Archive for June, 2006

Коза

Козата дава млеко. Јас пијам млеко. Ама кравјо (мораше да има некаква врска со насловот кој ми текна).

Честито син на Владо. Голем да ти расти, не го прави шмеќер како тебе, тежок ќе му е животот со жениве кај нас ;) И се разбира, многу Linux и за него. Тоа спаѓа во домашно воспитување (ти знаеш повеќе него јас во секој случај).

Инсталирав Kubuntu на /dev/hda5. Не толку имресивно како што делува на прв поглед. Машала Ubuntu nа лаптопот тера како никој систем досега (пишував претходно). Slackware останува my weapon of choice! Имам информации за нови блогови ама се плашам дека ќе ме прогласите за нерелевантен :S

Вчера се договоривме јас С и В да правиме стикери за вегетаријанизам и да ги лепиме по главните месојадни станици во градов. Се повеќе и повеќе никнуваат.

Поздрав од тропската _иако_на_висока_НМВ_Битола;

Ubuntu related

Whooopsie!!

Џабе летоци

Денес беше напорен ден. Се обидувам да ги смирам страстите за пишување на блогов за да не ги малтретирам другите жители на планетава, но има некои работи кои ме фрустрираат и мора да ги споделам со вас. Иако ова што сега ќе го образложам нема голема поврзаност со IT, сепак, фино е да знаете каде живееме и што се се случува околу нас. Буквално околу нас.

Денес, по концертот на Симона (која прекрасно испеа), отидовме во паркот кај градскиот часовник (за битолчани „в парк“). Дојде едно мало детуле од ромска националност. Ни даде флаер од „ВМРО НП“. Потоа ни побара пари за храна. Му реков „Дај ми ги сите флаери и ќе ти дадам 10 денари“. 10 денари не се ништо. Ги откажав цигарите, заштедата е поголема. Ми ги даде. Симона ги зеде и ги фрли веднаш во корпа.

Дојде неговата сестричка и почнаа да кажуваат како некои политички обоени дегени им дале еден топ летоци за да ги делат на луѓето, а како возврат добиле: „Па радувајте се, шарени се..“. Со Симона му го понудивме ова: На девојчето и претходно споменатото момче (и двете деца до 7 години најмногу), да им купиме јадење, а тие нас да ни ги дадат летоците со кои беше злоупотребена нивната детска наивност. Трошокот изнесуваше 40 денари. Уништивме ~50 флаери, пропаганден материјал во рацете на децата кои, како што забележувате, многу повеќе сакаат Геврек и Кокта отколку да изиграваат будали на некоја вистинска будала со квази цели во животот, кој своите деца ги носи во амбис.

Штета што истите тие не знаат ништо повеќе од добра техника на цицање пендраци и лижење ропаци. Се надеваат на поголема нива по изборите или побрзо Порше со кое младите фуфици ќе ги туркаат на газ. Се лажат.

Препорака: Ако забележите деца да шират пропаганден материјал за политички цели, нукирајте го процесот, веднаш! Децата не знаат дека се повредени, тоа им го одзема нивното невино право да си ги бркаат своите детски работи!

Жиците што живот значат

Конечно. По којзнае-колку месечно натегање, штедење и нерви собрав пари. Веќе е моја. Засекогаш ќе остане. Мојата втора Гитара. Моето омилено хоби, моето омилено тепање време, со надеж за нови песни и доучување на нови техники во свирењето. Рекомпајлирање…вон тема.

Клипови за на маса

Светот го има Бил Гејтс. Ропак и мрсул со патентирано-лиценцирана зачиментирано-прицврстена гнасотија и можност за зараза на други живи единки околу него.Ние го имаме Гагоски.

Светот го има Стив Балмер. Глупак шо нема никаква врска од животот. Lamer в корен! А Богами и ЛУДАК!
Ние го имаме Ситник (ист опис како _читај погоре_).

Америка го има Буш. Гледајте ги филмовите на г-дин. г-дин Michael Moore и ќе знаете кој е.

Ние допрва ќе гледаме пародии од животот на амебите, волвоксите и со тие испод нивната мозочна големина и кои одлучуваат во името на народот преку педерски договори со фирми од линијата на Microsoft. Ние допрва ќе страдаме од не’напнувањето на гласните жици и молкум цицајќи го змиското млеко на тие со кои се чукате в гради пред изборите, надевајќи се на фотелја по изборите. Не заборавајте каде одиме, а каде сакавме да сме.

P.S.
Си ојде уште еден педер. 

