаше Wikipedia. Се се стекнуваше/ло на своја мака. Но како што врви времето, крајниот корисник ќе е се помасовен во замавот на слободниот софтвер, па затоа и на крај памет дека тој треба да чита како се конфигурира одреден сегмент што му е потребен, ќе го чека сервирано и спремно за употреба. Ако ме прашате мене тоа и не е многу оправдано, но тоа е чиста слика на тоа што е. Како ретка можност се нуди способноста на некој од корисниците да му помогне на почетникот. Многумина знаат, имаат знаење, но ретко кој може да помогне и методички да пристапи кон решавање на проблемот на друг. А многу е битно да се помага на почетниците кои започнуваат со слободен софтвер. Да, сите сме биле досадни некогаш. Некои уште и се. Има многу од заедницата што се навикнале премногу да конфигурираат работи со графичките алатки, па кога ќе треба да конфигурираат нешто на некој минималистички систем ги фаќа паника. Каде може да се помогне помагајте. Не се кријте себично и дудлачки зад вашите себични амбиции на краен корисник. Зошто ако имате знаење не го споделите со другите? Тоа што сте добиле ново работно место не е воопшто оправдување дека немате време или можност. Напротив, тоа треба да ве стимулира. Па и не сте прв што сте се вработиле или сте го изгубиле времето во друга дејност. До вчера и Вие бевте таков. Да, корисник на кого му е потребна помош. Ако знаеме што сакаме треба да тргнеме од прашањето Зошто, ако го одговориме тоа прашање ќе добиеме одговор од типот „затоа што сакаме масовна употреба на GNU/Linux од корисниците“, ако сакате тогаш споделете го знаењето и ќе го добиете одговорот на прашањето Како.

2. Извори на помош

www.linux.net.mk

Ако зборуваме за извори на помош на македонски јазик, за слободен софтвер не може да се пожалиме дека ги немаме воопшто. Како прво и основно, веб страната која некогаш беше жив и интересен портал за корисниците е мртва. www.linux.net.mk е мртва. Јас лично имам право да објавувам вести и стории. Но тоа не го правам често поради односот на претходните администратори кој оди вака: „јас доста се грижев за страната, сторив доволно, сега треба некој друг“. Ако е така, зошто воопшто е отворен овој портал? Каде се иницијаторите?

Поштенска листа

Постои поштенската листа на „Слободен софтвер Македонија“. Да не ја почудам, функционира добро. Иако служи само за објавување информации и новости, а се поретко за решавање на проблеми, листата функционира. Адреса на листата е http://hedona.on.net.mk/mailman/listinfo/ossm-members. Дозволено е да се зачлени секој кој претходно ќе го прочита бонтонот на листата и ќе се придржува до правилата на испраќање пораки.

Wiki-то на Лугола

Викито на Лугола претставува млад проект на Групата на корисници на GNU/Linux од Битола. Во него досега нема многу статии. Има 65. Но размислувам на идеја и начин да се дополнува со нови и свежи информации. Не очекувам онлајн поддршка од корисници кои треба да ги фатите за муда за да напишат 5 линии во Викито или 10 месеци да ги чекате да напишат текст за RedHat (да, Марко, каде загина?). Тоа нема да се случи. Ќе се организираме во групи и на лице место ќе се пишуваат текстови и ќе се објавуваат уште веднаш (веројатно групен собир во блиска иднина). Се надевам, значи се надевам, дека Викито ќе стане центар и база на знаење за нови и напредни корисници. На почетокот тргна сосема добро. Ќе видиме како ќе биде со новиот увид на работите.

IRC

На IRC може да добиете помош на македонски јазик на каналот #lugola на Freenode (irc.freenode.org). Последно време функционира прекрасно. Вчера се собраа над 25 корисници на договорена средба на заедницата. Беше интересно. Состанокот заврши и сите ги снема. Е тоа е болно. Има толку многу корисници, а не сите од нив се спремни да помагаат на новајлии, кои верувајте доаѓаат на каналот и поставуваат прашања за стекнати проблеми. Иако тоа некогаш е хумористично, нив им треба помош, и треба да ја добијат бидејќи ја заслужиле со храброста што инсталирале GNU/Linux дистрибуција.

