Archive for August, 2006
Gaim и SSL поддршка
Стандардно, пакетот на GAIM за Slackware нема поддршка за SSL енкрипција. Потребно е за MSN и GTalk сметки.
# su
# echo /usr/lib/firefox >> /etc/ld.so.conf
# ldconfig
Tолку.
П.С. Да пак се вратив на Слек. Врти сучи, тоа ти е Slackware. 11ка…мњам мњам!
Видете шо имам
Кој сака лепенка од Лугола, нека повели на низата настани што ќе ги организираме во месец септември како - Месец на GNU/Linux. Допринос и проденес иначе ни маичка нема ![]()
gemidjy rocks in the free world, dogh!
Не, се разбира дека не живееме во слободен свет кој ви дава право на избор. Живееме во свет во кој возрасните ги учат децата дека е попаметно да „кл*цкаат“ наместо да го усовршуваат англискиот јазик преку Poe или францускиот преку делата на Baudelaire (да, Бодлер). Живееме во свет во кој некои ситни фаци упорно докажуваат исти досадни факти кои веќе се толку клише што и не ме интересираат. Факти зад луѓе што своето злоупотребено потомство го промовираат како „Дете на годината“, а сите знаеме која е нивната способност да го сменат пробушениот кондом во кој живееме. Ви дишам зад врат, верувајте!
Microsoft ги викна тимовите на Фајрфокс да соработуваат за да направат прелистувач со подобра поддршка за нивниот систем…како ли се викаше (заборавив од чекање)…Виста?
Аптека „Софора“, првата официјална аптека што користи слободен софтвер во целост за нивните сметачки потреби, почнува да работи со производи од позитивната листа на „Фондот за здравство“ (Ф.З.) на Република Македонија. Зошто ова ве интересира? Поради еден податок кој денеска искрено и мене ме израдува до степен што повторно ми се врати мотивот да работам на решението за фармацевтските установи, Amorphis. Следува мало интро. Пред некој месец ми беше кажано дека, установа, или поточно Аптека која работи со договор со Ф.З. треба да користи софтвер НАМЕТНАТ од самото Министерство за здравство на РМ. Така би се наметнало користење на неслободен софтвер не по желба на корисниците на услугите.
Денеска добив сосема контра вест. Од министерство му кажаа на брат ми дека впрочем тие даваат потреби кои една апликација/софтвер треба да ги задоволи за да се синхронизираат условите на Ф.З. и корисниците (Аптеките во случајов). Така, уште еднаш влегувам во таа вода, овојпат ќе трае пократко и ќе одиме со подобро решение за корисници во фармацевтските институции. Патем, каде е Нино/Никола Ванев? Ако го прочиташ ова, контактирај ме, би сакал да те прашам некои работи околу ова (технички).
Fscking m00d
Се чувствувам некако кисело. Не како јаболкова киселина, повеќе накај солна. Секоја постапка на луѓето околу ме нервира. Депримиран? Можеби! Но тоа ми ја убива желбата за работа и останување пред компјутер. На крајот на краиштата па и ништо не губам!
These wounds won’t seem to heal
This pain is just too real
There’s just too much that time cannot erase
Глупав дигитален свет!
Back to snivilization
Колку е одвратно да паднеш од коњ на магаре.
Неколку поуки од одморот:
1. Охриѓани се најглупавиот народ што живее во Македонија;
2. Горенаведениот субјект не заслужува толку убав град.
Добредојде на Јован (уште еден Луголаш, патем), на Планетава, и надоврзување со постот на Уфо за текстот во „24 часа - Компјутери“, да апла е дека е превод и дека веб страната на OpenSuSE не е www.openhouse.org туку www.opensuse.org, но сепак, добар обид да се презентира слободниот софтвер, со уште една лоша реализација. Тоа, од земја што го праќа Мартин Вучиќ на Евровизија не ни очекувам повеќе.
Има што да пишувам, се читаме деновиве, да се вратам во мрачниот свет на нехармонијата и страдтта.