SCO купува пелени

Добро бе, што се случува со светов? Очајно треба диктатор. Очајно. Макар и да не се користат компјуери повеќе. Треба стап, електрични столици и многу пинцети за кубење нокти.

Да не бил некој од SCO во Македонија скоро? Некако сето ова ми заличи на македонскиот менталитет да се лижи каде што се плука. SCO ќе ваделе Linux базиран систем. Што е следно? Ситник ќе тропни уште нешто од типот „Windows има Firewall, а Linux има кернел“…и ќе инсталира Ubuntu?

Можеби, можеби…

P.S.

Патем, Steven J. Vaughan-Nichols е закон бе!!

Ливингстон зад решетки

Илијанчо советува (стара вест):

Не дозволувајте иднината да Ви се случува сама туку преземете ја одговорноста за она што Ве чека утре. Успехот не доаѓа, туку мора секој да го најде - во себе. Повремено читање на Галебот, на Џонатан Ливингстон е добро за инспирација и потсетување колку е тешко и вредно одвојувањето од јатото.

Александар коментира:

Па добро бе г-дине Гаговски, кај курац го најде Ливингстон сега да го споменеш и да ме испровоцираш. Сосема случајно го најдов овој артикал од Вест, па сега да ја направиме аналогијата.

Џонатан Ливингстон се оддвои од јатото поради тоа што го сметаа за различен од другите. Поради тоа што не се покори на зборовите на главниот педер. Откако Ливингстон замина од јатото, сите почнаа да одат кај него. Ливингстон беше носител на револуција во делото. Ливингстон беше носител на слободата. Ливингстон беше слободата, кој курац ти го живееш твојот затвор со челични решетки и го споменуваш Ливингстон, како крадец осуден на робија во самица на кого му дозволиле да ја чита оваа малечка и прекрасна книга. Јас сум Ливингстон, ти си Пепе (што ги сака бисерите).
Земи читај „Капиталот“ таму, не се брукај со твоите кретенски компарации. Те молам!

Начин на известување – моќта на Видеото


Во светот Видео материјалите презентирани на главната медиумска мрежа го губат шмекот и целта на нивната намена. Конкретно, ви се презентира дека некој пендрак удрил човек по глава, му ја дупнал главата, после тоа даваат кадар од тоа како Бранко отишол да положи цвеќе на споменикот на жртвите од паѓањето на балконот на една двокатница во Папуа Нова Гвинеја во 1920г., при што два жители на градот Муараха биле сериозно повредени. Така граѓанинот го заборава пендракот по глава, се концентрира на лошата политика на претседателот. Почнува да пцуе, да се расправа со околината за тоа како „тој“ му скинал 8% од неговата пензија.

Заврши караванот на Уметност и активизам во Битола. Ако ја занемариме големата желба и ентузијазмот со кој се тргна кон земањето дел во овој караван тогаш остануваат прашања во однос на организацијата на караванот, работилниците и нештата што требаше да пополнат време и простор, а не се случија. Лугола допринесе во реализацијата на Видео работилницата. Преку сугерирање на простор за одржување па се до координирање на двете страни во работилницата – менторите и „работниците“. Околу 5 странски државјани од движењето за слободни медиуми (Indymedia, Undercurrents, Karahaber, итн.), дознаа за Лугола.

Презентации

Договорот беше да се направи веб страна за Форум на млади, а за возврат да добиеме простор за презентирање на нашите идеи, цели и заложби. Да го презентираме слободниот софтвер, заедницата во Македонија, како и филмот Elephant’s Dream – првиот 3D филм работен со слободен софтвер. Нашиот дел од договорот беше реализиран за нецели 3 дена. Нивниот сеуште не е (иако проектот заврши). Лугола беше маргинализирана и прифатена како „калфа“ на овој настан. Лугола е многу повеќе од тоа. Тие презентации ќе значеа многу за нас. Штета, лошо искуство со уште една НВО. Горди сме што не сме НВО, многу погорди што не сме политички обоени.

Слободниот софтвер и медиумската покриеност

Се враќаме на идејата за Видеото и слободниот софтвер. Кога беше последен пат да кажат нешто за слободен софтвер? А да, Гоце и Ирена испаднаа супер дечки. Поубави зборови немам слушнато од ниту еден медиумски избор, а поврзано со движењето на слободен софтвер. Секоја чест, Inboxдневна информатичка доза – само напред. Иако надежта за соработка останува и понатаму, дали сте размислиле која е доблеста во снимањето и обработката на кратки (~5мин) филмчиња за слободниот софтвер, лиценцирање под Creative Commons или некоја друга GPL компатибилна лиценца? Тоа што впрочем сега го научивме (5-6 членови од Лугола) е дека Видео материјалите се многу моќна алатка за ширењето на идејата што некој би ја имал. Искуството што го стекнавме за добивањето на материјалите и нивната обработка може да се искористи за било кој аспект од животот, тоа што сакаме да го кажеме. Јас конкретно би работел врз Видео за слободниот софтвер, целосно слободно Видео, работено од членови на групата.