Потоа следуваат НВО „Слободен софтвер Македонија“ (мислам на нивната директна адреса за е-пошта), како и Лугола, преку формата за контакт на www.lugola.net и испраќање директно писмо со образложение на проблемот и барање за решение. Тоа функционира солидно. Единствено што Лугола во случајот не прави е што официјално не испраќа CD-ња по пошта или не врши нарачки. Во последниов месец, се обратија над 5 корисници од Скопје, кои не добиле никаква информација дека таму има корисници на слободен софтвер, а кои можат да им дадат тоа што го бараат - соодветна дистрибуција за нивното ниво на знаење. Да, на 2ца од нив се обидов да им пратам пакет со дистрибуции (едниот од нив не ни стигна, глупава пошта). Битола испраќа во Скопје. Голем срам.

3. Дедо мраз

Да. Постои. За „месецот на GNU/Linux во Битола“, значи минатиов септември оваа година, вашиот сакан другар за потребите на проектот на свој трошок направи многу многу пропаганден материјал. Него го исмејуваа за грдиот дизајн на летоци „како тоалетна хартија“, но мора да споменам и нешто друго, тој истиот со помош на своите другарчиња од Лугола, направи околу 200 копии од памфлетот на „Слободен софтвер Македонија“ - Слободата и Ти. Се направија и редица други работи кои нема ни да ги споменувам бидејќи не ги правевме за да се тупаме во гради и да викаме дека сме сработиле се што може да сработиме во 1 месец, туку од љубов кон она што го правиме. Се поделија над 400 ЦД-ња со најновите дистрибуции, маички и сл. Ние бевме дедо мраз, делевме бесплатно и корисниците задоволно си ги земаа бесплатните копии од материјалите. Еднаш на членството им кажав дека „ќе сум среќен ако од секоја една активност што ја имаме, се извлече барем еден нов корисник“. Тоа се случи во неколку наврати за време на последниот проект. Целта беше постигната.

Гореспоменатиот памфлет е најдобриот материјал во Македонија кој може да се прочита и кој може на крајниот корисник да му понуди јасна слика за слободниот софтвер и воопшто слободата. Памфлетите беа разделувани најчесто на млади лица и лица кои покажуваат особен интерес за проблематиката која ја пропагиравме. Сето тоа ми направи една размисла која уште еднаш докажа дека пропагирањето, дали на овој или оној начин, е многу важна работа во мисионерството што го зедовме како обврска (барем некој). Правењето летоци кои само ја доловуваат информацијата, делењето ЦД-ња и нудењето на други материјали е работа која мора да ја правиме. Дали сте ја направиле некогаш вие таа работа во вашиот град? Можеби и е време да се организирате во група на корисници на слободен софтвер и да превземете обврски на вашето кревко грбче. Тоа го стори Ане од Велес, секоја чест, тој го направи првиот чекор кон приближување на корисниците на сметачи во Велес со слободниот софтвер. Нема да споменам точно што, но дечкото пројави интерес и тоа што го дискутиравме во Битола и го направи. Речиси сум сигурен дека во Велес за скоро ќе видиме група слична на Лугола. ЛУГ-овите се битна работа. Дел од машината за пропагирање. А тоа што се бара жртва и од оваа работа, навистина, се бара. Но ќе зборуваме за 10тина години, кога најдобронамерно се надевам дека сето ова што ние (да речам јас е многу егоистички) го започнавме во Битола, а кон што ни се придружија многу други, ќе исплива како гордост кон тоа што тогаш ќе го работиме. Основата ја градиме сега, ако ја направиме трула, ќе се урне она што треба да го градиме до крајот на нашиот работен век (како вработени лица).