Дали има влијание Видео покриеноста врз мислењето на граѓаните?

Јас сум обичен граѓанин. Кога ги видов видеата од Женова, а напрaвени од организацијата Undercurrents и слично, ги видов антипацифистичките пендраци кои удираат по телата на невините протестанти, оние кои сакаат да изменат нешто во општеството. Имај долга коса, за некој да те исстрижи бидејќи не му се допаѓаш, или имај кратка коса и ставај маска со вештачка насмевка секое сабајле пред работа, мислејќи дека голема нужда се врши преку устата наместо преку задникот.

Па така го добив вистинското, многу блиско видување на тоа што се случувало во Женева на самитот на G8. Која е придобивката од тоа што некој со камера во рацете трчал по лудата полиција која ја убиваше вистината? ~17 суспендирани полицајци, ~15 полицајци на суд, исплаќање оштета, привлекување на вниманието на G8-педерите дека во светот нешто е труло и не чини.

Тоа беше 2-5 минутно видео. Слободниот софтвер е многу понасочена и помалку агресивна тема. Видеото може да влијае врз обичниот гледач. Идејата да се направи такво видео е тука. Вие би биле тие што ќе давате интервјуа, а нашата заедница што ќе се обиде да го обработи тоа.

Идеи мислења и комплекси со кои се соочуваме

Многу лидери на невладини организации се појавија во Видео работилницата. Пред се, се направија познанства кои ќе ги искористиме за понатамошна соработка на полето на невладиниот сектор, здруженија од рангот на Лугола како и дебати со квази-носителите на новитети во Битола – невладини како МКЦ, Граѓанска Асоцијација и сл.

Идеите кои произлегоа на работилницата се движеа од аргонација па се до тотално слепило. Беа дискутирани теми од типот „Абе ајде, на Linux не може да се уредуваат мултимедијални материјали!“. Потоа следуваше надворешниот, 280 гигабајтен тврд диск кој не работеше на Windows – немаше драјвери – а Slax го пронајде без проблем, па и праша „што со него?“. Потоа следуваше констатацијата на Hamish Campbell (ментор во Видео работилницата), дека цел материјал на страните на Indymedia е слободен, и дека во целост го поддржува движењето за слободен софтвер и неговата заедница. Повеќе околу тоа што и како е Linux не се продискутира. Па и кога им ја споменав и прикажав клипови од Diva, абе то беше…….крај!

Од цинизмот со кој се соочивме најјако беше тоа.. „ти колку банани јаде од сабајле?“ на што следуваше понуда за покор и купување на банани на ~30тина годишното бебе во работилницата. Повеќе не ми прозборе. Чудно, некогаш знаам да сум голем циник.

Мој удел во политиката

Бучко го тупи. Никола уште повеќе…сите за в логор. Бучко ќе изгуби во секој случај. Каде е оној дебелиот да извади уште некоја милијарда?

Ubuntu на лаптопот

Ubuntu Dapper е коска. Зошто го користам на лаптопот? Затоа што само на убунту имам 3Д акцелерација, затоа што менџаментот на енергија е совршено добар (не знам што е различно впрочем), затоа што сега батеријата ми трае 1 час, верувале или не. Затоа што конечно Убунту е добар десктоп систем на кој може да се работи без проблем, да патувам со лаптопот и притоа да имам брзина, батерија и ефикасност. Сите треба еден по еден да одиме и да му ги измиеме стапалата на Mark Shuttleworth.

Хераклеа – крајот го граси нештото

Најјака е Замира нема што. До Хераклеа ја доведовме. Тоа е едно мало девојче со турска националност, многу интелигентно и прав пејн ин ди ес, но ми вети дека никогаш нема да ме заборави, другарчиња.

Тони таканаречениот Нинџа е прав кретен. Тој го имаше донесено озвучувањето. Најмногу ме изнервира тоа што Лугола и на овој настан беше сметана како резервен играч. Ако почнам да набројувам некои работи може да помислите дека сум ситничар, но впрочем ситниците ме нервираат многу повеќе за разлика од некоја крупна глупост.

Пееја Another bloody day – дерењето беше понаштимано од нормалното пеење – фалшери, потоа пееја …којзнае… од Охрид, тогаш си отидов.