Многуте фрустрации доаѓаат од редица незаинтересирани членови на нашата не многу голема (но растечка) заедница на корисници на слободен софтвер. Секој ден може да биде посебен со барем по еден нов член. Секој може да се чувствува посебно ако наведе и докаже пред барем 3ца свои другари дека нивното мигрирање кон употреба на слободен софтвер би било оправдан чин. Така од нас 100 ќе се добијат уште плус нови 300 корисници. Она што ќе се случи во блиска иднина можеби ќе се одрази и врз нашата иднина. Мисионерството не е губење време и продавање празна идеологија. Како што кажав, тоа е градење и создавање момент кога идејата ќе ја оправда идеологијата и кога сите ќе можеме да му дадеме парче леб на младичот кој го носи нашиот нос преку она што најповеќе сакаме да го работиме - слободниот софтвер во целина.

Edgy

Префрлив се на Edgy. Убаво е што со Kubuntu кога правиш ажурирање на системот, правиш ажурирање на системот. Тоа целосно успеало само со две дистрибуции, полу-автоматското ажурирање на Slackware и Kubuntu. Исто така почнав да користам и Firefox RC2, кој има закон SpellChecker-as you type, како што имаат сите *Edit KDE графички контроли (да, тоа го има во Konqueror и сл. одамна). Firefox 2 е многу подобар од Rama маргаринот и од Etnica. Има едно чудо можности и прекрасна стандардна тема. Еве една слика од мојот екран:

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

Исто со Edgy се ажурира и Qt 4*. Сега имам Qt 4.2, многу слатко.

Од другите новости донесувам: пишувам текст за идејата на идеологијата, сервирањето на заложбите што заедницата ги има и важноста од пропагирање и делење материјали поврзани со слободен софтвер. Ќе го биде веќе и денес. Не знам дали некој ги интересира, арно ама едни стари текстови што одамна ги пишував најдоа примена многу покасно. Ќе го биде бате…

Програмерот разоткриен


1. Што па сега?

Многу беа интересни да се дискутираат темите поврзани со програмирање и се што произлегува од него последниве денови. После залудно потрошено време на преглед на споредувања на јазици, кои ги правев веројатно поради потреба од лична сатисфакција, сфатив неколку работи кои можеби и не треба да ги објаснам поради тоа што поискусните веќе ги знаат, но затоа во едно кратко резиме ќе го цитирам ценетиот пријател Ристе Пејов, кој во една вечерна дискусија ми кажа:

„“Кога ќе излезеш од границите на овој јазик версус оној јазик … ќе бидеш многу подобар програмер.

Па причината која ме наведе да правам истражување на таа тема беше апсолутно потопена во вода. Програмирањето мора да се сведе на алгоритамско познавање. Кога програмерот ќе го осмисли алгоритамот за изведба на решението, него синтаксата не треба да му претсавува проблем. Не велам дека нема, туку дека не би требало. Така тој ќе може да понуди решенија за различни случаи, платформи, потреби итн. Многу битна работа е кога се работи врз добивање на производ, она со кое работите да биде повеќеплатформско. Тука се добиваат аргументи контра фактите кои велат дека мајкрософт-овите производи се многу подобри тргнувајќи од преведувачи (eng. compilers), па се до пронаоѓачи на грешки (eng. debuggers), за разлика од другите субјекти на споредба. Еден конкретен пример би било моето целосно прифаќање на тоа дека C# е подобар програмски јазик од C++, нешто што тврдоглаво го негирав без дополнително знаење, но од друга страна негово сеуште целосно отфрлање. Од C# ги знаам само синтаксичките основи на јазикот, што ги научив(ме) додека бев(ме) на кратко работно место во Pixel. Сега мора да споменеме некои работи кои…мора да се споменат. Како прво, еден од основните горенаведени принципи на повеќеплатформство е анулирано, со самото тоа што знаеме дека ретко кој производ на MS е повеќеплатформски, можеме да кажеме дека развивачот/девелоплерот губи многу од моќта што може да ја има со други јазици. C# како јазик, без ништо околу него, е супер јазик. Подобар е од C++ бидејќи тоа и беше целта, да се создаде јазик кој ќе е „подобрена верзија“ на C++. Така е и со Java. Но решенијата како Mono не ја нудат целосната моќ на машинеријата .Net што може да се види на Windows платформа. Да, .Net е монструозно моќна машинерија, но само за под Windows. Што имаме потоа од страната на C++, метадата шаблони, можност за примена на RAII технологии, брзина, раширеност, покомпакти класи и контејнери (namespaces), општа компактност, па следуваат спротивните аргументи тргнувајќи од потребите за рекомпајлирање при најмали измени на кодот, можностите за мемориски дупки (нема собирач на ѓубре (СЃ), но има детерминистички деструктори кои ако се имплементираат мудро ќе завршат работа, сепак СЃ е далеку подобар приод), обемно изразување (порано Java беше навистина многу пообемен, сега ситуацијата е поинаква), итн. итн.

Ако сето ова се сублимира ќе се добие само едно нешто: ХАОС. Навистина, нема потреба од анализирање и споредување на јазиците и фрејмворковите што произлегуваат од нив. Не треба да се мисли дека некој е добар програмер ако знае 100 програмски јазици. Идејата на добивањето „нешто“ од активноста наречена „програмирање“ е да се дојде до што посолидно решение, што по-алгоритамски унапредено (оптимизирано), што покреативно и пооригинално. Тоа се добри програмери или развивачи. Тој што ги користи сите овие фишеци кои ги споменав, ќе има солиден арсенал за „напад“, и ќе се добие нешто кое многумина го нарекуваат geek, тип од стриповите. Не, обратно, Стереотип на човек кој прекумерно седи пред компјутер, не видел сончева светлина месеци, јаде само брза храна и е антисоцијализирачки дел од неговата заборавена фамилија. Или се добива личност која може да се нарече „Немегибајимаммногуработа“-личност. Дали тоа е оправдано? Се разбира дека не, бидејќи тоа е само уште еден…

2. Стереотип на програмерот

Веќе споменав во некои од претходните текстови, она што многу ми смета е тоа што денес програмерите влегуваат во тешки филмови на претерано зафатени личности кои ако добијат сопруга би биле среќни, а ако добијат дете па премија осигурана за цел живот. Штета. А програмерот може да биде толку многу послободен од рамките на ограничувањата што некој ги наметнува. Како? Може да биде полн со можности за реализација на фетишот што го има кон програмирањето. Јасно е дека за програмерот нема работно време, бидејќи никој нема да одговори дека повикот за помош за проектот на кој работел е вон-работно време. Но она што важи за сите други, може да важи и за програмерот како субјект. Програмирањето не е професија. Програмирањето е активност што ја обавува лице кое има способност да влијае врз работата на сметачот преку магистрална синтакса. Задоволството што произлегува од програмирањето може да се бара во два аспекти на технологијата како целина. Првиот е можноста за доминирање врз сметачот како машина, а вториот е можноста за добивање на решение што ќе го користи друг (да! Некој чувствува задоволство кога нешто создава за разлика од многумината што денеска рушат). Вториот аспект се расчленува на уште две гранки – прва е можноста за изработка на бизнис систем по кој ќе се нудат услуги при што програмерот ќе може да заработува од она што го создал (некои го викаат и freelancer). Многумина живеат од тоа. Целна група им се малите потрошувачи, тргнувајќи од колонијали и единечни книговтствени бироа, па се до маркети и здравствени установи. За тие кои ги користат потребите на рангот наведени институции може слободно да се каже две работи:

  • апликациите им се изработени во Delphi или Visual Basic;

  • не гледаат интерес во проширување на нивниото знаење или доработка на претходно произведен софтвер;