Караванот на уметност и активизам од Битола според мене е 50% неуспешен. За тоа може да потврди секој кој барем малку се разбира од организација. Начинот на спонтано организирање на настанот е навистина умешност. Јас лично кога организираме некои работи со Лугола, речиси и да не спијам. Но начинот на спонтана неорганизираност е умешност во погрешен правец. И да не испадне дека уште еднаш ја потврдувам моќта на битолчани да серат и ништо не прават, ви ветувам дека сето ова ќе се обидам да му го кажам на организаторот, со кој имавме договор, се надевам нема да бидам погрешно разбран.

Голем поздрав до: Дими, Баже, Томе, Јован = се покажаа како прави момци во право време. Поздрав до Виктор шо неумешно се извлече од обврските кои ги договаравме 2 недели уназад (го најдов, учи).

Ставам цитат од Г-дин Marcus Garvey:

If you cannot do it, if you are not prepared to do it…then you will die.
You race of cowards, you race of imbosiles, you race of good for nothings,
if you cannot do what other men have done, what other nations have done,
what other races have done, then you yourself shall die.

Анархија, all over Битолска чаршија

Е оваа недела ќе биде онака бунтовна. Во Битола гостуваат Rebel Clown Army. Се карактеризираат со тоа што „регрутираат“ членови, ги обучуваат да бидат кловнови на бунтот, и одат по улиците на градот (во случајов Широк Сокак), и задеваат административци, прикажуваат анархија на мирен и шеговит начин и преку тоа искажуваат несогласување со досегашните глобализациски насоки на светов.

Покрај тоа ќе има гостување и на Rytham of Ressistance - самба денсери нешто слично како кловновиве со таа разлика што тие постојано играат Самба :)

Видео Арт работилницата ќе биде отворена за Лугола. Ќе се презентираме ние, движењето за слободен софтвер во светот и Македонија, GNU/Linux, и ќе го презентираме новитетот Elephants Dream со што ќе го потенцираме Видео потенцијалот на слободниот софтвер.

Во Битола ќе има движење. Се надевам ќе биде забавно. Еве јавно сите Битолчани ги поканувам да бидат дел од настанот, Хераклеа, ваму, таму, видете на оваа страна.

LSD - Linux Seems Dominion

Додека сите се прашуваме како стоиме со светскиот серверски статус, т.е. кој доминира и што повеќе е користено, еден аспект кој сите го очекувавме како официјален проект на некоја голема коорпорација или фондација се пробива толку брзо што речиси и да нема ден да не се случи нешто. Пример, моите омилени портали доколку во рок од 10 минути не објават нова вест, веќе ми стануваат досадни. Тоа покажува дека секогаш има ново, ново и ново нешто во светот на слободниот софтвер. Споменатиот аспект од гранката на слободниот софтвер е Desktop Linux - GNU/Linux за крајните корисници.

Читајќи го синопсисот на GNU/Linux имав дежаву дека пак го читам истото, можеби го читав минатата година или пред тоа, но во секој случај беше добредојдено потсетување што впрочем во IT светот се случуваше последниве години, а од страната на слободниот софтвер или конкретно Linux. Добив претстава дека сето тоа што се случувало било неверојатно добро искуство за секој кој живеел низ тој период. Јас користам GNU/Linux веќе 6та година, а веќе 4та немам Windows. Тоа кажува дека јас не живеев во времето на ренесансата на слободниот софтвер во светот. Но живеам во времето на ренесансата на слободниот софтвер во Македонија, покажувајќи и докажувајќи по милионити пат дека тоа што јас го користам од секоја гледна точка е подобро него глобализациските решенија, условени со монопол.

GNU/Linux се развива претерано брзо. Ако земеме во предвид дека зад ова движење нема тешка пара како кај другите гигантски компании (MS, Apple), тогаш тоа што се има случено во текот на последните 15 години е навистина нешто. И ако земеме во предвид дека само 60% од целокупната Desktop слика на GNU/Linux се случи само во последниве 4-5 години, тогаш се враќаме пак на констатацијата дека GNU/Linux се развива претерано брзо.

Излезе Kubuntu/Ubuntu Dapper Drake 6.06, за кој сите пишуваат од убаво поубаво, излезе SuSE 10.1 исто така прекрасни прегледи по светските портали. Google го портира својот софтвер и за Linux платформи, Dell гледа интереси во своите индустриски стандарди кон GNU/Linux, се спрема KDE 4.0, па ако го спомнам и XGL ќе морам да завршам. Така е, крај.

2006 - година на GNU/Linux Desktop - линукс за сите!

Next Page »