За нивното делување од технолошки аспект нема многу да зборуваме. Не знам ни дали вреди. Она што сега не интересира е другата гранка на која вториот аспект се расчленува, а тоа е Ентерпрајс пазарот или она што највеќе котира на пазарот. Искрено немам сретнато програмер кој повеќе чувствува задоволство кога работи на проекти поттикнати од туѓа имагинација и креативност отколку на проекти иницирани од него самиот и реализирани од него и програмери слични на него. Не дека не постојат, можеби постојат, но верувајте тоа што овој аспект (ентерпрајс или крупниот модел) му го сторил на програмерите ширум светот е жално. Направил една трагична работа – ја убил креативноста на програмерите. Програмирањето знае да биде и уметност, уметноста е создавање на дело кое произлегло од вас самите, работењето и размислување само на „големо“ створа роботика и ги анулира идеите и можностите. Имам разговарано со точно 4ца програмери кои се сложиле со оваа констатација, не дека јас ја форсирам или сл. И, ќе се запрашате, каде е задоволувањето на потребата од програмирање кај програмери кои спаѓаат во последно-опишаната ситуација? Сеуште немам откриено прецизно, но она што сега знам е дека нивното знаење од програмирање и можноста за прекрасно добивање на решенија или добивање на прекрасни решенија го користат само за заработка на многу, многу пари. Потоа ги нема, играат World of Warcraft и ги бркаат работите на големите, па спијат, јадат и се ставаат на хибернејт кон целата заедница на програмери кои секогаш чекаат нови и нови идеи. Лошо. Повеќе за нас отколкуи за нив, сепак лошо.

Замислете што се случува кога таква личност создава фамилија. Тука се создава вистинско дувло за караници и недоразбирања, за тоа колку програмерите се зафатени, колку тие што не програмирале никогаш нема да разберат колку ним им е тешко и колку ги боли главата сосе рамења секое утре кое го добиле само 2 часа претходно. Таквата личност нема време за прошетка со сопругата, за прошетка со другарите и хранење на мајмунчиња во ЗОО со неговите деца. Тој МОРА да го работи тоа што го започнал недела-дена претходно. Тој е зафатен. Не е така.

Сите програмери знаат дека не е така. Сите знаат дека тие кои прават како што опишав, впрочем се преправаат и се кријат зад нивната професија како можност за избегнување веројатно на обврските или „некои други досадни нешта“, иако тоа не го знаат подоцна го сфаќаат, меѓутоа во неколку број случаи за кои сум читал временскиот расчекор бил голем. Не го поминале deadline-от на побарувачот, но го поминале deadline-от на неговите блиски. Останал без нив. Така сега може да се ослониме на потребата од насмевка и прошетка, хранењето на мајмунчиња и фотографирањето на прекрасни панорами на Викторините водопади, „Па како е тоа можно?“, а зошто да не е? Зошто ако може за други случаи да важи правилото 24/3, овојпат да не важи? Нека биде 24/2, пак се има време. Програмерот може да биде програмер, но може да биде и човек кој не размислува само за кодови и чиј единствен хумор се грепуваните коментари во Linux кодот. Супер, програмерот е обичен човек, ништо повеќе.

Јани ќе си оди, ох ох ох!

Конечно, следниот елемент за судир на интереси и злоупотреба на пречекорување на службените овластувања се нотира и на директната инволвираност на поранешниот пратеник г-дин Јани Макрадули,кој бил назначен за раководител на работната група во рамките на Владата на РМ која требала да го подготвува целиот процес. Ова директно индицира на вмешување на законодавната во извршната власт и целосна злоупотреба на пратеничкиот мандат.

Како тоа бе? Значи ние цело време во право сме биле? Леле какво е чувството … ај да го видиме Јани зад стаклото па ќе му носиме лаптоп да прати порака до своите обожаватели :)

Срамота Јани, срамота!

Патем, падна и The Butcher!

Mandriva 2007 Live

Live или Жива, One или Една, како и да е, вчера ја тестирав најновата верзија на популарната дистрибуција Mandriva. И што имаме. Портокалова дреч боја која вади очи, блага имитација на Ubuntu конвенциите за стандардизирање на изгледот и начинот на работа на системот. Грда лента на прозорците, впрочем нема погрда, фина нова тема за KDE и GNOME, интересен прераспоред на елементите во К менито итн.

Еден глупав податок, мојата картичка е пронајдена, го користи драјверот fglrx, значи комерцијалниот драјвер на ATI, има вчитан (Load “dri”) dri и сепак вика дека нема direct rendering овозможено. Тоа не ми дозволи да ги овозможам 3Д ефектите на системот кои многу лесно се овозможуваат преку Drak алатката, само не знам како потоа ќе се покажат. Најдов потоа некои табели, шеми и ствари испадна дека мојот чипсет не е поддржан, како? Појма неам. Во storage:/ каде што треба да се излистаат уредите врзани на компјутеров немаше ништо, No files. Не се ни осмелив да ја инсталирам. Можеби на некој ќе им се допадне, можеби не, како и да е, Mandriva направи добар чекор со тоа што тргна кон 1ЦД-стратегија, а лош што нема оригиналност. Плус во Powerpack има некои lame пакети од типот на LinDVD и сл. Туф Туф…

Чкембе „чорба“

Каква глупост, па овие ропаците од OnNet го објавиле. Поголема катастрофа немам видено од масакрот во Сребреница кога ги пукаа од зад грб кога 2 дена мислев на тоа и бев депримиран тотално.

Ги испотепаа. До каде сме стигнале со мизеријата. Каде сакаме да стигнеме со ова? Глупаците маваат по луѓево, од другата страна Чкембињата викаат „Тоа…Тоа…“, леле страшно!

Walking proudly in our winter couts,
wearing smells from laboratories,
facing the dying nation!

Status Quo! Камено доба…

П.С.
Иако со постов целев кон уредникот на вебот што го објавил тоа, се извинувам доколку предизвикав невоља кон вработените на On.net членови на FLOSS заедницата во Македонија. Немам ништо против OnNet како компанија, но имам против објавување на материјал на кој едните се ситат, а другите го примаат и тоа под капата на видео материјал за забава. Тоа е тоа. Се имаше случено пред една година да му пратам директно на Трендо врска со видео материјал каде што се гледа како група полицајци влегуваат на Drum And Bass журка и покрај тоа што ја прекинаа испотепаа неколкумина таму. Трендо кажа дека нема потреба од објавување на таков материјал. Суровоста на нашата пак полиција не мора да ја прикажуваме вака, веќе ја знаеме, но прашањето е, каде да се обратиме и како да ги обесхрабриме органите на прогонот?

Вистинска локализација

Има голем број на движења во светот што се бават со мисионерска дејност каква што и има заедницата на слободен софтвер. Пропагираат за нивните идеи и ставови преку литература. Овој пат се работи за вистинска локализација која ги носи стручните дела до крајниот корисник, на јазик разбирлив за нив, во нашиот случај македонскиот.

Македонија е сиромашна со дела за Информатичката технологија. Проблемот лежи во коренот. Сакаме да се образуваме но немаме литература. Знаеме англиски јазик, а не преведуваме. Знаењето на англиски јазик ни помага да учиме преку Мрежата, но колку тоа би им било од корист на крајните корисници кои не го разбираат тој јазик. Има такви, да, па и да нема, сигурно добро преведена материја би била поприфатлива за корисници oтколку материја на туѓ јазик која ќе ја чита на компјутер.

Што се е потребно за да се преведе едно дело, освен дозвола од носителот на авторските права (најчесто куќата што ги откупила), лектор, и сл. ? Зошто да не почнеме да преведуваме книги? Но не како што преведуваме софтвер, 1000 стрингови за 2 месеци, туку вистинско преведување. Со вистинско вложување средства и напор? Што би било кога би тргнале дел од заработувачката за таа цел? Ќе добиеме многу, верувајте, тоа е веќе испробано и функционира.

Next Page »